Ќе се надоврзам и јас,во ладна вода ставам палента помалку па чекам да зоврие па после гледам ако треба малку ќе притурам и таман доаѓа
Исклучиво вака ја правам, покремаста ми доаѓа. Правев и со зовриена вода, ама како да не ми е убаво сварена, башка ако не мешам брзо, одма грутки се прават.
Епа дека не секогаш ми се погаѓа затоа прашав баш ако не се меша брзо се прават грутки, или загорува ако е помалку вода, или излага сува, ама ете за се си има финта, баш ќе пробам. Фала
И односот на вода и палента е битен, ама зависи и од палентата, не се сите исти. Мене најубава ми е на Дивела или на Др.Еткер, онаа класичната ми е тешка некако, не ми се вари убаво или треба повеќе вода.
Мене ова белото на првата слика ми личи на белки, т.е мини Павлова торта. Не е ова фил за мафини. Цврст фил ми излегува и од пудинг најбрзо. 1 пудинг варам во 250мл млеко, значи на пола течноста од тоа што е пишано на кутија. Настрана ставам кристал маргарин со шеќер во прав, кога ќе стане пенесто, додавам пудингот. Мешам со миксер малку да се спои. За посна варијанта имам варено пудинг од ванила, во било каков густи сок, зависи каков вкус сакам да постигнам. Ќе ја означам и @Anika55 , за повеќе идеи и искуство.
Не, сакам сега да пробам за Велгиден. Да, мислам дека е мини Павлова. Ги видов на страната на моцарт, мислам и тагот дека им беше мини павлов. Ама и на другите, тие чоколадните пак филот е така убав, поцврст. Сакам да постигнам баш како на сликата, да не е воздушен шлаг кој ќе спласне туку сакам да има структура, така да стои. Доколку имате повеќе идеи испратете, ќе ја пробам и таа со пудингот.
Јас правам со шлаг-крем во него ставам 60 мл млеко, не 150 мл како што пишува. Матам со миксер 10 минути и добивам многу цврст шлаг. Спојлер: Шлаг
Веројатно се снајде веќе, најлесно со желатин можеш. Евентуално да додадеш во филот нешто мелено од типот бисквити, плазма, кокос, во зависност што е составот на тортата. Друго што би згуснало е изматен путер, хопла исто може ама не очекувај нешто премногу.