@eli25 Можеш и да ставиш на секое парче по една топка свежа павлака исто убаво оди со пицата. На здравје нека ви е
Јас ставам домашна салца ( домати, сол, шеќер, лукче, малку љутко, вегета, масло, ) или павлака со лукче и рендани кисели краставички, некогаш сос од сенф и мед, ретко и гвакамоле сос
А освен пилешко,кромид на резанки,сос што друго се става.Знам се е по избор ама оние класичните што содржат
Пред да го ставиш месото премачкај со сос од иста доза кисела павлака,мајонез, кечап Па згора месото, кромид, по желба пиперка, домат, зелена салата, пченка... И рендан кашкавал може
Леле, цело време сум зборела за тортелини да не пукнам. Затоа е и бешамелот кажан. Намачкај ја со намаз од мајонез и павлака со лукче во прав, одозгора лист марула, додај пилешко на долги резанци, прстени кромид, кругчиња домат, пченка, црвен грав исто можеш наместо пченка... Тоа би било тоа.
Ами прееска нерасонета. Башка, ме збуни со полнењево оти и тортелините нели имаат полнење ама така се купуваат, викам оваа жена што ли ќе полни пак на полнето и како ќе полни ситни такви тортелинки. Ај бе, се оправивме битно.
Да ве прашам, утре ќе правам торта ама по рецепт во едниот пандишпан треба урми да се стават, со што може да ги заменам? Инаку чоколадна ќе биде тортата. Јас мислев суво грозје ама незнам дали ќе се уклопи во рецептов.
Ќе пробам и овде. Се засукав да правам торта. Корите ми се купени готови, сега ќе спремам филовите но видов дека немам шеќер во прав. Да да, жити домаќинката, ама ете... Ќе ми заврши работа обичен шеќер или не?
@kanella ,што направи со тортата,малку касно,но,мислам и така ке биде,шекерот ке се уработи со миксерот,или со она сукало што е кратко дебело,ставам шеќер во прозирна фолија и поминувам одозгора,јас и така сум се снаоѓала..
Немав време за мислење многу многу сакав и во машинче за мелење кафе да го ставам но бидна и без шеќер За прв пат не излезе лошо, на вкус мислам дека ќе биде многу блага затоа што прилично многу нутела шибнав... Ајт за кого е многу туку ќеиф голем торта да направам...
Арно ме потсетивте,еве го фатил прашина Налик на балсамико,погуст за неколку нијанси и што би рекол мм,моќен јак вкус. Во Турција го ставаат редовно во салати. П.С.Слаткаст вкус дава.По мој вкус не е.Ја сум за традиционални проверени нешта