Тука е потпечен на грил тава. Можеш така, а ако немаш грил тава, ќе ти заврши работа и да го потпечеш малку во рерна. Јас му ставам лук во прав, бибер, путер и печам 20-тина минути (во зависност од тоа колку се дебели кришките модар домат). Ги сечам потенко, некоја дебелина отприлика помалку од сантим.
Можеш и така, јас сечам мала коцка и ја ставам одозгора над кришката. Путерот се топи и фино испаѓаат. Кога ќе омекнат и ќе фатат боја се готови за јадење.
Не се мрсни, многу мала коцкичка сечам јас, чисто колку да не ми бидат скроз без ништо одозгора, а и путерот им дава поубав вкус па затоа ставам.
Од вчеравечер го киснев гравот. Денес се вари 3 часа и сеуште не е сварен. Има чаре за таков грав што не се вари лесно??
5-7 дена максимум во фрижидер. Во замрзнувач може да стои со месеци, добро завиткан во пластична фолија.
Како да направам тортиљи со интегрално брашно? Секогаш крцкави ми испаѓаат и се кршат не можам да ги превиткувам. Подебели да ги правам или помалку да ги печам?
@IM.TMKQ @x.Daisy.x јас ги притоплувам за да можам да ги оформам после како сакам И немам мака, никогаш не ми се кршеле.
Ги ставив во влажна крпа и многу малку само омекнаа. Може рецепт да ми пратите и колку време ги печите? Исто како палачинки или подолго?
Хмммм, јас мислам помалку од палачинки дека ги печам, ептен да фатат малце како вцрвенети кругчиња и толку.
И јас секогаш печено замрзнувам,но сега немав време да ги печам и ги замрзнав.Ке видам какви ке излезат.
Само интегрално брашно ставаш или и бело брашно додаваш? Јас ставив интегрално, топла вода и сода, таков беше рецептот ама не се погодија.
Јас мислам до рецептов е работата. Зошто ставам и сол малце и шеќер, и со квасец ги правам. Од „око“ ги правам шо би рекла мајка ми. Да најдеш на јутуб некој видео рецепт па да видиш како ќе изгледа тестото таму?