Испробан рецепт за лахмаџун?Значи не препишан од нет.Такви мн најдов ,но сакан од некој што го правел за да ми ја објасни целата постапка . Јадев одамна кај пријатели.Тестото беше тенко и крцкаво,мене не ми испагја такво
Да. Ден-два на собна температура обично му се доволни за да омекне. Доколку авокадото е меко а сепак е горчливо, тогаш е до типот. Само малку сол и сок од лимета (многу поубав вкус дава отколку сокот од лимон) и би требало да се замаскира горчливиот вкус.
Каков вкус има авокадото? Солен? Благ? Со што го јадете? Никогаш немам пробано а сакам. Како стои со цената?
Специфичен вкус има. На некои им е малку блуткав. Јас лично го обожавам. Вака на текстура е како диња, ама на вкус не. Го викаат - рибата на овошјата. Богат е со масни киселини кои се добри за срцето. Треба да е созреан, значи да е мек на допир. Се вади содржината со лажиче и се пасира. Се става сол и сок од лимета. Тоа е најосновната варијанта. Иако Мексиканците и во јужните делови на САД едноставно го сечат на ленти и го ставаат во сендвичи, салати или најчесто во јадења од пилешко месо.Одговара и со мисиркино месо. На нет има многу рецепти за вакви сендвичи. Секако може секој да си направи и по свој вкус. Понатака може да се направи и гвакамоле - пасирано авокадо, сол, бибер, сок од лимета, ситно сецкан кромид и лук, чили пиперче, и чери домат (се отсрануваат семките за да не стане течно гвакамолето) и секако свеж коријандер (силантро се вика, како магданос изгледа) ситно исецкан. Доколку ви остане од авокадото или гвакамолето во смесата се става семката и се покрива со стреч фолија или со капак кој убаво се затвора, за да не потемни. При пасирањето некој сака мазна смеса а некој остава и ситни парченца. Кој како милува.
Кај го купи 27 џои кажувај, кас од веро го земам 50 денари еден/250грама е, значи 200 е кило. Инаку да има неутрален вкус, ама никогаш не ми горчел, не јадам прв пат авокадо. Да тврдо беше, и кога го сечев се намачив и си реков да го остаам за утре, ама вчера ми беше овошен ден и за тогаш ми беше најопходно, т.е тоа ми беше ручек, лол...
За вкусот на авокадото - па не е толку неутрален, мене ми има вкус на јатки, некој така оревест, слатко путерен вкус. Моиве дома не го сакаат, јас го обожавам. Го јадам насецкан на парчиња со марула и непечен бадем и лимон, или пак си правам намаз со лук, сок од лимон и малку маслиново масло, понекогаш и крем сирење ставам. Гвакамоле не сум пробала да направам, оти немам толку јак блендер, башка што сега не им е сезона на домативе. Инаку, авокадото првпат го пробав на почетокот на годинава кај мои блиски, дотогаш не се осмелував да купам, поради тоа што моиве дома не се склони кон експерименти, па да не ми остане така, ако не ми се допадне и мене. А не е евтино, 200 ден минимум е кило, зависи каде се купува. Инаку, јас мислев дека кај УНдиета може да се јаде во овошен ден, тука така ми кажаа, ама на друго место ми рекоа дека се јаде во протеински ден, поради огромниот процент на масти што ги содржи. И не знам што е точно...
@Hipster во Fino Frutti авокадото е 139 денари. Во Веро е најскапо 199, а во други маркети го имам гледано околу 190 денари.
@slimy Еве ти рецепт : Штрудла со јаболка Состојки 1 кг. јаболка 500 гр. готови кори 150 мл. масло 200 гр. шеќер 50 гр. пченичен гриз 50 гр. шеќер во прав ванилин шеќер Подготовка: Јаболката се лупат и се рендаат. Се земаме една кора и се премачкува со масло. Врз неа се става втората кора и повторно се премачкува. На почетокот од втората кора ставаме од ренданото јаболко и посипуваме шеќер, малку гриз и ванилин шеќер. Двете кори се виткаат во вид на ролна и се ставаат во тава која претходно е премачкана со масло. И преостанатите кори се филуваат на ист начин и се редат во тавата. На крај се премачкуваат со преостанатото масло, се сечат и се печат во загреана рерна на 220 степени околу 30 мин. додека не добијат убава боја. Откога ќе се олади штрудлата се посипува со шеќер во прав.
Еве уште еден колач кој брзо се прави 1кг.Јаболки, лупени и рендани се запржуваат со 200 г.шеќер околу 5 мин.на огин. Се додава 1 маргарин или путер,се меша додека се растопи, се трга од огин, се додаваат 2 лажици какао и 500 г.кршени бисквити. Сето се меша убаво и се става во соодветен сад. Кога се излади одгоре може да се стави матена слатка павлака, матени белки со шеќер, или топено чоколадо по желба.
Го има ли во Скопје тоа Фино Фрути? Прв пат слушам. 60 денари не е мала разлика сепак. Инаку испробано дефинитивно горчело зашто не било зрело, полн погодок @elanor Пробав прееска малку, омекнало за душа, преубаво ми е. Јас со се го јадам, со сирење, со кашкавал, со вино и крекери, обично како закуска и мезе ми е врв. И гвакамоле правам, ама тоа треба со чипс да се јаде, па ретко го правам на журки и собиранки зашто никој не го јаде со леб само со чипсови
@Annath за гвакамоле не е потребен блендер. Авокадото се пасира, а се друго ситно се сецка. Доматот може и покрупно, тоа е личен избор. @Hipster не мора само со чипс Можеш и краставица, морков, дајкон и нешто слично да исечеш на ленти и со нив да си макаш во гвакамолето. Со морков мене ми е хит Или идеја за интересен појадок- врз јајце пржено на око една голема лажица гвакамоле Или само го пасирам со малку сол и сок од лимон и го користам како намаз во сендвичи.
За во Скопје зборувам . Го има на Рузвелтова и во Лептокарија, тоа е мој реон и за таму знам, баш утре треба да пазарам па ќе прашам каде имаат и ќе ти пишам
https://www.facebook.com/pages/Fino-Frutti/679893242124001?sk=info&tab=page_info @Hipster eве на фб имаат адреси каде се наоѓаат
^Во Капиптец имало, кај завод за вработување туку во кулите близу Зебра. Мајка ми го знаела, вика стално имало гужва и многу убав зеленчук и овошје имало, плус поефтино него Веро, Рамстор, Тинекс а за разлика од пазариве можеш да си бираш што ќе ставиш во кеса, без да тутне некој скапано. Има и аспарагус, се израдував ептен! @elanor за гвакамолето знам дека не мора да се јаде со чипс, ама овие смотанитве мои другари и другарки не го јадат без чипс. Со исклучок на двајца. Грдо им било само така со крекери или на парче печено лепче. Еднаш сум им вриснала дека се незахвални, јас се мачев да напраам нешто интересно, они во 11 навечер запнаа чипс да купат од бензинска. Ја не знаев да се симнам и да ги откачам за 10 миниути, ама сакав да потрошам саат време за да напраам нешто сто пати поздраво и покорисно него чипс со дип од кашкавали и сосови вештачки купечки. Што би рекле срби није жвака за сељака.
Пак јас Песто кога правите, дали го правите со пињоли или со индиски ореви? Пињоли бе, не знам дали е соодветен превод на pine nuts. Ми рекоа имало во Веро, ама пошто немаше не знам кај да ги барам веќе. А индиски иам дома доста па да ги искористам, дали ќе биде само убаво Кажи си семки од шишарка, си го извитоперивме јазикот...