Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Ети ти, ама има мислам посебна тема за рецепти ;)
    Мини пици
    Се меси тесто од брашно, јогурт, квасец сол и шеќер.
    Откога ќе стаса тестото се премесува и со сукало се прави кора и од неа со чаша се вадат кругови.
    Во средината се мачкаат со кечап и се става кашкавал,салама и печурки.
    Странично се мачкаат со жолчката и се става сусамот.
    Се оставааат да стасаат околу 15-20 мин. и се печат во загреана рерна на 220ст. околу 15-20 мин.

    __________________________________________________________________________________________

    Мини пици со шунка
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    100 грама Шунка
    100 грама Шампињони
    малку мала лажица Црн пипер
    1 Тесто за пица
    малку Сол
    200 грама Сирење
    4 лажица/ци Маслиново масло
    100 грама Маслинки
    4 чешниња Лук
    2 главица/и Кромид/а
    малку Босилок
    300 грама Домат

    Пропржете ги лукот и кромидот на врело масло.

    Исецкајте ги доматите и
    додадете го комидот.

    Оставете да се вари на ниска температура околу 15
    минути.

    Исчистете ги шампињоните, истријте ги и исецкајте ги на тенки
    кришки, како и моцарелата и маслинките.

    Босилекот додадете го во сосот.

    Зачинете со сол и црн пипер.

    Рерната вклучете ја на 220 степени.

    Од тестото направете ролна и и сечете 16 парчиња, а од секое направете ала пица со поткренати рабови.

    Ставете од сосот од домати.

    Наредете ги печурките, маслинките, моцарелата и тенко исечената шунка, печете околу 15 минути.
    __________________________________________________________________________________________

    МИНИ ПИЦА РОЛНИЧКИ


    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    150 грама Шунка

    1 лажичка шеќер

    100 милилитри Масло

    300 грама Кисела павлака

    100 грама Кечап

    15 Квасец

    100 милилитри Вода

    600 грама Брашно

    1 Јајца/це

    ПОДГОТОВКА:

    Квасецот растопете го во водата и малку шеќер.

    Додадете го во брашното, маслото, киселата павлака и јајцата.

    Замесете меко тесто.

    Оставете го да одстои барем еден час на топло.

    Потоа што потенко исукајте, премачкајте го со кечап и посипете со оригано.

    Наредете ја шунката исечена на листови.

    Потоа изрендајте го сирењето, па изролајте го тестото и од едната и од другата страна, така што ќе добиете две ролни.

    Сечете парчиња, наредете ги на плех и испечете ги на 200 степени додека да добијат убава црвена боја.
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    еве една добра и интересна идеја.... :) :) :) превзенено од namirnice.ba
     

    Прикачени фајлови:

    • zirafa-rolat.jpg
      zirafa-rolat.jpg
      Големина на фајлот:
      63,1 KB
      Прегледи:
      547
    На bubamara12345, Lovely93 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Солена (мрзлива) палачинка - брзо а превкусно јадење за само 20 минути

    -3 јајца
    -300мл млеко
    -брашно по потреба
    -сирење
    -кристал маргарин

    Подготовка:
    Матиш 3 јајца, додаваш 300мл млеко и брашно по потреба дур смесата не се згусне ама да не биде ниту течна ниту густа премногу. Во плехче расфрлаш на сите страни парчиња маргарин кристал и го ставаш тавчето во рерна да се стопи 5 мин маргаринот на 200 степении. Коа ќе видиш дека крчка маргаринот го вадиш плехчето и ја истураш смесата и враќаш назад едно 15 минути. Коа ќе се надигнат како планини и зацрват- го вадиш. расфрлаш дробено сирење по палачинката и ја виткаш во ролат. Сечеш на парчиња и сервираш. Преубаво нешто е. Пробајте :*
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovehappiness

    lovehappiness Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Дали тоа белото врз тортичката е шлаг пена? Мене тоа не ми изгледа на шлаг и ако не е што е и како се подготвува?
     

    Прикачени фајлови:

  5. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Кажете некој брз рецепт за ручек, нешто лесничко
     
  6. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Не е шлаг пена. Се вика buttercream frosting и се прави од путер (не маргарин, туку исклучиво путер), шеќер во прав и се става каква сакаш арома ( кафе, чоколадо, јагода, ванила, мед, цимет).

    едит: Откако поубаво ја загледав фотката, ми се чини дека е cream cheese frosting. Се прави од крем сирење, путер, шеќер во прав и ванила.
     
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Здраво девојки. Ми треба рецепт за да подготвам пилешко, но земете во обзир дека прв пат влегувам во кујна... Мислев да ставам пилешки стек во она -Маги сочно од рерна-, па добро би ми било од огромна помош да ми кажете колку месо да ставам, колку време да го печам, на колку степени. Да напоменам дека ќе готвам за двајца, па дали може освен стекот, во истата кеса да ставам и компири... Или на пример пилешко соте, или пилешко со некој сос???
    Ма небитно, дајте ми некој совет што би можела да зготвам. Ви благодарам однапред. :)
     
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Ако прв пат влегуваш во кујна според мене најдобро е да направиш поховано пилешки стек, барем мене ми е најлесно. Ако ти е однапред планирано можеш да го ставиш пилешкото во млеко и сол во фрижидер да стои една вечер,претходно нели да биде расечен на мали парченца. Потоа го пржиш во загреан зејтин , претходно го овалуваш во белка и презла, по желба може и сусам.
    Го пржиш додека не добие златеста боја, тоа лесно ќе го познаеш кога е готов.
    Јас го сервирам со таратар сос , мајонез или само павлака, со пржени компирчиња итн.
    Се надевам малку помогнав. :D
     
  9. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Е фала ти, но мене полесно ми излгледа да го испечам, вака со врелиот зејтин не сум сигурна дека ќе се снајдам баш најдобро...
     
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.592
    Допаѓања:
    5.939
    Филета риба.. како се приготвува .мене ми се изрони во тавата..имаше нешто со пиво на тв видов направив не ми се изрони но не запишав и сега.... ми треба совет за тоа како да не ми се раскршува/рони филетата?
     
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.592
    Допаѓања:
    5.939
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Каков тип на риба? Се случувало неколку пати со обично пржење на ослич филети и проблемот беше до самата риба затоа што секогаш на ист начин сме ја подготвувале, така таа ронливата ја научивме и повеќе не ја зимавме :) .
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.592
    Допаѓања:
    5.939
    не е ослич...сега е замрзната на С и беше името мислам
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Најлесна варијанта ти е со Маги Сочно од рерна. Можеш претходно малку да ги исчукаш парчињата стек за да бидат по тенки и нека ти постојат саат време во маринада од маслиново масло, зачини, сенф. После само ги редиш во тава и ги преливаш со сосот од Маги. Ти го препорачувам тој со 4 вида сирење, се ти пишува на кесичката се раствара со вода мислам и се прави како густ прелив кој само го истураш врз стековите и се пече мислам дека околу 40 минути ама не сум сигурна ти пишува на кесичката. Брзо, лесно, вкусно и неможеш да го утнеш. :D
     
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Ти благодарам, изгледа лесно, па ќе видиме. Хехе ќе се пофалам како сум се снашла. :)
     
  16. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    12.024
    Де не е скуша? Во секој случај секогаш кога ќе пржиш риба, не ја додавај во тавaта за пржење додека маслото не е загреано и не ја превртувај додека не се убаво испржи од едната страна,па потоа од другата.
     
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Денес земав да правам бели чоколадни бомбони.. пак во калапот
    ставив многу малку маргарин ама откако убаво се растопија чоколадото и маргаринот
    маргаринот излезе на површината а чоколадото остана на дното и кога сакав да пробам со лажицата чоколадото како да се тегнеше, незнам како да објаснам :^) му ставив и лажица ореви откако го тргнав од оган, ама ништо пак истото :worried:

    Некој совет да не ми се делат чоколадото и маргаринот?
     
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.592
    Допаѓања:
    5.939

    http://romanticni.com.mk/index/portal_j ... nside2.jpg еве вакви се,тенки итн ;)
     
  19. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    12.024
    ^Скуша ми стои,сепак ти пробај на начинот како што ти кажав.Ако е скуша ти препорачувам подобро да ја испечеш на фолија со малку масло и зачини во рерна.
    Претпоставувам дека ги растопуваше на пареа.Кога ќе ги ставиш во садот на пареа секогаш бркај ги континуирано во истиот правец.А наместо маргарин подобро е да ставиш путер или масло 3 лажици на 100гр. чоколадо.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Девојки незнаев каде во која тема да прашам па затоа тука. Каде можам да најдам вакво калапче малку поголемо од ова на сликава?
     

    Прикачени фајлови: