А зошто се користи млеко во прав наместо обично млеко, често во рецептите сретнувам млеко во прав а по маркети не можам да најдам, голема ли е грешка ако се стави обично млеко?
Зависи од рецептот. Инаку млекото во прав има улога во згуснување на смесата, па се сомневам дека обичното млеко ќе ја има истата улога. Инаку знам дека има млеко во прав на Нестле, Нидо се вика, во големи лименки е, барем мајка ми такво купуваше порано за Рафаело бомбиците. Сега не сум видела дали има, ама и не сум ни барала, да бидам искрена. И да, многу е веројатно дека има во продавниците за здрава храна.
Рецепт за рафаело торта ми треба. Неколку дена ми се врти во глава се мрднав. Најдов некои ама не ми се сигурни... (Анат имаше спомнато рафаело бомбици и еве ме )
На колку степени ја пуштам рерната, на најмалку 120 или повеќе на 150? И после откако ќе се затопли рерната ја исклучувам и го оставам да стасува? Да не го испечам тестово наместо да го стасам имам бош раче за овие работи. Некој од ништо ќе направи нешто, јас направено до сервирање - ќе го уништам!
Јас имам Рафаело колач, не торта, ако сакаш рецепт, кажи. Па ако пуштиш на 120 ќе го запечеш за стасување тесто рерна пушташ до кај 50 степени максимум. Исклучена рерна, само да се загрее. Ама може и на собна температура ако е топло да стаса брзо. Јас го ставав на каминот врз тенџере со топла вода. Секако покриено.
1. Пушти рецепт. 2. Ќе ми беше малку чудно зошто е испечено, ама не многу. Среќа сама сум кога шлакам, па никој не знае.
Повели (ако не е доцна): 5 јајца се матат со 150 г шеќер да се добие пенаста смеса (јајцата да станат бели). Се додава 150 г брашно просеано со ќесичка прашок за пециво. Се меша со шпатула полека, да не се истисне воздухот. Се пече во намастено и набрашнето правоаголно тавче, околу 20тина минути, можеби и повеќе, зависи од рерната, најдобро на 180 степени. Се варат три пудинзи од ванила со 600 мл млеко и 4 лажици шеќер. Во оладениот пудинг се додава 250 г маргарин/путер (се мати со миксер). Се додава и 150 г кокос и две ќесички ванилин шеќер. Пандишпанот одозгора се попарува со малку млеко (неколку лажици се истураат одозгора, да впие убаво). Потоа се премачкува со кремот и одозгора се посипува со кокос.
И јас порано купував такво и најубаво ми беше, но скоро не можев да го најдам и ставив друго некое за бебиња. Не е тој вкусот како со Нестлето. После ми текна дека можев да ставам сурутка во прав, ама ај за следните.
https://www.google.com/search?q=сув...d=chrome-mobile&ie=UTF-8#imgrc=PjkFeP32QI2HOM: Колку лажици од овој квасец се ставаат на 1кг брашно?
Ако може да ми препорачате некоја салата што оди со печено свинско месо. Некоја едноставна по можност.
По грешка сум купила обланди и сега не знама што да им правам. Сакам да направам солени ама да не биде оној рецептот салама, павлака и кашкавал. Ми треба нешто поразлично. Ако веќе ептен не ви текнува за солено фрлете рецепт за благо со кокос. Фала.
Пишингер барај на нет рецепт, јајца, шеќер, маргарин и чоколадо е се што ти е потребно, кокосот за одозгора. Мммммм...викај ако направиш.
Ај прашање ... Јас зошто не месам најголем непријател ми е квасецо. Изгледа турив поќе вода зошто не е како мама кога би праела, и крева многу полека и како кисела вода да е прај меурчиња. Арен е ќе крени или расипан да не е да купам нов?
За друг пат да си знајш... треба да пени и да прај меурчиња... во чашка вода ќе го раствориш со лажиче шеќер, ама така поголема чаша, не цела полна, до пола, да има место каде да расти.
Фала, се јавив кај баба ми, рече нов да фатам, па успеав на втор пат. Инаку чашата ми беше до пола полна, цела е од 250мл ... Ама после со сув праев. Со него не можам да згрешам, друг пат со ваков ќе прам под надзор дур му земам редот.
Ми треба рецепт за тестово. Никако не можам да погодам убав, мек и вкусен пандишпан. Вкусно го правам, ама некако потегава ми е кората...
Како ја користите трупката? Јас само ќе ја изрендам и ќе изрендам морков со маслиново масло сол и ставам јаболков оцет со билки. Некој др рецепт ако може?