Да, треба да чекаш убаво да се оладат, во спротивно маргаринот ќе стане многу течен и филот нема да се мачка, туку ќе се разлева. Инаку и јас скоро сите филови со жолчки ги правам на пареа. И мене ми е шубе заради децата.
@Annath или некој друг, жолчките пред да ги ставам на пареа треба да ги изматам со миксер или нема потреба? Прашањата може ми се смешни ама немам искуство со торти
Почни да ги матиш со шеќерот, мати околу пет минути, па стави ги на пареа, мати цело време без престан, ќе добиеш густа леплива смеса.
Сакам да правам торта ама во филот иде густин а јас немам Има можност место густин нешто друго за замена или?
Жолчките, густинот и 3 лажици млеко ги миксаме и ги додаваме во зовриеното млеко со шекерот, Откако ке биде готова кремата го додаваме маргаринот и чоколадата исецкани на ситни парчиња и мешаме додека не се соедини, и ја оставаме кремата да олади. Откако ке олади ја матиме со миксер за да добиеме убава мазна маса. @Acka22 @Bubce38 Треба прашокот без готвење да го матам Може така?
Јас би сварила еден пудинг во 300 мл млеко. Или пола пудинг Зависи колку густин имаш во рецептот Па би ги додала жолчките
Во едниот фил 3лажици густин во другиот 4 Со по 400мл млеко се и двата фила А ако ставам обичен пудинг би требало да ги изоставам жолчките или не
Вака се исто е начинот на подготовка само наместо густин стави пудинг и на истиот начин ќе го приготвиш
Ќе си ги ставиш и жоччките обавезно. Значи по еден пудинг вариш за еден фил.не мери во лажици за пудингот. Стави си по цело пакетче
Ајде совет.Ова горе се моите неуспешни пуслици или целуфки.Кажете зошто може да ми се спласнаа вака?.Три белки сматив со 12лажици шекер(може и повеќе да беа) и малку сол.Ставив и една лажица густин,така видов на интернет рецепт.На крај додадов мелени бадеми и ги измешав со лажица.Со шприц ги оформив и уште додека ги правев некако последните како да се растекоа малку.Ги ставив да се печат на предходно загреана релна,се печеа на 110степени и подотворена релна оти е без вентилатор.Уште по пет мин се растекоа,а на крај веке беа скроз растечени и танки како бисквита.
По тоа што прочитав на интернет, треба во загреана рерна да се стават, и ако нема вентилатор од време на време да се подотвори за да излезе влагата. И чим ти се растекле уште на почеток да не не си ги изматила убаво?
Напишав загреана беше и подотворена,на едно место така прочитав,најверојатно требаше подолго да ги матам иако наппчеток бешр цврст после се растече.
Ама не требало нон стоп да ти биде отворена рерната. И треба да се матат така релативно долго. Во никој случај да не се растекуваат.
Се матат може пола саат, па и повеќе. Треба од белките да добиеш остри врвови, што не паѓаат сами туку стојат цврсто. На една белка одат 70г шеќер. Матењето на почеток е побавно, после на најјако. Ако имаш миксер со постоље, остави ги во него и заборави ги, буквално така му доаѓа. Густин не знам зошто си ставала, ама не дека не може да ставиш, се што сакаш да ставиш, се става на крај, и со шпатула најубаво се меша, не брзо туку полека и внимателно, да не го исфрлиш воздухот. И се сушат, не се печат, на максимум 100 степени, едно саат и пол, и во затворена рерна слободно. Јас имам вентилатор, па не го користам секогаш за пуслиците.
Е ајде де оти ставив густин.Се полажав по еден рецепт на интернет .Дефинитивно не патев пола саат.може 15тина мин најмногу.Се стврдна са не пага ама бргу и се пушти.