Чоколадо таман кокосот ќе внесе свежина, јас многу сакам кокос и често го употребувам и до ванила и овошје, нема некое правило.
Само да ве информирам, го направив ама нешто не ми излезе веројатно дека парталите не беа тазе. Ако не ми го бендиса и маж ми ќе додадам бисквити мелени и ќе го направам како бомбици
Да не знае некој каде може да се купи готова смеса за палачинки...ако воопшто има во маркетите кај нас?
Рендаш 1тиквичка и 2-3компира (јас и кромид додавам) посолуваш и оставаш 15мин да отстои да пушти течност прецадуваш убаво да биде скроз суво. Додаваш 1пециво,1јајце,2-3лажици брашно,1-2 лажици лебни трошки и зачини по желба. Обликуваш со раце или директо со лажица пржиш во врел зејтин. Одговор после месец време ама можеби ќе се најде на некој
Ќе ве молам просветлете ме оти кај да е релната ќе лета изгледа низ тераса На која програма треба да правам мафини, лебчиња и слично?
Значи не е до мене Баш и јас на таа програма ги печам ама се ми излегува внатре живо. А истите работи сум ги правела претходно кај мајка ми и се убаво си испаѓаше, баш по рецепт. Оваа мојава релна живци ми искина.
На која Т печеш? Да не ги ставаш на многу висока Т, па однадвор ти фркнат и се запечат, а внатре останат живи?
Дали е можно тесто за мркици да се направи навечер а наредниот ден на сабајле да се пржат? Каква е постапката?
Сакам да правам колбаси во тесто,има еден рецепт на нет.ама нема наведено колку брашно,колку кисело млеко. Ако некој има точен рецепт да ми даде..
Мислиш на тие минијатурните така? Па јас не ги чистев,неможеш и да ги исчистиш убаво од што се мали. Директно така ги пржев,печени не ми беа вкусни.
Девојки дајте некој рецепт за печива со интегрално брашно, кифлички, пици и сл. ? Имам испробано некои рецепти од интернет но ми се немаат погодено.