Рецептот на Енца е топ за полнети тортили. Јас слично го правам, само додавам уште и грав од конзерва (демек мексиканско нека е јадењето), исто така мевце на скара, обично пилешкото го зачинувам со се и сешто и го ставам така на скара, па го сецкам или го пропржувам на малку зејтин исецкано на коцки. Малку сменета верзија на рецептов - додавам на пример место чили - сецкани феферонки (е сега најубаво би било халапењос ама не знам кај да ги набавам), па и нашето феферонче врши работа и бајаги е луто И на пример исто така кечапот го мешам со лут буковец и со тој сос ја преливам смесата и секако тука оди и кисела павлака - евентуално измешана со некој зачин, магдонос и слично. Стварно е убаво - прсти да излижете! Ставајте сомбрера, мешајте маргарити и арива арива андрррреее! Вива ел Мехико!
DA majka mi go pravi postojanoi jas sum se obidela nekolku pati, gi mackas prven korite so malce maslence toa mora..Mnogu se vkusni korite krckaat..A mozes za uste povkusno koga ke gi izrendas jabolkata i go dodades sekorot ke stavis i edna lazica cimet.I koga ke se ispecat i ke gi posluzis mozies i odzgora da im porskas sheker vo prav... mmmmmm [mod-kirilica:3i1ykdlp][/mod-kirilica:3i1ykdlp]
Прво се става брашно, па кога ќе добие златно- жолтеникава боја се додава црвениот пипер затоа што тој е веќе препечен и и бргу гори, а ако изгори е горчлив. Совет плус, ако запршката е за манџа, сдк ако манџата е ептен течна за сркање може да го изрендате кромидот, побргу се пржи и не се осеќа во манџата а шансите да го изгорите се мали. ( јас запршката со кромид ја правам , а лук додавам по желба )
Сакам да прашам...? СДП може ли некој да ми помогне при подготовката на шпагети? или во лп, или тука, сакам сама за ручек да спремам
Сакам да прашам...? Јас вака ги правам... (што не значи дека е единствен начин ) Ставам вода во тенџере, сооднос 1/10 со шпагетите, турам малку сол, и ја оставам да зоврие, без да го покриjам со капакот. Потоа, откако ќе зоврие, ги додавам и шпагетите (ги кршам, колку помали, толку побргу се готови и не се лепат толку) и го намалувам малку шпоретот, за да не почнат многу да се лепат за тенџерето. Ги оставам така 10-ина минути, и притоа постојано мешам, во спротивно ќе се залепат за тенџерето и една за друга. Кога ќе се готови, би требало и водата да почне да се впива малку по малку. Тогаш ги вадиш, и ги истураш во цедалка, да не остане ич вода. И на крајот, најслаткото, служиш со додаток по твоја желба. ))
Сакам да прашам...? И за да вкусот биде поубав, во тавче за пржење стави малку зејтин и истроши една кришка ос постар леб ако имаш, откако убаво ке се запржи лебчето , полиј ги шпагетите. Е сега ако сакаш уште можеш да направиш и Болоњезе или бешамел прфелив за нив.
Сакам да прашам...? Мене за да не ми се лепат како што велиш ти, ставам во водата и малку зејтин и повеќе сол. И ги оставам, немора да ги мешаш цело време, не се лепат. А тоа малку зависи и од тенџерето какво е
Се препорачува шпагетите да не се кршат, туку да се стават во тенџерето какви што се (се разбира непокриени) и како што ќе смекнуваат во долниот дел, така ќе си се спуштаат надолу.
Јас немам ставено компир, ама можеш да пробаш- јас леќата ја правам со пилешко месо и со морков, така ми е превкусна
и јас немам досега ставено ама читав тука дека ставале женичкиве па ја си реков да пробам и домат ставале тешко мене ај ќе видам со ќе биде а месо не ставам посно е
Здраво девојки Кажете некој "рецепт" за (неколку) преливи за салата марула ...А имало и некакви со јогурт се правеле ? Tnx
Прелив- сенф, мајонез, оригано, павлака, бибер,сол-количината сама ја одредуваш во зависност каков вкус преферираш, а за прелив со јогурт не знам. Инаку интересна посна салата од марула е- марула, туна , маслинки, посен мајонез, малку оцет., а место туна може да ставиш кубети (ако сакаш посна да биде тогаш кубети со вкус на кечап.)
Мајка ми ја прави со домати, морковче и компирче сецкано. А со пилешко не сум пробала, а и ја обожавам вака леќата така да не би експериментирала сепак
Ако сакаш прженици,стандардно во брашно и јајце,па пржени.Имаш варијација,да ги изрендаш и да ги истискаш од течноста,да им додадеш ситно сецкано кромидче,магдоновче,малце презла и јајца во зависност од количината и да ги правиш топчиња и да ги испржиш.Можеш и сос да направиш,ептен се згодни за мацкање во сосови или едноставно јадење со сенф,павлака и слично. Можеш да ја исечеш на пола и да ја издлабиш,па да ја наполниш со сезонски зеленчук и зачини по желба,да се испече убаво и пред крај да ја полиеш со матено јајце и павлака или да изрендаш кашкавал.
Најбрзо и највкусно ми е мусака од тиквички. Ти требаат две помали тиквички, сол, три јајца, 300 гр.сирење, малку млеко, китка магдонос, едно чешне лук, масло, сол, бибер, и една павлака. Процедурата ја знаете - тиквичките се сечат на тркалца, потенки и се посолуваат и оставаат 20 минути да им излезе вишокот вода. Јајцата се матат со сирењето, се додава чаша млеко ( од око ставам, да не е претечно)магдоносот ситно исецкан, лукот исто така, сол, бибер и павлаката. Во тавче, се редат тиквички, фил, тиквички, пак фил, и на крај треба да завршиш со тиквичките. Се пече и прави многу брзо. Можеш одозгора да нарендаш кашкавал за да се спои смесата.