Јас имам на Тефал. Од 1кг.е мојот. Задоволна сум. Одкако го купувме се во него печеме леб. Тесто за пици..и др.видови теста.
Има едно темно чоколадо во кам, не знам како се викаше, одамна немам земено, ама тоа е, нема друхо темно во кам. Го топам на пареа со малку млеко, преубав крем се прави.
На ова мислиш изгледа Го има уште. Тоа погоре исто го има во КАМ, ама не е како ова, ова е со помал процент на какао, да не кажам какао шеќерна табла со помалку шеќер, а тоа другото што го стави членката е баш црно чоколадо.
Имам многу Аронија знам дека е здрава и не сакам само така да ми стои замрзната...за што можам да ја искористам?
И јас имав 2 големи најлони лани, освен за смути по неколку зрнца, за ништо друго не ја искористив Мислам дека може некој сок да се направи, како за растворање, побарај на yt, или прашај го chat gpt
Јас еднаш пробав да направам мармалад, арно ама за кратко мувлоса, сака ептен шеќер бидејќи е покисела. Што и да се прави (сок, мармалад, џем итн) мислам дека ќе мора да се стави убава количина на шеќер за да стои.
Можеш да ја исушиш и да ја додаваш дехидрирана од сабајле за со мусли.. Евентуално сок или џем, ама треба да додаваш шеќер, што не е баш здраво.. Можеш мафини да правиш со неа, чизкејк, во смути да ја додаваш..
Јас сум правела со сода на ист начин како со квасец - кога сум немала квасец и наместо него сум ставала 1 лажичка сода. Исто како секоја погача, замеси со топла вода, зависи дали сакаш посна со масло или без, малку шеќер, малку сол. Арно ама, со сода мене ич не ми се вкусни работите, што и да сум правела, дали леб, торта, проја и сл., некако го осеќам вкусот на содата.
Не сум пробала вакви тестенини, ама ќе ти споделам рецепт за сос за тестенини што го смислив користејќи сѐ што имам преостанато во фрижидер. Една тиквичка на коцкички исецкана и една пиперка се пржат на тивко на една лажица маслиново. После патлижан олупен исецкан се додава да издинста. Се додава од водата ви која вареле тестенините и на крај околу 100 грама сирен намаз. Јас сирко ставам од шабац највуксно ми иде. Можеш и лук, и путер по желба. Ептен кремасто и интересно.
Ги спремам исто како обичните тестенини, не се ништо поинакви на вкус, боите што се ставени се прехранбени бои, не дека се од спанаќ или цвекло тестенините. Вака обоени се поинтересни за деца, а вкусот им е истиот.
Афионот што го има во секој маркет се рачуна за мелен? Сакам да направам тестенини со афион ко шо праеше баба ми, па гледам во рецептот стои мелен афион. Знае некој?