Да ве прашам како печете стек ако немате скара дома? На тостер, или во рерна, или пак си праам филмови јас и поима немам и нема таква можност ако нема скара? Не ми се пржи никако, а варен па не ми се јаде пред 2 дена го јадев варен ми се смачи...
^ Па може во фолија мислам малку намастена? Јас обично ги чукам, и со јајце и брашно ги пржам. Инаку еднаш печев, ама врз оризот значи ги ставив (Тава ориз) исчукани намачкани со веѓета и оригано и фини излегоа Јас да ви кажам еден трик, значи сутлијаш кога ќе правите изрендајте еден ред чоколадо му дава убав шмек на сутлијашот. Јас не сум по сутлијаш ама имам пробано, и вака го пробав и искрено подобар вкус имаше, и убава боја фаќа сутлијашот
Јас во рерна го правам, само зачини и сенф ставам , без масло , го покривам со фолија и за 30 - 40 мин. е готов
Ако имаш грил тава испржи го на неа, додавајќи му по желба зачини и масло ако сакаш ако не и без масло може, а ако немаш набави си, не кошта многу а е одлична замена за скара.
Јас одамна ги читам рецептиве за амерички палачинки,никогаш не се решив да ги пробам,не сфаќам,како ви излегуваат така дебели,како ги превртувате? Ваљда нешто е до мене...
sofijanoka,еве овде имаш некои рецепти, баш за такви американски палачинки. http://www.bbc.co.uk/food/recipes/fluff ... ncak_74828 http://moirecepti.mk/post/%D0%B0%D0%BC% ... %82%D0%B8/
Oва е одлична идеа, најдоброто до сега што го чув, баш ќе си набавам во експресно време, ако може да се пече со минимално масло, фала на идеата. Ако знаете кај се набaвува кажете да не лутам, зашто освен Делимано не знам каде има друга таква..
Навистина не би знарла каде може да набавиш таква тава во МК, но мајка ми пред неизвесно време ми се пофали дека си земала од некоја продавница каде што се продава прибор за домаќинство за 1200 денари, а според мене најверојатно ги има и по големите маркети како тука.И јас сум слушнала за грил тавата на Делимано многу ја фалат. Мојата не е на Делимано но засега добро ме служи а и јас околу 15 евра ја купив. Пилешкото го зачинувам со мешан сушен зеленчук и црн пипер и додавам една лажичка маслиново масло промешувам и го ставам да се пржи на грил тавата.Многу е вкусно и сочно, а и брзо без уклучуване на фурни, палење скари и др.
Свари едно кило компири, додади путерче и млеко за да направиш пире. Испржи кромидче и 600 гр мелено месо, додади малце томатен сос и зачини по вкус. Во ватростална тава (што оди во шпорет де незнам точно како се вика) стави го месото и одозгора размачкај го пирето. Додади на крај презла и малку рендан кашкавал и печи го 30 минути на 200 степени за да зацрвени површината и да стане крцкава. Многу познат рецепт и многу вкусен а оригинален за наши простори.
Мошеш да направиш тестенини со мелено месо, на пр шпагети. Купи маги сос за шпагети, пропржи го месото, стави го маги зачинот и потоа измешај го со тестенините. Можеш да направиш и полнети пиперки(бабури). Месото испржи го со кромитче, стави и малку ориз , сол, вегета (зачини по желба) и наполни ги пиперките. Потоа стави ги во тенџере додај вода во тенџерето и остави нека си се варат на потивко.
здраво кулинарки сакам да прашам дали козињакот ( милиброд) се прави само за велигден,божик и такви празници или може и во други прилики....за две недели ке одам на гости кај моите.немам одено скоро година ...(откако се породив)па сакам да направам и да однесам козињак...сега за прв пат ке одиме со малата и сакам нешто така поубаво да однесам ...позз
Фала девојки. Бидејќи немав време да чекам некој рецепт (месото ми беше одмрзнато) направив тоа што го знам, ќофтина и пржени компири. Лесни и брзи за правење. Сепак особено ми се допадна рецептот од cecilia и нареден пат ќе го направам.
http://www.kulinar.mk/recepti/Italijanska-salata.html Ја правев вчера и е преубаво нешто а и многу најадува,само што јас и ставив свински врат наместо сланина а мозе и со печеница.....како и да е вреди да се проба
Сакам да прашам.. секогаш кога правам сос за шпагети, кога го пржам месото ставам многу малку зејтин.. ама на крај секогаш огромна количина ми излегува на површината т.е цело пржено месо плива во зејтин.. некој трик за да го спречам тоа, дали нешто погрешно правам.. совет
Затоа што го препржуваш месото односно сосот, исто како кај ајварот ако го препржиш зејтинот испливува на површина
^Не можеш да го спречиш, месото како се пржи така си пушта мрсно, јас ја цедам смесата (меленото месо, кромид, лук итн) пред да му ги ставам доматите.
За сос за шпагети прво кромид пропржи на малку масло, па додади го месото. Покриј го тенџерето, затоа што самото месо си пушта течност. Во зависност од кромидот и од месото, ако почне да ти зафаќа тенџерето можеш да ставиш минимално вода. Ама најминимално, затоа што кога ќе ги додадеш доматите тие самите ќе пуштат доста течност и целиот сос ќе биде многу течен.