Имам дури два рецепти, ама на работа сум, ако може да се стрпиш до попладне, ќе ти ги пишам после. Ако не пише некој друг пред мене
Имаш повеќе видови. Сите оние обични млечни намази што ги има, се всушност cream cheese. Филаделфија, АБЦ, Вивис и слични.
Чупавци Подготовка Вклучете ја рерната да се загрева на 180. Јајцата и шеќерот се матат убаво и долго додека да се добие густа, кремаста и светла смеса. Намалете ја брзината на миксерот, додадете ги течните состојки па потоа постепено и брашното измешано со пецивото. Смесата ставете ја во тава со димензии 36*20 која претходно сте ја премачкале со зејтин и сте ја набрашниле. Ставете да се печи. Кај мене се доволни 25 минути, вие направете проверка со дрвена чепкалка. Откако ќе се испечи, оставете убаво да се излади па исечете коцки со големина по желба. Подготовка на преливот Млекото и шеќерот ставете ги да се варат. Мешајте со лажица за шеќерот да се истопи. Откако млекото се загреало, додадете го чоколадото искршено на коцки и какаото. Мешајте со лажицата додека чоколадото се стопи и оставете млекото да зоврие. Тргнете на страна и оставете малку да излади. Секоја коцка се потопува од сите страни во топлиот прелив и веднаш се валка во кокос. Оставете неколку часа тестото да впие од преливот па послужете. Од оваа количина на состојки одприлика излегуваат 18 коцки.
@Пчела еве го рецептот на мајка ми што и јас го правам: Се матат 4 јајца и 4 филџани шеќер. Се додава 2 филџани масло, 6 лажици млеко, две и пол шолји брашно и ќесичка прашок за пециво. Се пече во подмачкан плех на 180 степени, а ако сакаш повисок да ти е пандишпанот, печеш во правоаголно длабоко тавче од поголемите, ама во рерна да го собира. Не знам што димензии е моево. Се прави прелив од 100г чоколадо, една и пол шолја шеќер, шолја млеко, 100г маргарин. Млекото и шеќерот се варат да се растопи шеќерот, се додава чоколадото и маргаринот да се добие убава смеса. Се сечат коцки со големина по желба, се натопуваат во преливот и се валкаат во кокос.
Девојки давајте рецепт за бисквит колачи ,да можам да ги вадам со модли. Испробан некој,бидејки ќе извадам форми и се и на печење ми се растураат.
ГИ знам овие многу се убави ги правевме порано со мајка ми многу често и сега сама си ги правам.Меки како памук се.
Убавици... Дајте бе некој рецепт за кифличките наши роденденски(не од лиснато тесто). Ми се пријаде нешто тоа а немам рецепти.
Едно пакетче сусам го пржиш во тава, без зејтин, на суво, колку да добие црвеникава боја и убава арома. Една коцка фета сирење ја ставаш во изладениот сусам. Формираш топчиња и ги валкаш пак во сусам печен или пак во сецкан магдонос за да ти бидат посвежи. Ммм супер се.