Културен водич

Дискусија во 'Слободно време' започната од Mayyya, 13 октомври 2011.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    Темата е за информации за културниот живот, културни настани, фестивали, претстави, промоции, изложби, случувања.
    Не ретко ми се случувало да дознаам за некој настан откако веќе е завршен.
    Овде ќе може да споделуваме информации за настани кои претстојат.

    Еве во овој период интересен настан е Фестивалот на новиот германски филм. Проекциите се во МКЦ - Кино Фросина, а влезниците се само 60 ден. Се одржува од 12-17.10.2011 во Скопје, а потоа продолжува во Битола, Тетово, Прилеп, Штип, Кавадарци и Струмица.
    Програмата може да се види тука - http://mk.fngf.mk/
     
    На Meggy, LivingGlam и irenna им се допаѓа ова.
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    19 October · 19:00 - 22:00
    Студентски дом Гоце Делчев - Хол Б

    ОРИГИНАЛНА, ОПУШТЕНА, ОДЛИЧНА...
    ПРОМЕНА ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО НА СИТЕ СТУДЕНТИ

    "КУЛТУРНО ОСВЕЖУВАЊЕ - УМЕТНИЧКА ОАЗА НА БЕСКРАЕН УМ"

    * Претставување на книгата Endless Mind од Ана Костовска;
    * Средба и запознавање со авторката на книгата;
    * Разгледување на фотографиите на Ана;
    * Убави инспиративни пораки за сите;
    * Потпишување книги со лична посвета од авторката;
    * Наградна игра и други интересни изненадувања...

    *Едит: Сега видов имало и тема за книгата
    http://forum.femina.mk/knigi/endless-mind-beskraen-um-ana-kostovska-t4643/
     
  3. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ 2011

    15-19.11.2011
    Локација: Скопски Саем

    Е сега не знам дали ќе биде нешто во стил саем на виното на кој ќе се претстават само винарии, или ќе има и музичка програма со бендови. На сајтот пишува ќе има и бина и музичка програма, но учесниците не се објавени. Ако некој има информација нека сподели. :)
    Како и да е, добар настан за сите љубители на виното. :nod:

     
  4. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    1.787
    Пол:
    Женски
    Во прилог следи претстојна изложба - КАКО ЗА ПРВПАТ
    https://www.facebook.com/events/1505504393070015/?ref_dashboard_filter=upcoming, која што ќе одржи во Музеј на град Скопје во вторник.

    На изложбата ќе бидат експонирани 43 фотографии во дигитален печат создадени оваа година. Поттикнат од идејата за поврзување на старите аналогни технологии со нивната дигитална обработка во некоја форма на калемење или вкрстување на главните чинители од овие два периода во историјата на фотографијата.

    Како и “УРБС“ - Самостојна изложба на мозаици на Блашка Ми Ева

    Изложба на мозаици од плексиглас насловена “УРБС“ , (збор кој на латински значи град со ѕидови во Антички Рим). Мозаични мапи. Мозаични улици на Градот Скопје. Скопје како појдовна точка на инспирација, градот во кој живеам , градот кој на моменти делува сиво и безлично, но некогаш во него ги гледам сите бои кои постојат. Честопати гледајќи кон него од некоја повисока гледна точка, градот ми личел на еден голем колоритен мозаик. Неслучајно изместената перспектива на улиците и плошните површини е само дополнување како го доживувам градот.
    Формите од плексиглас ги оформуваат моите места, моите улици, моите средби. Боите кои се живи, контрастни, вибрантни, ја означуваат енергијата поминати низ тие улици, места, средби со луѓе. Приказ на градот гледан од птичја перспектива не е ништо ново, ново е само моето доживување на мојот град Скопје.

    In-Out Illumination - изложба на Благојче Наумоски БАНЕ

    Универзумот е само енергија, кондензирана во бавна вибрација, сите ние сме една свест која субјективно ја доживуваме.
     
    Последна измена: 30 ноември 2014
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.