Луничка можеш пралини да си направиш со карамел фил, а во него можеш да додадеш сецкани ореви, лешници, мелени бисквити, што ти текне. Јас често експериментирам, испробувам нови вкусови од тоа што ми остане.
Мaјкa ми прaви зaпршкa Вaкa: вo врел зејтин дoдaвa брaшнo и пoпржувa, пoтoa дoдaвa црвен пипер рaзбркувa и стaвa вo мaнџaтa и се вaри 5-10мин. Мене прaшaњетo ми е Кoлку кoличински се стaвa дoкoлку некoј јa пригoтвувa вaкa зaпршкaтa, зaтoa штo не знaм мaјкa ми кoлку стaвaше..?
Иситни го чоколадото на коцки во садот во кој што ќе го топиш, додај малку млеко, малку зејтин, мешај на тивко дури не се растопи и тоа е тоа . Инаку ако немаш млеко, може и без него, а наместо зејтин може и маргарин во коцка.
Подобро стави вода во тенчерче да се зоврие, а над неа стави сад во кој е чоколадото. Така на пареа поубаво ќе се стопи, и нема да ти се згрутчи или залепи на садот како што е можно доколку го ставиш садот директно на оган. Можеш да додадеш масло за да има сјај и лажица или две млеко, но и не мора.
На 100мл зовриена вода или млеко, се става една супена лажица гриз. Но откако ќе зоврие пожелно е да се тргне од рингла, да се додава гризот со истовремено мешање за да не настанат грутки, па се враќа на рингла, вариш уште 2мин со мешање и готово е. Шеќер можеш да му додадеш и отпосле.
Ова е слично на житарка, а може да го користиш на најразлични начини, верувам дека ќе најдеш многу рецепти со оглед на тоа што е доста популарна состојка изминативе години. Најлесно и наједноставно е да ја користиш како прилог наместо ориз или да ја измешаш во смеса за мафини/проја, секако претходно сварена. Исто можеш да ја ставиш и во салати помешана со разни зеленчуци, печурки и сл. Доста лесно се приготвува и брзо се вари некаде околу 10-15 минути. Претходно треба добро да се измие семето со млаз вода низ цедалка и да се промешува со рака се додека не се исплакне природната горчина на семето. Заборавив да ти кажам и дека се вари во сооднос вода слично како оризот, можеби овде малку помалку треба па наместо 3 шољи можеш да ставиш 2,5 на една шоља киноа. https://moirecepti.mk/post/полнети-домати-и-пиперки-со-булгур-хељ Еве најдов еден рецепт чисто за идеја, ако не грешам вегетаријанец си па можеш да ја изоставиш пршутата или да ја додадеш во делот на маж ти, да не му дојде ептен посно Како и да е ако пробаш нешто сподели некој интересен рецепт и кажи како ти успеало
Девојки/Жени потребна ми е помош. Ми треба некој рецепт за Македонски традиционални колачиња ама нешто што ќе можат да го прават и деца.. секако јас ќе им помагам ама поголемиот дел од работата треба да ја прават тие. Јас мислев Емби ама не сум баш сигурна дека се Македонски колачиња. Ми треба за до Среда нај касно
Ова ти е супер рецепт, брз, лесен, едноставен. Заедно со син ми ги правам, го меси тестото, ги прави топчињата. Може и форми со модли да се вадат, само што ќе треба првин да отстои во фрижидер. Ванилици се овие иначе, може не се ептен традиционални, ама ќе ти завршат работа. http://moirecepti.mk/post/детелинките-на-баба-весе