Можам ли да направам раванија ама без миксер? Ги имам сите потребни состојки за неа, ама миксер немам моментално. Секој рецепт што го најдов на гугл е опишан како "пенасто да се изматат јајцата со миксер". Имам само ваква маталка:
Може и рачно да се изматат, ама ќе ти треба многу време, оти не ги матиш како за кајгана, туку треба да се стопи шеќерот и да добиеш светложолта воздушеста смеса, односно количината на јајцата да се зголеми двојно, тројно па и повеќе, да добиеш сунѓереста леплива смеса.
Дали некој знае како се прави домашен путер, со какво млеко или неутрална павлака? Бидејќи лак нас нема неутрална павлака со над 30% масленост како што се сите рецепти за путер.
Сакам испробан рецепт за банана лебче. Последен пат кога правев беше безвеза. По можност и слика сакам. Фала
Луѓе дај жити се кажете ми дали на некој некогаш нешто му успеало со сув квасец… т.е. дали тестото ви нараснува како што треба… Кога правам со свеж квасец немам мака ама до сега 2-3 пати се што имам правено со сув на Dolcela не ми стасува тестото. Внимавам млекото да не ми е врело, обраќам внимание да не ми дојде квасецот директно у контакт со сол, рокови проверувам и пак ништо…
Истото ми се има случено барем 2 пати со долчела. Од тогаш строго др.еткер земам или зика мислам се викаше другиот. Гледај прво да го измешаш со течност (вода или млеко) и малку шеќер или мед, остави го да се активира најмалку 10 минути пред да го измешаш со брашното. Ако не се активира, подобро фрли и почни отпочеток, зашто нема да биде успешно. Понекогаш може да се расипе иако не му е поминат рокот, не знам како и зашто.
Се правам со сув квасец,ниту го стасувам посебно ниту после чекам да стаса. Провери рок и 1 пакетче на 800гр.брашно.
Луѓе очајно ми треба помош Правев баклава, но шербетот ми дојде многу густ и сега баклавата ми е сува. Можам некако да ја поправам или толку од неа?
@IRBBB Ако шербетот е густ, следниот ден треба целото да е зашеќерено и во тој случај не можеш нешто да направиш Но, ако баклавата е сува, а шербетот отишол дното и притоа истиот не е зашеќерен, можеш да го прецедиш и изваден така, да го разредиш со вода, а потоа пак да го додадеш. Шербетот треба да се додаде врел и потоа баклавата да ја покриеш со влажна крпа, за да насекаде рамномерно отиде шербетот