Желатин имам сретнато во мали пакувања како пециво,ванила,сув квасец и на тие рафтови и ке го најдеш низ дуќани.Се става во вода да набабри пред да се користи...но прогуглај ке најдеш точен рецепт Јас не сум користела лично.
Јас урнебесот го правам со урда, ајвар , лукче, маслиново масло и малку оревчиња. Се блендирам и сервирам
Нека ми каже некој сос со кој може да го приготвам џигерот. По можност многу вкусен бидејќи воопшто не сакам џигер, а ми наредија утре да направам за ручек
Желатнот го има во секој поголем маркет, кај прашак за пециво, ванилин шеќер, порафтовите со нив го има,исто во такво кесиче е , јас на др. Еткер го земам, си има на него упатсво, се потопуваво ладна вода да набабри и после де додава во тоа што требада го ставаш на оган. И секако има инстант пудинг од др.еткер исто, со 300 мл млеко ладно се мати со миксер и е готов за 5 мин, околу 30тина еен е.
Некоја финта за сечење маслинки со семка? Парчињата да ми бидат исти ( не дека е којзнае колку битно, ама коа ставам у пица убаво да изгледаат, не како кај мене секое парче различно )
Сечи подолжно по самата семка, парчињата ќе ти бидат како латици од цвет. Врз пица дури и ги редам во облик на цвет, убаво изгледа. Не е некоја опасна финта, ама јас секогаш така ги сечкам маслинките.
@eatpraylove90 http://moirecepti.mk/?s=топло ладно Еве овдее имаш три .. http://moirecepti.mk/post/лава-со-сладолед-од-капини-и-кокос И пишии на гугл ке ти излезат повеќее или лава колач или топло ладно
Може ли панцероти да се замесат без квасец? Наидов на рецепт со брашно,пециво ,јогурт и масло.Незнам дали имаат испуштено состојка или само од овие 4 се прават ?
@joy1 http://moirecepti.mk/post/лесни-и-брзи-панцероти http://moirecepti.mk/post/панцероти-од-варено-тесто Да не виде некој од овие се без квасец ? Па незнам ама ако веројатно нема напишано квасец значи без квасец се .. ама ти па можеш малку да си ставиш
@joy1 ако не си ги направила досега - тие панцероти ги имам јас правено, не треба квасец. Доброто е што се печат во рерна, не мора да ги пржиш. Само брашното ставај го постепено, да добиеш меко тесто. Супер се иначе.
Не сум ги,го пратив маж ми по мастрав Туку кажи ми прво го истураш јогуртот,зејтинот па брашното постепено или како?
Уф, доцнам со одговорот Јас обично прво ставам пола од брашното, и во него ги истурам течните состојки, па замесувам. И по потреба додавам од остатокот, да добијам мекичко тесто што нема да лепи. Сигурно веќе се изедени, ама јас да си кажам
Изедени се хаха Но јас не бев мн задоволна .Малце тврди одозгора ми излегоа.Или ги препеков или побаагји брашно ставив(од око)