Јас сум лук-анти фан. Дали може на рецептава да се додаде босилок, копар или оригано? Кое оди поубаво со доматно пире?
Јас ја сечам кругови, ја валкам во пченкарно брашно со зачини, прскам со масло и ja печам во air fryer.
Мене највкусна ми е пржена валкана во брашно.. Сечеш на кругови, зависи која дебелина сакаш ако сакаш покрцкави потенки, јас обично тенки.. И после ги валкаш во брашно, најбрзо за да ги извалкаш ги ставаш исечените риби во ќеса, ставиш брашно колку мисли дека треба и сол, врзи ја убаво ќесата и заврти ја 2-3 пати. После пржи, најдобро во air fryer, или вклучи аспиратор на најсилно и отвори прозорци, бидејќи мириса доста кога се пржат..
Филети или обичен? Јас купувам филети, ама истава постапка може да функционира и со парчиња ослиќ. Правам смеса од брашно и зачини и си ја чувам во тегличка. Од око ми се мерките, ама како и да е, нема утка. 2-3 големи лажици пченкарно брашно, 2-3 големи лажици лебни трошки, лажиче оригано, лажиче вегета или некој друг мешан зачин, лук во прав (по вкус, јас ставам нешто помалку од лажиче), малку бибер, копар од око. Можеш да ставиш и од миксот зачини за таратур, мислам дека се викаше Прованса микс (од Кам го купувам, на Рајска градина е), ама тогаш помалку лук во прав стави затоа што во зачинов го има поприлично. Го мешам ова убаво и ми служи како смеса за валкање. Не мачкам јајце претходно, не ми се допаѓа така. Ги поминувам парчињата со малку маслиново (слободно може и без овој чекор, затоа што супер се лепат зачините и без тоа) или со четкичка им мачкам сок од лимон од двете страни и ги валкам убаво во смесата, ставам на хартија за печење и готови се за 20-тина минути отприлика, зависи од фурната. Превкусни се, фаќаат коричка и ептен ги сакам вака приготвени.
Како припремате пиле во рерна а да остане убаво и меко? До сега никако да го погодам,го печам заедно со компири па ми се суши целото дека подолго треба да се печи и на крај ми е баш суво и компирите за никаде
Го сечам и го "распостилам" на тавата, околу него компири, зеленчук, или ориз, што и да ставаш. Вака изгледа: Спојлер Ама премачкај ја кожата убаво со некој сос. Може и сенф со соја сос, но поубаво е со оние слатко-луто тип на сосови. Јас ставам слатко-луто, чили сосот од Кам, мислам дека се викаше Чилито. Некои зачини одозгора по избор и тоа е тоа. За саат и пол отприлика готово е, вака побрзо и поубаво се пече и не останува суво.
Како да се добие американски палачинки со кафеаво златна боја, ги правам ама никако така да испаднат. Мене и вака ми се вкусни ама сакам убаво да ми испаднат.