Девојки првпат ги правев американскине палачинки по рецепт што го има на почетната на фемина пошто ми се виде многу едноставен и многгу вкусни излегоа мешутоа нешто не ми е јасно. Пишуваше 2 ипол минути да се пржат а мене многу брзо ми се запржуваа, се подзалепуваа првите пошто не знаев како треба и дури некако како да подзагоруваа ама немаа таков изгорен вкус. Ептен последните беа така златно кафена боја, другите како подзагорени а ги пржев на 4ка од 6. Дали на јака температура ги пржев или нешто сум утнала??
За прв пат ќе пржам сама печурки и имам едно прашање. Да ги испржам само така со зејтинче или може да се додадат некои зачини? Како е поубаво?
Може зачини да ставиш, ама мене најубави ми се само со сол и пржени или печени.А инаку можеш оригано, вагета и сл.
Јас кога правам американски палачинки (кои ми се каде-каде поубави од обичните) , ги правам на средна температура со тоа што повремено намалувам, кога ќе се вжешти премногу (мене ми се од 1 до 3, јас ги правам на 2-ка, со смалување на 1 ипол). Никогаш не мерам 2 ипол минути како што си пишала Јас ја ставам смесата и во моментот кога горната страна ќе почне да прави меурчиња - ја превртувам. Така ми стои уште 30-45 секунди и ја вадам. До сега сум немала утка
Зависи какви се печурките. Тие што се лисичарки(незнам точно како се викаат правилно) јас ги пржам со малку кромид и зачини. Но,бидејќи печурките се свежи ги ставам прво да се зворијат неколку пати после тоа го пржам кромидот ситно исецкан и на крај ги додавам печурките со многу зачини. Премногу се вкусни.
Со свежи печурки можеш многу да експериментираш. Јас лично секоја храна ја сакам зачинета, така што како ти е по кеиф така прави си, затоа што печурките трпат доста варијации. Сум ги правела на доста начини, но најчесто ги пржам со кромид, малку масло и сол, чекам да ја пуштат водата и да почнат убаво да се пржат, а потоа можеш да си играш со состојките. Бибер, вегета, лук, кари, чили, магдонос, буквално што сакаш. Јас понекогаш им ставам и свежо исцеден сок од пола мандарина и малку бело винце или коњак. Зависи што имам. Мене ми се прекрасни, се добива многу интересен вкус и преубава арома.
Епа значи уште малце да поднамалам температура според вжештеноста на некој начин. И јас ги превртував кога имаше меурчиња на горната страна. Инаку не мерев, прочитав така дека требали 2 ипол минути, а моиве гледам многу побрзо се пржеа и затоа прашав, инаку не ги чекав толку Фала ти, Сања ќе пробам вака на пониска температура
Ај кажете ми како го готвите вргањот?Јас прво го варам кратко па ги пржам зошто така прочитав на интернет а и женава од која ги купив така рече но многу кашести ми испагаат.Дали таква е печурката или.....?
Истово неколку пати го прочитав на интернет. На површината ќе се појават меурчиња, ама кога ќе ја свртам, цела се раскашавува. Тој горниот дел е ептен течен и се распрскува, воопшто не изгледа на круг. Оваа рецепта ја користев, ама не ми се погодија. Две/три ако изгледаа онака малку нормални, другиве парталчиња... Тие „понормалните“ и ги сликав. Имате некоја испробана рецепта?
Ммммммм, сега ми се пријаде во овие доцни часови. Инаку јас завршив работа, им ставив само малку зејтинче, сол и оригано. Ми беа за со друга храна заедно и плус како за прв пат немав храброст многу да експериментирам. Дефинитивно ќе ги испробам на повеќе начини од сега, бидејќи сакам печурки и плус се едноставно и вкусно јадење. Ама овојпат мене не ми беа свежи.
Мојот рецепт за Американски палачинки (до сега без ниедна утка) е следниов: - 3 шољи брашно - 3 шољи млеко - 1 прашак за пециво - 1 ванилин шеќер - 1 голема лажица шеќер - 1 мала лажичка сол - 3 големи лажици зејтин - 2 јајца Процесот веќе го напишав на претходната страница
^ За американски палачинки... Женски, еве подолу на странава имам пишано рецепт: recepti/palacinki-t622/350.html Лесен е, нема утка, објаснето е се со ред... Со тоа што во последно време ставам и по една ванила, уште поубави се...
Еднаш имам пробано и да ти кажам не се разликуваа нешто многу од купечкиве. Конкретна рецепта немам. Мене ми се многу едноставни за правење. Јас правев пилешки. Го чукаш месото да биде тенко и лесно за виткање, не премногу да не ти се распадне. И ставаш внатре што сакаш по желба. Нормално стандарт е кашкавалот и плус уште нешто што сакаш, а и не мора, може само со кашкавал. Јас полнев со кашкавал, а претходно месото го премачкав и со малку сенф. Едно лажиче сенф на едно парче месо. Можеш и зачини да ставиш, кари, оригано малку, вегета, некои ставаат внатре и крставички, спанаќ малку, печурки и што не. Се е по желба. И после го виткаш. Прво од страните малку ќе го подвиткаш за да не ти истекува кога ќе го печеш и убаво да ти е затворено, па после ќе го свиткаш цел. Одозгора се витка со тенки парчиња сланина. Зависи кој како сака. Некој не јаде сланина, можеш да исечеш и тенки листови тиквичка во должина и со тоа да го завиткаш одозгора, и така сум пробала и вкусни се. И толку. Некои и плус ги подврзуваат со готварски конец да не им се растурат ама јас не ставив ништо. Само со сланината одозгора и ги испеков, а може и на скара да ги ставиш, пржени не знам колку е практично, не сум пробала. Моите не се растурија воопшто. Ти како за прв пат не мораш да ги преполнуваш внатре. Стави помалку и види како ќе ти оди. Зашто ако се преполнети потешко е да ги свиткаш па да не ти се растурат. Тоа е суштината, нема никаква филозофија. Е сега за некој конкретен рецепт ако сакаш можеш на интернет да си видиш.
Не не, не барам конкретен рецепт туку обично знаеш пилешко месо, кашкавал, сенф, зачини, со кашкавалче полнети но не знаев како иде постапката. Утре ќе ги направам и ќе те известам како че излезат Фала ти многу Дејј