Постојат филмови кои е незамисливо да ги немате гледано. Филмови кои ја граделе филмската индустрија и кои се темел на модерните филмови. Филмови кои оставиле најголема трага во историајта на филмското платно Кои се според вас култни филмови кои едноставно мора секој да ги гледа? Нели ви е чудно кога некој ќе ви каже дека нема гледано некој ептен култен филм? Еве јас на пример познавам луѓе кои го немаат гледано E.T или Кум, навистина ми е чудно, а и глупаво. Тоа ти е исто како да ја немаат прочитано Ана Каренина или Доктор Офболи, да не бидам толку груба и да кажам ко Библијата. Како први ќе ги спомнам филмовите на Хичкок. Psycho, The Birds, Marnie основата на повеќето филмови денес. Колку негови фори има само низ новиве филмови кои секојдневно ги гледаме и колку римејкови. Човекот бил генијалец, ко да поставил стандарди во филмската индустрија по кои денес се прават скоро сите филмови. Секој кој сака, почитува и сака да ги разбира филмовите мора да ги погледне филмовите на Хичкок. Тие се права уметност, психотични се и чудни. Мистериозни се, снимени се со толку едноставни работи, а изгледаат многу добро. Замислете дека тогаш немало ефекти и чуда и морало се да се постигне со физички предмети. Според мене тој е најголемиот ум во филмската индустрија и греота е да се заборават неговите филмови, сигурна сум дека постарите генерации доста ги почитуваат, а им препорачувам на младите кои можеби и воопшто не слушнале за него задолжително да погледнат некои негови дела. Јас ги одвоив овие три како најпопуларни и филмови кои ми оставиле најголем впечаток. Интересно да знаете за Хичкок е дека се појавува во сите негови филмови, а ретко кога ќе го приметите. Знае да си помине низ ходник, во хол, како секретар, чистач или било што само ќе се појави во некој кадар. Во оваа тема набројуваме култни филмови и пишуваме зошто мора секој да ги има гледано. Тие филмови едноставно несмеат да се заборават.
Јас во оваа тема би ги набројала филмовите на Кјубрик: Eyes wide shut, The shining, A clockwork orange, Lolita, 2001: A space oddysey, Spartacus а и сите останати. Задолжителна филмска литература за сите филмомани! Според мене Кјубрик е најконтроверзниот но, во исто време и најталентираниот режисер на сите времиња. Сите негови филмови се уникатни и посебни сами по себе, маестрални и легендарни. Тој уште во минатиот век, пред големиот напредок на технологијата создал филмови за иднината, кои се сомневам дека некој може да ги достигне. Неговиот уникатен стил и талент за режирање е токму тоа што го прави поразличен и го двои од толпата. Знаел како никој друг да ги раздрма светските медиуми кои бурно го следеле секој негов чекор. Тој бил страстен шахист, затоа на некој начин неговите филмови се во вид на шаховска игра. Треба бавно и долго да се размислува за секој од нив, со мозокот и срцето во полна пареа. A clockwork orange е филмот кој најмногу го имам гледано и кој ми оставил најголем впечаток. Маестрална, но во исто време и морбидна манипулативна психолошка приказна. Работел на нов филм за животот на Бонапарта, планирал да го оствари со Џек Николсон во главната улога, но за жал не успеал да го реализира. Има уште многу да се коментира и за останатите негови филмови, но во некој нареден пост повеќе и за нив. Едит: Големо браво за темата @mims-89
ИСТОК - ЗАПАД Режија - Режис Варније Прекрасна драма за животот во повоена Русија, за режимот на Сталин... Награден со Оскар и Златен глобус во 2000 година во категоријата „најдобар странски филм“...
Неповторливиот "The Godfather". Трилогијата, каде првиот дел е прикажан во 1972, вториот 1974 и третиот 1990 година, е маестрално дело Francis Ford Coppola. Почнувајќи од приказната за италијанската мафија, фамилијата Корлеоне, фантастичниот избор на актери, нивната глума, сценарио и мојатa oмилена реплика "It's a Sicilian message. It means Luca Brasi sleeps with the fishes." и добро познатата "I'm going to make him an offer he can't refuse.", ги става овие дела во култни филмови. П. С. Можеби веќе имам пишувано за филмовите, но сметам дека местото им е и во оваа тема.
Titanik 10 things I hate about you Уште 100 пати да ги изгледам овие филмови милам дека нема да ми здосадат.Уште да имаше некој да ми прави друштво додека ги гледам 4 саата