Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    Пирамитче сакаш да кажеш дека мусака можеш и да си направиш со претходно сварен компир ??
    не знам дали сум во заблуда, ама ако е така, убава е мусаката?
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Да :) Ама сосема е сеедно, некои и така ја прават затоа што не сакаат да ја печат долго во рерна. Секако месото ти е веќе подготвено претходно, а компирите можеш да ги свариш исто така претходно, но не до степен да се сосема сварени, онака на пола. И потоа мусаката побрзо се прави во рерна ;)

    Ама јас не можам така, но некои ете и на тој начин ја прават. Јас редам живи компири и оставам да се скрчкаат во рерна. Ама јајце не употребувам. И не оставам сосема да ми испари водата, туку онака до пола.
    За крај, кога веќе ја сервирам, знам да си ја залеам жешката мусака со сос од јогурт со копар, или со обично кисело млеко :wasntme: Многу ми е вкусно така и ми ја разбива мрснотијата.

    На пример турска мусака е нешто сосема поинакво, тие воопшто не ставаат компир. Само мелено месо и модар патлиџан и тоа е тоа. Интересна е и таа, само тука треба да се внимава со зејтинот затоа што познато е дека модриот патлиџан впива големо количество на зејтин.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    Оваа мусака со син патлиџан е многу мгноу вкусна... Ама за да не впие синиот патлиџан многу мрснотија, претходно се става да отстои некои 30 минути во солена вода...и јас не го пржам туку го напрскувам со зејтин, и во рерна...не е исто ко да го пржиш, ама пак е вкусно. Првиот пат кога ја направив ми отиде скоро пола кило зејтин за пржење :D од тогаш строго потпечени!
    И тајната во оваа мусака е да се стави оригано ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Вечерва два специјалитета. ^_^

    Бидејќи јас не јадам леб, цимерките се ,,борат,, со еден/два леба неделно. Денес четврток, ноу мани, ноу фуд, а две половинки леб останато. :D

    Земав, прво, намачкав тавче со маргарин, лепчиња со маргарин, изрендавме замрзнат патлиџан одозгора, сирење, оригано и на печење. ААААААА, ептен беа убави. :!:

    Е, другата идеја. :rofl: Бидејќи лебот беше КАМЕН сув, го натопив со вода, му ставив зејтин, домата, оригано, сол и сирење. Го пржев така некое време, па сиренце ставивме пак. И кога почна да крчка, да прави ПУФФ, како ајварчето што прави. Лупнавме две зденки внатре, уште една тура сирење и го потпековме. Прекрасно. Испадна како домашна пица, баш таков вкус. :D

    Многу брзо се за правење работиве, а се многу убави. Немавме, инаку во лебот што го пржев ќе ставев кашкавал, саламче, печурчиња и многу малку домата... или пак кулен, кашкавал... :wasntme: Ама моравме да се снаоѓаме со тоа што имаме.

    Ту, како не ми текна порано вакво нешто да зготвам, глупости јадеме некогаш. А ова ем вкусно, ем брзо.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Mи се чини дека во студентските денови најмногу се разработува креативноста, од ништо да направиш нешто. И тогаш се е највкусно. Понекогаш ти здосадуваат и јадењата од менза и сите можни лиснати, сендвичи, погачи и 300 чуда (ми се чини само ајварот нема никога да ми здосади). Пред некој ден ги ставив моите "кулинарски" способности на тест, ама резултатот дефинитивно вредеше. Еве што направив:
    Сварив тарана, ама домашна (од мојата најмила бабичка), онаа купената воопшто не ми е вкусна. Во водата ставив малку сол и масло. Кога се свари убаво и водата изври додадов една чашка јогурт (200 милилитри) и вегета. оставив да се вари уште малку и после го тргнав да се излади. И така добив еден вид на солен сутлијаш :) :mm: Сигурна сум дека ќе им се допадне на тие што сакаат сирењасти работи, како мене :)
     
    На Dust, eli25 и marama им се допаѓа ова.
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сум приметила дека кога правам руска салата, кога ќе постои малку - мајонезот се прави ко на дупчиња, незнам како да објаснам, како да испарува.

    Е сега, незнам дали треба да ставам повеќе мајонез количински (а не го сакам многу) или пак треба да ставам и павлака? Или треба да отстои во фрижидер пред да се сервира?

    Кога ќе купам руска не е таква, па незнам кај ми е грешката.
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски

    Маја,мајками секогаш става мајонез и павлака(плус и бибер и сол).Со павлака добива свежина,која ја одржува салатата,и ја прави полесна,за разлика додека би била само на мајонез,што за мене е неподносливо тешко.
    Мајонезот сепак ке доминира(мајонез 60%,павлака 40%),и превкусни и се секогаш салатите,бидејки додава павлака во секоја во која оди мајонезот(пр.салата со макарони),и остојуваат со истиот вкус до последниот ден,а сега за овој период од годината,не е проблем да се стави павлака или мајонез,си седи салатата иста во фрижидер,додека во лето е критично ако не се изеде за некои си 2 дена.
     
    На Annath, eli25, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Сакам да направам пица, да ги изненадам моите.
    Ќе ја правам со свежи печурки (шампињони), ама не знам дали треба претходно да се пржат па да се стават на пицата, или како што се такви, па да се печат само?
    Anyone? :)
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Печурките се ставаат свежи. Само ќе ги сечеш потенко.
     
    На Scar.Tissue му/ѝ се допаѓа ова.
  10. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    СДП како се прави манџа од мелено месо... :$
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Maнџа со што ?
     
  12. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Со мелено месо, со ќофтина од мелено месо на пример :)
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Хмм најверојатно мислиш на гулаш такво нешто ?
    За отприлика 4 особи, се зема околу 700 грама месо и се сецка на коцки или може и да е мелено. Исто толку кромид се сецка ситно, патлиџан изрендан, морков рендан и ситно исецкана пиперка, и се динста на зејтин.Се додава месото, сол, црн бибер, црвен пипер и се продолжува со динстање со постепено долевање водичка додека месото сосем не омекне.
    Јас го правам и со џигерчиња.

    А за ќофтиња, истиов рецепт само нема да динсташ месо туку ќе ги ставиш готовите ќофтиња да вријат во водата.
     
  14. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Повели еден рецепт што го приготвувам :)
    http://www.coolinarika.com/recept/lazna ... ntent_info
     
    На professoressa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.152
    Допаѓања:
    124.524
    Кажете ми начин да припремам свинско месо,ама да е вкусно :P со зачини,ова она.Единствено сум го правела динстано,со црвено винце,а не е на одмет некој сос.Само не спомнувајте печурки зошто не јадам :)
    Фала однапред :)
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    може ако сакаш да го подвариш малку, па потоа да го испржиш заедно со кромид, ама кромидот исто предходно ке го подвариш во малку вода, па заедно со месото ке го испржиш преубаво е, и плус има и течност за да си макниш со лепче ;)
     
    На bofi и eli25 им се допаѓа ова.
  17. norah

    norah Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Во кеса за печење за во рерна ке го ставиш месото со бело вино и малку вода.Од зачини јас ставам морска сол бибер во зрна ловоров лист (3-4 ливчиња),рузмарин.А зеленчукот по избор го варам :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ivann

    ivann Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    еве овде објавив еден преубав рецепт да го пробаш позз. :emo:
    http://forum.femina.mk/recepti/svinsko-file-vo-bel-sos-t9309/
    Maja еве ти нешто од мене како да ја правиш руската салата
    500 гр компири, сварени, исечкани на коцкички
    250 гр шунка, исечкана на коцкички
    250 гр кашкавал, исечкан на коцкички
    4 големи моркови, сварени и исечкани на коцкички
    10 корнишони, исечкани на коцкички
    300 гр грашок
    1 тегла мајонез
    1 лажица сенф
    сол, црн бибер

    и пред да сервираш на маса во пајнчина со 1 лажица мајонез ќе ја премачкуваш салатата и ќе декорираш со кругчина морковче и магдонос... по желба. :emo:
    за тоа што ти испарвало сигурно ги имаше премачкано и потоа по сат време си служела пајнчината ..
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Со мелено месо јас правам кофтинја во сос :

    500 гр.мелено месо на кое се додава пола главица кромид рендан 1 јајце сол бибер и една рака ориз претходно малку подварен и 1 мало лажиче оцет .Се замесуваат и со влажни раце се прават топчиња со големина како орев. На страна на масло се пржат 2 главици кромид ситно сецкани и кога ке се испржи се додава 1-2 чаши вода кога водата ке зоврие се ставаат кофтињата но водата мора да врие за да не се распаднат кофтињата и се остава да се динста некаде половина час ако има потреба во тој половина час се додава и вода но не многу пред крај се додава 250 гр. доматно пире или во лето 2 домати рендани , сол вегета бибер по вкус и магдонос сецкан .Пробајте одлично е
     
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Белисима не сум сретнала до сега да се става оцет во меленото месо, знаеш ли да ми кажеш што е неговата улога? Го подобрува вкусот или што?