Интересен е .Го викаат оцет, ама е погуст од оцет. Потсетува на сируп по густината. Дури може во вода да се растворува и се пие како сок. Тогаш има слабо киселкаст вкус Се става на салати како табуле. Го имам ставано на зелена салата,ми бил благ не ми е кисел.Може бидејќи содржи карамел.
Претпоставувам го има во Рамстор? @PUPICA, и јас сум по традиционалните вкусови, ама за секој случај ќе си пробам. Не љубам киселини и секако ги разблажувам со шеќер или мед, па мислам дека баш ќе го сакам. Плус, калинки.
Добро изматете 1 маргарин со 250гр шеќер во прав, па додадете ги 10те жолчки. Сварете 100мл вода со 200гр шеќер, па додадете 200 гр чоколадо. во изладената смеса додадете го кремот од жолчките и уште 400 гр од кикирики, па филувајте ги корите. Овој рецепт го најдов на интернет за сникерс торта. Е сега не ми е јасно за филов. Жолчките така живи ќе бидат без пудинг или без да се сварат на пареа???
Јас ова не би го правела за деца. Каде го најде рецептов? Тука имаш рецепти за сникерс торта со готвени јајца http://moirecepti.mk/?s=сникерс торта
Да, го има во Рамстор и тоа доста ефтино 80 ден е 250 мл. А и има и од 300 и нешто денари, нешто поголема грамажа. Тоа им се новодобиени продукти, порано ги немаше. Имаат големо М, напред на етикетата.
Здраво сакам да почнам да си правам smoothies за доручек па забележав дека скоро секогаш ставаат Greek yogurt. Дали кај нас го има тоа или е исто со густиот битолски јогурт што почнаа да го произведуваат од неодамна? Ме интересира која е замената за тој грчки јогурт
Јас правам со обичен густ, дали битолски или друг и одличен е вкусот. Понекогаш го правам и со неутрална павлака, прекрасен е така. Пробај
Има на Виндија од килограм цврст јогурт. Во кантичка. На изглед и вкус е како павлака. Го има во Тинекс, Рамстор.
Greek yogurt им е нешто што е најблиску до нашето кисело млеко. Така што, можеш да го користиш било кое, а може и обичен јогурт, нема да направи разлика. Инаку, јас колку што знам smoothie не се прави со никаков млечен производ. Ако се става млеко е milkshake, ако се става јогурт е овошен јогурт. Во смути за разредување се става вода, евентуално растително млеко.
Пред некое време на еден роденден јадев некоја салата со ситни пачиња пилешко, печурки и павлака. Е сега, имаше и некој зачин, јас би ставила копар, ама да прашам некој од вас ако ја има правено салатата, да ми каже точен рецепт..
Пилешка салата Стек-копани маринирани печурки павлака и малку мајонез,сол,бибер,вегета,копар мислам дека не би одговарало ама се е до вкус како сакаш и кисели краставички можеш да додадеш.
Да мо кажете испитан рецепт за ролат од мелено месо со варени јајца на средина? Има на нет доста рецепти, ама вака од искуства ваши?
Кари, тетка ми кога ја прави кари става и ептен е погодено. Копарот е многу јак, не е за во вакви салати. А рецептот е како тој на Викторија горе
Ми треба брза идеја за ручек... имам тиквици, компир, морков, кромид, боранија.....можам се тоа да ставам да се пече?
Јас би направила пире. Зеленчукот пропржен на страна. Во тавче пирето, одозгора зеленчукот, малце биено сиренце, и потпечено.
Компирот. Боранијата пропржена со кромид, морков и тиквички, се’ заедно. Мислам и боранијата може да се пржи, или не? Не правам тоа, па не знам. Ако не, спушти ја во зовриена вода едно 5 минути, па измешај ја со останатиот зеленчук. ... сега и мене ми се пријаде вака.
Може да се пржи да, а посебно ако е замрзната од маркет, тие повеќето се веќе бланширани (освен во КАМ, таму се свежи замрзнати, убавини). Јас би ставила се во тава со доматен сос и зачини, како турли-тава и би го потпекла убаво во рерна.