Ако нема квасец (за сарајлија на пример), не очекувај да стаса Во моментов едно 30 минути му треба на тестото, ако го замесиш со млака вода/млеко. Уште е топло времево.
Ставив квасец малку сол топла вода и малку брашно и го оставив 20 мин отприлика, па после земав почека да му додавам брашно и почна да ми се рони па му додав малку млеко и почнав да го замесувам и ај некако почна да се прави како тесто и сеа го оставив во ванглата го покрив со две крпи и сеа ќе почекам да се надигне тестото, којзнае што ќе испадне ама пусти мерак за пирошки со руска салата полнети
Шекер требало малку да ставиш. Шеќерот му помага на квасните габички да се развијат поубаво. После 15 минути иако малку стасано, убаво размеси го, и пак остај го да стасува едно 15 минути. Можеш после тоа да ги обликуваш пирошките НО откога ќе ги стокмиш за пржење, остај ги на собна температура 15 минути. Само, пирошките убаво затвори ги, зашто кога ке ги пржиш тестото од топлото ќе ти расне експресно па ке се отвараат.
Можеби требаше пила брашно да ставам за стасување а не малку а со останата половина да искористам за замесување
Па да...и јас така си оставам од брашното за сеење додека месам на работната маса. Ај, па стави слика.
Moze nekoj da mi kaze nekoj recept so celer -supa corba story bilo Kupiv pa neznam kako da go iskoristam
пола литар вода (за две чинии), целер исецкан, пашканат, морков и магдонос. вари 10-15 мин, додади вегета на подравка и вари уште пет. ако сакаш можеш и фиде да ставиш за густина. јас двопек ставам откако ќе ја сварам
Сецкам целер, морков, компир, на многу малку масло ги попржувам. Додавам вода и ставам коцка супа и фиде. И оставам да се варат. Чорба за зимата.