Денеска ја правев баш како што имаше пишано и испадна топ,мека и преубава од сега само така ќе ја правам
Zdravo dali nekoj ima aparat za mesenje leb na tefal? I dali znae dali moze da mi zamesi samo testo za kiflicki. Vakov kako na slikata, nemam prospekt bidejki mi e donesen od germanija.
Треба да се крчка на тивко подолго време, неколку часа можеби, за да се соединат состојките и вкусовите. Мене најчесто не ми се чека, ама го оставам да се крчка барем саат време сигурно. Додавам и малку целер, дава вкус, му дава некој kick на сосот. Инаку во меленото месо стандард - кромид и морков, сецкани на многу ситно. Сол, бибер, оригано и коријандер, тоа од зачини. Пропржувам за да омекне зеленчукот, па го додавам доматниот сос. Во него малку шеќер (на врв лажиче) за да му омекне вкусот и тоа отприлика. Некогаш се случило да ставам зеленчукова коцка супа, ама не ми менува нешто многу искрено, поубав е сосот само со зачините што ги додавам.
Кога ставате туршија? Гледам веќе се има, и повеќето имаат ставено ама нели е рано некако? Јас лани почеток на ноември ставив. Воедно па се мислам немој да снема краставички и карфиол. Барем до средина на октомври да почекам или касно ќе биде. Оваа година некако многу рано сите зимници. Свекрва ми во август правеше. Од времето како деца ние правевме средина и крај на октомври за на зима да се јаде. Сега испага на лето правиш за на есен да јадеш,а не како некогаш на есен правиш на зима да јадеш.
Јас само туршија во буре ставам, почеток на ноември најчесто. Оваа година нејќам да чекам ноември, порано ќе ја ставам.
Здраво на сите, сега доста актуелни се "течните белки" во тетра, ми требаат за торта, но се продаваат само 1.5кг.. дали некоја знае дали можам да ги замрзнам за наредна торта? На интернет пишува дека така може да се користат и до 6 месеци, но некоја да има искуство?
Не знам дали е тоа оригиналниот рецепт ама јас вака го правам Сецкам ситно кромид и лук.Додавам 2 рендани моркови..Се пропржува тоа и го додавам месото. По некое време додавам пола коцка од супа со малку вода,домати ако имам свежи ги бленидрам нив, ако немам додавам томатело доматен сос, и доматно пире за густина и боја. Зачини по вкус
Јас овие ги користам. Не се сушат, не се кинат, топ ми се. Е сеа состав не сум прочитала искрено. Ги наоѓам само во Жито маркет ама и таму се често солд аут.