Дали смеат свежи печурки да се печат на алуминиумска фолија? На ринглата сакам. Не ми се чека додека да се загрее рерната
Во некои рецепти, обично за ролат, пишува кората да се замота во влажна крпа. Нема ли да се прекрше? кКако ролна во крпата, нели, јас така сфатив или грешка сум?
Не, нема да се прекрши поради тоа што крпата ќе биде влажна, ќе ја омекне кората и ќе стане поеластична - лесно ќе се свитка во ролат.
Тестенини со сос, обарен зеленчук (можеш да комбинираш со сос по избор), салата од компири (со различни додатоци), буритоси со комбинации (веге, со мелено/пилешко/телешко месо), солени или благи Американски палачинки (солена варијанта правам како „лазањи“ со месо или печурки и бешамел/сос со неутрална павлака), различни видови на динстано месо со гарнир/сос... Ако ми текне уште нешто, ќе допишам.
Пржени копанчиња во пиво,пржени компири,пржено свинско,пире,ориз од оние долгите што се варат со се кеса можеш да го направиш со пржени печурки зеленчук.....ехее еден куп јадења имаш што не се печат.
Би требало на средна температура ако сакаш така на фолија и директно на рингла, и да ги премачкаш со масло за да не се залепат за фолијата.
Може ли некој да ми објасни како се прави фил за торта само од хопла и растопено чоколадо? Колку време се вари хоплата? Во кој сооднос? Последниот пат кога правев ми беше уште течно дури и кога се излади, а сакам да се сече.
И соодносот е битен. Оди 2:1, на пример, пола кг чоколадо, 250мл хопла. Хоплата се става на оган да се загрее до вриење. Ама да не врие. Се трга од оган, и во неа се става чоколадото, се меша да се растопи убаво. Погуста е малку смесата така и нема да биде течна.
Ми останаа 8 жолчки, дајте некоја идеја во што да се искорисрат, освен да се спржат..некое благо или нешто слично..
Еве ви здрав и брз "пудинг",а верувам и децата ке го сакаат.Четири помали или три поголеми јаболка,две лажичиња какао,шолче кокос,две лажици (или немора)шекер,цимет по желба,и малку екстрат од ванила.Сето ова се блендира убави и се сервира.Излегува фве лничиња од ова.Превкусно.Ни се јадеше благо со мм и го смислив ова
Девојки како се прават оние компири што ги има во Бистро,Campione во Ск крцкави се а одвнатре меки незнам како да опишам предпоставувам пржени се но како е начинот на подготовка и што зачини се ставаат
Би требало да ја има во поголемиве маркети. Јас ја земам во локален маркет. Утре ќе видам во Тинекс дали ја има и ќе ти пишам. Гуглав мислев на Свислион е, ама не била.