Многу е важно тестото да си го замесиш меко, брашното нека е тип 400, јас земам било кое тип 400, квасецот е битен, млекото да не е прежешко, се си има свое, не игра голема улога ако добро ги замесиш.
Ми треба најдобриот рецепт за ракчиња. Еднаш направив по рецепт од Интернет ама не ми се допаднаа. Си имаат некој специфичен вкус, барем за мене, па можеби си има некоја финта со кој зачин или состојка се комбинираат најдобро.
Многу лимон, лукче исецкано на ситно, путер или маслиново. Од зачини ставам многу бибер, оригано, сол онака ко да не се без ич. Ги оставам да се динстаат додека скроз не им испари водата и чекам да добијат боја па ги тргам од оган. Можеш и да ги увалкаш во микс од презла и зачини, или пченкарно брашно и зачини и да ги испечеш, или да ги ставиш во air fryer. Ќе бидат вкусни и така, ама стави им многу лимон одозгора за да се неутрализира вкусот што ти смета.
Добар ден, каде може да најдам оризова хартија конкретно за вака украсена торта? Бидејќи не сум од Ск, па по можност по карго да нарачам? Ви благодарам
И јас би сакал да знам, но јас сакам да биде кисела и солена, да не е само солена. Ако има некој искуство нека пише.
Здраво сакам да направам дома Los Pollos Hermanos чикен бургерот што го прават во Baking Bread.. Дали знаете како ги прават бургер лепчињата, сосот и пилешкото
На ќерка ми за неколку дена и е роденден и сакам да ја направам реформ тортата и горе да ставам шлаг обоен. Дали треба со шлаг крема или со хопла? @Anika55 или некој шо се разбира во декорирање? Фала
Јас правам со шлак крем од ванила оти бел е и ставам прехранбена боја. Прав со шлак крем оти по цврст ми стои од хоплата.
Со млеко пишува на кесенцето ако сакаш да декорираш како шлак колку мл млеко да ставиш, а ако сакаш како фил мислам повеќе млеко беше. И матиш дури не стане цврсто, јас а обраќам ванглата на опко ако не паѓа значи изматено е. Дури матам ја додавам бојата.
Јас шлаг пена не користам воопшто, од овие две опции, хопла би одбрала. Шлагот се засушува по стоење во фрижидер, станува тегав, воопшто не ми се допаѓа. Лична преференца.