Потребно: 100 гр. путер 100 гр. како 6-8 лажички шеќер или мед 100-150 мл. млеко Сад за водена пареа Силиконски калап Наместо обично какао можете да користите и слатко какао (Нексвик,Краш). Во тој случај, шеќерот не е потребен. Ставете го путерот на водена пареа да се истопи. Кога ќе се стопи, тргнете го на страна. Во друг сад ставете го млекото, загрејте го малку, потоа додајте шеќер и какао и мешајте за да не се создадат грутчиња. Додајте го стопениот путер и мешајте сè додека не зоврие смесата. Гответе околу 2-3 минути. Смесата мора да биде малку погуста од јогурт. Ако забележите дека е погуста, додајте малку топла вода или млеко и измешајте. Ставете ја смесата во сув силиконски калап. Оставете да отстојат неколку часа во фрижидер. Потоа можете да ги сервирате. Извор: http://www.skopjeinfo.mk/hrana/10300974 ... a-cokolada
Се мислам на неколку парченца тенки од багетот да нанесам авокадо салата и горгонзола/камемберт, а салмонот со што да го искомбинирам??? Дали да загреам маслиново со лукче и после со тоа да ги "поминам" со четка или? Некој намаз кој добро оди со салмон?
Сендвич со авокадо мммм :up: Ако ставаш гвакамоле, тогаш нема потреба од сирењето. А ако сакаш и сирење да ставиш во сендвичот, тогаш мој предлог е следниот - авокадото испасирај го (не премногу, да не изгуби од хранливите состојки), стави малку сол и сок од лимета/лимон. Со таа паста премачкај го лепчето и врз тоа стави тенки листови од сирење. Горгонзолата е пресилна за авокадото, ќе го надвладее неговиот вкус. Подобро пробај со тенки листови пармезан. Вообичаено и во салатите со авокадо се става пармезан.
И јас вака ја спремам авокадо салатата. Го вадам со лажичка од кората, пасирам со вилушка , 1 лимон додавам и малку сол, мх мх Тогаш на тие лепчиња со авокадо ќе те послушам и ќе ставам пармезан, а горгонзолата ќе ја нанесам на други лепчиња намачкани со салата од обарена и пасирана брокула, павлака и сушен лук, таман ќе дојде со горгонзолата. А салмон врз што салата да ставам? Имаш идеа?
Хммм лосос салата. Јас лососот најмногу го сакам во сос од портокал и рузмарин. За салата ти предлагам да го искомбинираш со зелена салата, капери, бибер, и дресинг од мајонез со јогурт промешан. Ако не си љубител на капери, можеш да ставиш копар (гледам во Веро/Рамстор има свеж копар). Или со компир, свежо нане и босилек, дресинг од лук со јогурт, сол и бибер. И некое зеленило кое сакаш - зелена салата/рукола/поточарка (има од овие во Веро/Рамстор). Можеш и зелена боранија да додадеш. Трета опција е со спанаќ, шери доматчиња, козјо сирење (или некое друго солено сирење, не кравјо сака помрсно), сол, бибер и балсамико-рузмарин винагрет за дресинг (балсамико, малку сенф, лукче, рузмарин, сол, бибер и малку маслиново масло). А лососот е димен или сама ќе го подготвуваш? Ако сама го подготвуваш, тогаш намачкај го со маслиново масло, малку лимон и сол и бибер и на скара или грил тава. Потоа сите сокови ќе можеш да ги прелиеш врз салатата. Bon Appétit :wink:
Во тенчере ставаш посолена вода да зоврие, откако ќе зоврие ставаш тарана и мешаш едно 3-4 минути потоа го тргаш тенчерето од оган и во тавче потпржуваш тарана со многу малку зејтин, откако тараната ќе зацрвени ја додаваш во тенчеререто во варената тарана и мешаш убаво и тоа е тоа.. јас вака ја правам и превкусна е п.с сега ме настрви морам и јас да правам Туку сакав да прашам и јас нешто на 100гр. чоколадо за готвење колку маргарин се става никако да погодам со ова маргарионот и секогаш колачот повеќе на маргарин има вкус отколку на чоколадо
Можеш наместо маргарин масло да ставиш неполна лажица, маслото помалце мириса, а во маргаринот има и арома
Димен да, го купувам вакумиран исечен на тенки парченца од Веро. Всушност не мислев во салата да го ставам, и него го планирам над лепче, само незнам што намаз да ставам врз лепчето од багет, па од горе едно парченце салмон. Ако имаш идеа и видиш-супер, за во четврок се спремам. Фала ти на помошта и советите.
^ Риба со сирење или друг млечен производ воопшто не оди во комбинација. Можеш парчето багет да го намачкаш со маслиново масло и да додадеш некои зачини шарен бибер, сушен лук, вегета и тоа да го испечеш, потоа стави парче лосос и врз него гранче копар и кришка домат. Доволно би било, немој да го комбинираш со млечни намази.
Уф, моја грешка За сендвич можеш да пробаш нешто вакво - обично секогаш има зелена салата и некаков дресинг или намаз на база на мајонез. Можеш рукола да ставиш доколку сакаш. За намазот најчесто се става мајонез, копар, лимон, сол и бибер (лимон-бибер дава најубав вкус). Доколку не сакаш да е многу мајонезасто, како мене, можеш и павлака да промешаш. Убав вкус има и доколку го испечеш лепчето во тостер и потоа го намачкаш со малку путер додека е топло. Може и да се испасира лососот со сосчето и како намаз да се нанесе. Можеш и домат да ставиш. И млад кромид. Варијации има за секој четврток различна Долги години и јас се водев според ова правило. Се' додека не ја пробав горенаведената салата во еден од рестораните на Гордон Ремзи. Во последните години забележувам дека познатите готвачи знаат да кршат некои од непишаните правила. Иако риба и млечен производ не оди како главно јадење. Досега го имам сретнато само во салати.
^ Исто и јас како Мимс се држев до она дека риба не се меша со млечен производ, се додека не пробав кај една пријателка која имаше леб со маслинка од Жито Лукс запечен на грил тава, врз него лажичка кајмак и парче салмон. На некои до салмонот имаше и маслинка, на некои копар а на некои чери. Мхх мххх ми се пријаде.
Овој рецепт си го измислив јас. Го јадам кога сум гладна, нај често рано сабајле пред да одам на школо. Ми дава доволно енергија за денот што следува. Сецкани ореви Дробени бисквити Една лажица мед Пола лимон(исцаден) Се става во една чинија, се размешува и јаде. Би го нарекла „протеински појадок“. Со ова најдобро оди сок од лимон или портокал. Исто така, заборавив да напоменам тоа дека можеби и нема да ви е вкусно. Бидејќи лимонот е кисел и медот едвај се осеќа. Доколку ви е кисело можете да додадете повеќе мед, или пак помалку лимон.