Не беше зашеќерено, ниту пак имаше на дното доволно за да соберам. Направив нов шербет поредок и ја попарив, среќа па ја оправив, омекна.
И јас вака кога прам со сув. И баш овој од сликата го користам. Зико сув квасец, дирек во тестото го мешам.
Што спремате за кога ќе ви дојдат гости пример навечер? Ние дека сега тазе преселени во нов стан, ќе доаѓаат гости па сакам да се припремам. Јас многу сакам да испробувам нови рецепти и да готвам, особено затоа што до сега немав многу голема желба под кирија кога живеевме, сега во новата кујна ептен со мерак си готвам. Сакав да направам Божиќни колачиња, мислев да направам салатка со макарони, павлака, шунка, кашкавалче, нешто мезе, ама дали тоа ќе биде доволно или да испечеме и месо? Давајте идеи што е можно повеќе ќе имам сигурно гости постојано сега
Можеш кифли , мајонез салата ,салата со макарони ,пилешка салата ,витаминска салата,нешто поховано,скара или печено месо.Се зависи од вкус и кој што јаде.
Предложете ми ладно цедено маслиново масло. Претходно го купував ова од Кам, но повеќе го нема. Имаат друго, но не ми се допаѓа, има јак мирис. Дали ова го има по други маркети?
Како правилно можам да направам чипс од тортиљи? Еднаш ги испржив, заби ќе скршев. После тоа во ерфраер ги ставив, вилицата ми се искриви од гризање, и трета мајка, ве прашувам вас.
Ве молам за помош, ми треба проверен и испробан рецепт за лепче со паричка. До сега правев гибаница пошто паричка вртевме на Василица со мојата фамилија, но годинава со маж ми прв пат заедно ќе вртиме на Бадник па сакам да направам лепче место да купувам готово (мн често читам коментари дека купечките се без паричка). Tnx
Јас правам по рецептот на kokarche, го има кај неа на Инстаграм во хајлајтс. Супер испаѓа, нема утка со нејзините рецепти.
@theowndemon ,ќе те означам тука, кога ќе си во можност дали може неколку идеи за finger food, посни/вегански, да споделиш? За прослава што би можела да искористам. Фала
Не знам дали спаѓат во finger food ама така за прослави/ собиранки јас прам брускети (багет + доматен сос + кашкавал обично ставам млечен ама има и добри посни и печам, и после ставам посно песто, од Стокомак е и е одлично, и малку свеж домат од горе), исто хумус со прилог сецкан зеленчук и крекери ми се така go to. Имам месено како тесто со колбасица (јас ги јадам само Вердино колбасиците оти сум терсене) и сечиш на кругчиња bite-size. Имаш исто од Вердино (мене game changer ми се од ко почнаа и на наш пазар да ги носат, ептен верна им сум) готови производи како ќофтиња и фалафел, само ги загреваш и толку, скроз одат како за мезе. Друго вака не ми текнува, ама ако ми притекни ќе те означам. Ама за скоро се има веган замена и на наш пазар сега така да мислам дека има многу опции. Ако имаш нешто мрсно на ум, кажи ми па ќе видам дали знам за некоја соодветна замена кај нас. Едино јогурт и јајца шо немат замена на наш пазар (за сега), на друго место и то има. Исто уште сувомеснато немат донесено, а имам јадено Србија или Хрватска, не памтам точно. Сакам да кажам, има, само кај нас нема.
Фала за идеите, таман е Веројатно плус нешто со полнети печурки ќе се обидам да направам, салати, макар што гостите не ми се фан на туна/морско, така да тоа отпаѓа. Па ќе бидат салати, зеленчуци повеќе. @theowndemon