Незнам дали прашањето ми е соодветно со темата дали може некој да ми предложи некои јадења така полесни за готвење Спојлер (освен грашок,грав,тестенини ) ?
Девојки за првпат купив fish fingers т.е рибини прсти де. Е сега, прашањето ми е како да ги приготвам, ако некоја од вас знае некој интересен рецепт набрзинка да ми каже, што да додадам, како се највкусни. Никогаш не сум правела
Ги пржиш во масло, или уште поубаво во релна, на намрсено плехче. Јас не јадам риба, ама дома ги јадат најчесто со додаток компири или тарата сос.
Да не ве цитирам сите, ама варете ги на најјако и мешајте. Ако ги ставате на послаб оган стануваат како пире. Сфатив откако пробав да варам макарони на ќумбе и оганот не беше јак, па се се излепи и нема никаква форма, се распаднаа. А истите макарони на рингла се топ. Идентично ставено сол и зејтин
Да додадам во водата каде што се варат макароните најдобро е да се стави 1 лажица едра морска сол без зејтин,а додека потоа во сосовите спремани за нив не дотурајте сол само малку пармезан, И секако многу зависи од макароните и на што се варат и секогаш ставаје ги да се варат кога водата ќе почне да врие.
девојки што да послужам со пирошки ,какви комбинации сте правеле вие? урнебес салата ми е во план.добредојдена е секоја идеа
^ Според мене, похованите работи ( пирошки, пил прсти, зденка, кашкавал, маслинки, кромид)ми одат во комбинација со тартар сос. Со доматен сос или сос од мед и сенф , не ми се допаѓаат. Претпоставувам дека поховани ти се пирошките, а и да не ти се, пржени секако се, па би ти советувала домашен тартар да си направиш или некој прелив со павлака, малку мајонез или мсслиново и зачини, со средна густина. Купечките тартар сосови ми се малтен како мајонез, и не ми се вкусни а и се премногу густи.
Не знам дали прашањето ми е за тука, но бидејќи темата за општи прашања е затворена морав негде да прашам. Дали некоја од вас знае каде би можела да најдам кокосво млеко? Дали воопшто го има во некој од маркетите? Или ако не дали би можела со нешто да го заменам? Спојлер Се работи за овој рецепт https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater
Вечерва ми се најавија гости, па направив мини пици. Што друго да сервирам на маса со пиците ? За десерт ќе има палачинки.
Имаш многу теми со разни јадења, разгледај на нив. Имаш страни за храна, кулинарка на пример... Зарем мислиш дека некој ќе застани овде и ќе ти пишува тебе рецепти за јадење ? Ако сакаш јадења лесни за готвење, се знае кои се тие, што рецепти да ти пишуваме? -Свари компири, исецкај ги, исецкај кромид и измешај ги. Стави зачин. -Исецкај компири, зачини ги, стави ги в релна да се печат додека заруменат. -Исецкај морков и кромид, пропржи ги, стави ориз, пржи уште, додај вода и готви го додека се свари. На крај стави магданос и зачини. -Свари компири, испасирај ги, додај топло млеко, путер, зачини и ете ти пире. -Зовриј млеко, додај ориз, на крајот шекер, ете ти сутлијач. По желба стави цимет одзгора. -Пропржи кромид и млеко, додај леќа и вода, па зачини. Остави да се свари.
компири-ги лупиш сечиш кругови,потоа во длабок сад(за печење) ставаш од компирите од озгора вагета потоа испржено мелено месо додаваш па пак компири и одозгора малце вода масло и вагета,со фолија завиткај и во рерна