Може зошто да не побрзо ќе ти се испржат затоа што ќе бидат длабоко во масло.дали во тавче или фритеза јас мислам исто е. За да не примаат зејтин и да не се мрсни во тестото стави 1-2големи лажици ракија
М.м по грешка купил готови кори ама од подебелите 6 во пакување од 500гр,значи дупло подебели од оние шо најчесто ги користиме за гибаница/пита и се 12 листа...дајте идеа што да направам со овие бабачкиве?!?
Можеш вртена баница да направиш, од по две кори, измеѓу двете намачкај зејтин врз втората фил, каков сакаш... или би пробала со кора-фил-кора-фил...
Подобро од една кора да мота банички.Јас од тенките кори имам правено што се 500 гр. 17 листа, па супер беа.Беа полнети со сирење јајца и кисела вода и уште нешто. Од една членка овде ми е рецептот мила се викаше @mila1111 ако не беше.
Баш ке пробам со мелено месо нешто,ваљда ќе излезе,дека ги користам ретко само за гибаница фала ви,па ако се погоди ке се пофалам
Ти можеш да пробаш ама дали ќе се направи пена. Јас имав отворено ајвар сега го ставив у замрзнувач, плус томатело ставив некни кога го купив само пробав да видам дали е убаво запечатено тегличето зошто како малите сокченца што се отвараат лесно и тоа беше такво капаче па лесбо се отвори и има поминато три дена и гледам на капачето тоа се згустило па да не се расипа. И јуфките ги ставив во замрзнувач ебаме домакинката ебаме Све у фриЏидер иде. Туку тортата кога ќе ја направиш ако е одозгора со торта или шлаг пена у замрзнувачот за 2 дена се смалува.
Ги сечкам тиквичките и внатрешноста им ја вадам.Немора цела да се искористи пошто многу е, после омекнуваат како сакаш ти сепак. Ги сецкаме на ситни парчиња издлабените тиквички. Сечкам 2 главици кромид, 5 пиперки, шампињони по желба.И сецкан врат наместо мелено месо преубав вкус дава. На шпорет го ставаме кромидот, тиквичките, пиперките, вратот, шампињоните, и ги пропржуваме.Додавам сол, вегета, и црн пипер. Додавам ориз отприлика 300-400 гр. Мојава доза е голема бидејќи правам многу наеднаш.Ти можеш да си правиш спрема твоја мерка. Го пржиме и оризот заедно со зеленчукот и додаваме томатело. Тргаме од оган и ги полниме тиквичките.Останатата смеса ја ставам на празните места во плехот. Додавам топла вода и се става на печење. Кога ќе е 5 минути при крај ставам врз секоја тиквичка парче ајдамер. Превкусно, нема да зажалиш ако го направиш овој рецепт. Можеш да додадеш и патлиџан малку ако имаш, јас немав па не ставив. Можеш и морков и магдонос исто немав јас. Вратот дава посебен шмек на јадењето.
Фaлa.Немaм врaт месo меленo извaдив,a не ги зaтвoрaш oдoзгoрa сo ништo??вoдa кoлку oдприликa?и дaли целo време се печaт тaкa без дa ги пoкриеш?
Не ги затворам, отприлика 1 час се печат. Вода да се залие празните места со смесата, тиквичките не се заливаат над нив зошто водата ќе претече од плехот хахс, како што ставаш за обичен ориз.
Не чекaј ме премисли мм,мусaкa сaкaл,пa пoлa сo кoмпир пoлa сo тиквицa.А зa некoј ден ќе гo прoбaм рецептoв имaм тиквици зa извoз.Сликнaт ми е зaчувaн мoрa дa прoбaм.
Не се срами ако има и други денови мене ми се пријаде ама немам тиквици, па ќе правам макарони со сос некој. Дај рецепт ти за мусаката ич немам правено.
Истo стaндaрд.Пржaм крoмид,пиперкa мoркoв,дoдaвaм сoсем мaлку oриз(сaмo кoлку течнoстa дa јa впие),месo меленo,и мaлку тиквицaнa кoцки,стaвaм вегетa ,бибер,сoл,црвен пипер.Вo тaвaтa редaм тенкo кoмпир нaд негo тиквицa нa кругкaкo штo е сеченa пa филoт,пaк тиквицa,и нaјгoре кoмпир.Пoлевaм сo вoдa и се пече.Нa крaј мaтaм јaјцa сo пaвлaкa,јoгурт,штo имaш,или сaмo јaјцa стaвaш и се пече уште некoјa минутa и тoлку.Ајде пoвели нa ручек кoгa веќе имaм јaс