Ти треба од најголемите плехови (не знам точно кој број е), ама оној што е кнап со релната во големина.
Ти треба плех од рерна, од оние што доаѓаат во пакет со рерната. Обложи со хартија за печење задолжително, полесно ќе го извадиш.
Луѓе ми треба совет Имам неколку плескавици од пред 2 дена за фрлање не ми се фрлаат туку сакам да ги вметнам во нешто да направам нешто со нив но немам баш идеи. Да ги исецкам и со компир да ги направам како мусака добро ли ќе биде ?
@Viktorijaaa5 Освен мусака, можеш да направиш домашен бурек со готови кори. Така и ќе го искористиш месото и ќе направиш брз и вкусен ручек.
@Viktorijaaa5 Можеш ако сакаш да ги исецкаш ситно и да направиш сос за тестенини со томатело на пример. Друго во моментот не ми текнува.
Сакам да направам капкејкс,ама воопшто не ме бива за декорација. Ич незнам да правам форми со шприц за шлаг. Е сега каков шприц би ми препорачале за најлесно користење? И што е најлесно за формирање: шлаг пена, шлаг крем или хопла?
Lesen e za upotreba polnish ednsh i navistina brzo odi . Eve ti i eden tutorijal od youtube A shto e najlesno za formiranje neznam, jas imam praveno so klasicna shapma od belki i sheker. Izvinete na latinicata nemam mak podrshka na ovoj komp.
Пак јас. @Шметерлинг фала за помошта. Јас денес правев капкејкс, добро испаднаа. Само филот многу тежок ми беше, со многу маргарин. Па би сакала да пишете некој полесен. Ќе пробаам и со белки и шеќер. Ама сакам да правам повеќе врсти( за роденденот од ќерка ми) да биде разнолико.
Пробај со ганаш, сама можеш да го направиш, а стои и изгледа убаво кога ќе се олади. Слатка павлака и чоколадо по избор (бело, црно, има и во боја, само не знам кај се купува) загреваш на пареа да се стопи чоколадото (да не врие). Сооднос 1:1. Колку павлака, толку чоколадо. А има и полесна варијанта - шлаг крем во ќесички, само направи го, и украси ги капкејксите некој саат пред роденденот. Инаку, buttercream е супер варијанта, ама кај нас нема да го добиеш истото како во USA на пример. Можеш да пробаш со 200г несолен путер, 400г шеќер во прав, екстракт од ванила, две лажици млеко - матиш убаво, да не се осеќа шеќерот, ама ќе се измачиш освен ако немаш статичен миксер. Може да пробаш и со крем сирење матено со шеќер во прав, па види. Испробај ги овие варијанти, па која ќе ти се погоди.
Јас направив последно многу убав и многу освежителен шлаг. Едно кесиче шлаг, изматен убаво со млеко по упатството, на страна отприлика една кисела павлака, една убаво полна лажица така и малку шеќер во прав, ги изматив и нив и ги додадов во шлагот, изматив убаво и имав многу убав свиленкаст шлаг за декорација, мек е па не може нешто многу да се постигне со шприц ама може да се моделира убаво да изгледа со шпакла, свиленкасто изгледа и ако се нароси со шеќерни трошки ќе изгледа боженствено.
Каде да купам ориз со долго зрно басамати мислам се викаше ако не сум грешка , по маркетите барав ама никако да најдам ?
@Samer има во тинекс на Uncle Ben's,го имам пробано многу е убав,а и ми се свиѓа што кога ќе го свариш не се лепи воопшто..
Во какви чинии сервирате баклава? Или заедно со другото благо? Од како сум дојдена свеки сервира посебно, ама прастари се веќе чиниите и сакам да ги сменам. Не би било лошо да споделите слика и каде би можела да земам, само да не бидат многу скапи. Фала ви.
Пак јас Ако имате некоја идеја за посен фил, намаз, за врз полнети печурки, споделете. Нешто погусто, по можност, за да може да формирам со шприц за готвење.
Земи си растителна павлака или хопла растителна ама без шеќер што е, иако јас не сум љубител на растителни работи ама тоа е сега, ти треба. Иначе како прелив можеш да направиш од брашно, ама нема да биде густо за обликување со шприц.
Како го користите младиот кромид? Исто ко стариот? За во манџи ќе го биде ли? И само белото или и зеленото се користи?
@velesanka , сум правела и манџи и секакви јадења со млад кромид, убави се. Ги ставав и зеленото и белото. Инаку младиот кромид е убав во салати, или свеж како додаток со јадењето (по наше, да си грицнеш додека јадеш). Мене омилен ми е пржен со јајце. Насецкан, се пржи додека да омекне и после се додаваат јајца. Милина е
Младиот кромид е претежно за салати, но може и да се става во манџа, од зеленото може да се прави кајгана, може да се стави во пита, во свашта...