Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Не :)
    Ако се извалкани во јајце и презла, тогаш мора да се пржат.Во спротивно на ништо нема да личат- презлата и јајцето во рерна ќе се подгорат, месото ќе се исуши и ќе бидат камен тврди.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elena6

    elena6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Знае некој да ми каже дали марципанот е посен или мрсен??
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    Марципанот се прави со бадеми, шеќер и белка од јајце, така што не е посен. Јас колку што знам, тоа е основниот рецепт. Ако има некоја модификација, нека сподели некој, слободно.

    Санфемина, мислам дека може да се печат. Има една смеса од Маги, пишува на пакувањето Хрскавци, се валкаат пилешките прсти во таа смеса и се печат во рерна. Не се исти како пржените, ама вкусни се, имам пробано неколку пати. Можеш да пробаш, само не ги печи на премногу висока температура.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.589
    Допаѓања:
    5.936
    женскии како да подготвам дроб само да не е дроб-сарма или пржен
     
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    500 грама дроб
    1 Црвен пипер
    малку Сол
    1 главица/и Кромид/а
    100 милилитри Доматно пире
    100 грама Брашно
    малку мала лажица Црн пипер

    Дробот исечкан на резанки се динста додека не омекне. Ситно исечканиот кромид се пропржува во масло. се додава брашно, црвен пипер, црн пипер и доматно пире.
    Се налева со топла вода, се меша и се додава приготвениот дроб. Сето тоа крчка на тивок оган додека сосот не згусне.
     
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Пред малку се јави тетка ми, ќе поминела а кафе, ама нели, кафето никогаш не се сведува само на кафе, размислував што да подготвам така набрзинка, што нема да ми одземе многу време, а сепак ќе биде вкусно и благо :) Ми текна на еден стар рецепт, што го подготвуваше мојата баба, а јас го јадев со сласт:

    ШНЕНОКЛИ

    1л млеко
    6 јајца
    6 лажици шеќер
    1 лажица густин
    ванилин шеќер

    Време на приготвување 30 мин.
    Начин на приготвување:
    Млекото се става во длабок сад на оган додека не се загрее убаво. Од јајцата се одделуват жолчките од белките. Белките се ставаат во сад за матење и се матат со миксер се додека не се добие цвртса бела смеса. А потоа, со лажица се зема дел малку по малку од смесата и се пушта во зовриеното млеко да се вари. Се добиваат еден вид кнедли кои кратко се варат, најмногу 1 минута, првин од едната, а потоа се превртуваат од другата страна и потоа се вадат и се ставаат во садот за сервирање, кој треба да е голем и длабок. Откако ќе се сварат белките, започнува приготвувањето на жолтиот крем. Жолтките од јајцата се матат со 6 големи лажици шеќер, 1 лажица густин и малку ладно млеко (како за подготовка на пудинг), а во зовриеното млеко се додава ванилиниот шеќер. Смесата со жолтките се додава во зовриеното млеко и се меша, се додека кремот не се згусне. Откако кремот ќе стане густ, се сипува врз претходно сварените кнедли од белки во садот за сервирање.

    Рецептов трпи многу модификации. Врз шненоклите може да се стави прелив од карамел или чоколадо или да се посоли со цимет, мелени ореви, мелени бисквити и сл. Дури во жолтиот фил може да се наренда кора од лимон или портокал заради подобар вкус. Некогаш во нив ставам и цели бисквити или пишкоти, некогаш ресана, зависи што ќе најдам по дома. Дури може да се направи и микс од повеќе намирници што одат во комбинација. Како и да е, превкусни се и моето семејсто ги обожава. Топло ви ги препорачувам.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6564.jpg
      IMG_6564.jpg
      Големина на фајлот:
      83,9 KB
      Прегледи:
      298
    На Ariel, irenna и Annath им се допаѓа ова.
  7. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Mи треба одговор на едно можеби :$ глупаво прашање ,значи сакам да правам стек со кари и со хопла за готвење,но никогаш ништо не сум готвела со таква хопла и незнам како да ја ставам дали така дирекно од пакувањето или трба нешто да и се направи претходно
     
  8. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Јас кога правам пилешко во кари сос (што претпоставувам и ти тоа ќе го правиш) купувам павлака за готвење и ја растварам во малку млеко поштоо е погуста а за хопла незнам не сум користела тоа со павлака е повкусно мислам.
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Јас директно ја ставам. Значи ќе го запржиш пилешкото и тек на крајот ќе ја сипеш хоплата (таа без шеќер нели). И си ставаш лажиче кари зачин, мешаш малце да се прокрчка и готово :) Барем јас вака имам правено :angel:
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Па и јас го правам вака само користам павлака за готвење.
     
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Павлака за готвење и хопла е едно исто чинам....
    Хопла е име на една од павлаките за готвење ;)
     
  12. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Не не јас оваа што ја купувам е жолта не и го знам името ама каде каде е погуста од хоплата!
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    И јас мислам дека е исто :) Хопла, Халта, Саниа...имиња на фирми, иначе производот е ист, солена и блага павлака за готвење :^) На овие без шеќер на амбалажата има слики со тестенини обично :)
     
  14. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Еее Халта се вика и на неа има тестенини и погуста е така да јас ја растварам со малку млеко.
     
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    ^ Нема врска марката и бојата на опаковката, ние дома и Саниа,и Халта и Хопла сме ги земале и не сум приметила разлика. И со двете ќе го добиеш оној кремаст вкус.

    Месото (по можност да не е саламурено, бидејки е многу солено така) на парченца со средна големина го пропжуваш на тивко, додека фати боја.
    Ја ставаш цела хопла, ние не ја мешаме со млеко, туку директно цела, се додава кари, бибер, можеби малку сол и се остава да прокрчка уште некоја минута.
    Некогаш ако е за послужување, мајками го претура во земјени тави или во некои подекоративни и го запекува во рерна колку да фати коричка.

    Во било кој случај, според мене како дегустатор, важно е да е тазе и топло. Ако остане неколку часа или ако остане за друг ден веќе губи од убавина и вкус, и станува тешко за јадење.
    Барем според мене. :)
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Иде во комбинација со леќа за ручек и јогурт? Кога јадете леќа со што ја комбинирате?

    Инаку леќата јас ја правам со масло,запржен кромид,вода,парчиња кисела зелка,леќа,1-2 компира,сол,мелен бибер и вегета..Не е гола вода,компирот и зелката си завршуваат работа.И убава е. :)
     
  17. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    покрај цената на павлаките друга разлика им е тоа што поефтините во составот немаат млечна маст ( путер) имаат растителни масла, а поскапите се со млечна маст и барем мене ми се повкусни, една ја семам од хрватска фирма е и се вика МУ, а иначе истата функција ја имаат и двете
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    За нас леќата ја правам вака: динстам на вода малку сечкан кромид, две-три чешниња лук и рендан цел морков. Потоа ја додавам леќата и ја динстам и неа, зачинувам малку со К+ зачинот од храна и вино, додавам малку куркума или кари, и на крај вода, па оставам да се крчка. Кога ќе се свари, ја пасирам леќата и добивам густа чорба од леќа. Некогаш само ја потпекувам во рерна и тогаш на синко му ја давам да ја јаде со кисело млеко, така ја сака повеќе.
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Леќа и јогурт не оди заедно.

    Вака ја правам леќата: сецкам кромид и морков, ги ставам во тенџере заедно со леќата со многу малку вода да се вари.
    (Ако ставам кромид, не ставам лук и обратно).
    По желба доколку имам, ставам на крајот (2-3 мин. пред да го тргнам од оган) сецкан спанаќ, многу малку. Спанаќот прави чудо во леќата, многу е вкусно.

    На крајот ставам малку путер, сол и црн пипер.

    Не ставам масло, не го пржам на масло, не ставам запршка. Вака изгледа многу едноставно, ама е превкусно и поздраво. :)
     
    На babymama и lilili им се допаѓа ова.
  20. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.047
    Ѓумбирот во прав како се користи во чај? Т.е дали е потребно да се исцеди или се пие така ?