*Мислењата се одвоени од Инста Блогерки во нова посоодветна тема од страна на модератор Културното присвојување е усвојување на елемент или елементи на една култура или идентитет од припадници на друга култура или идентитет. Ова може да биде контроверзно кога припадниците на доминантна култура припаѓаат на загрозените малцински култури.(превземено од интернет) (@sweet-cherry) Maryse Jolene ми е супер, предобро се облекува и многу позитивна енергија шири, ама имам една забелешка за неа, а кај нас како не едуциран народ гледам никој не забрлежува. Јас Maryse мислев дека е mixed, поточно дека татко и не е бел, бидејќи немав видено слика од него ама кога видов слика од цела фамилија сфатив дека не е. Тоа што го прави не е во ред се вика cultural appropriation, ако не сте запознаени. На тик ток луѓе од странство и посочија за проблемот таа ги исклучи коментатите, во странство да беше веднаш ќе беше cancelled. Не се случило само еднаш, таа се почесто и почесто ги прави тие фризури.
Имав пишано баш за ова пред некое време, поголемиот дел од светот критички гледа на ова, како што и треба, а кај нас добива слава, пофалби и следбеници. Жално е да користиш раса која е маргинализирана, а како бел човек да добиваш од тоа.
Глупости бе. Може со фризурата сака да искаже восхит и почит спрема црната раса. Зошто мора на се негативно да се гледа? Нејзина коса е и може што сака да и прави и како сака да ја носи, а ако некој се најде навреден тоа е негов проблем. Зошто се фарбате, може да ги навредите Египјаните што први почнале да ги бојадисуваат косите, зошто носите пирсови, обетки? Што е со твоите стереотипни претпоставки дека ако имала виткана коса мора еден од родителите да и е црн? Белите луѓе не можат да имаат виткана коса или црните права?
Културното присвојување е усвојување на елемент или елементи на една култура или идентитет од припадници на друга култура или идентитет. Ова може да биде контроверзно кога припадниците на доминантна култура припаѓаат на загрозените малцински култури.(превземено од интернет) Ако за вас е ова океј за некои луѓе не е. Има на интернет еден куп текстови за cultural appropriation и зошто треба да сме малку поосетливи на овие теми.
Не е работата за виткана коса работата е за box braids итн. Гледам не си запознаена со културата и дека тоа ги навредува, фарбање коса никој не навредува отвори google едуцирај се. Плус ти си бела така да немаш право да зборуваш дека било глупост, кога другите ги навредува, ако има малку црнци во нашата држава не значи дека не треба да се почитува нивната култура, а и другите култури, но дека Maryse e инфлуенсерка ја наведов за пример .
Што би рекла Карди Би, "Why would I hop in some beef when I could just hop in a Porsche?" алииии не могу у Порше, so... не си реална ејјј
Викинзите биле први што ја носеле косата како на втората слика, што значи дека другарка ти црнка всушност ја краде викиншката култура и треба да се срами од тоа.
Знам дека тоа ги навредува али сеа што? Се што ќе започне од нивната култура као забрането е за другите? Како тоа е непочитување? Се вреѓале зошто бела девојка направила box braids boo hoo.
Абе секоја втора овде е со коса ко втората слика. 90% од девојките во Мкд ја обожаваат. Така да,мислам дека претерувате малку.
Се сложувам, подобро успешна кариера како девојчето што е спортистка што ја спомна и никој да не ја знае одколку вака, ама тоа е пола од нив и се прославиле оти немаат ни грам срам и сегде молат за да им праќаат секакви работи за да им ја "зголемиле" продажбата. Секогаш сум била против тоа, тие да добиваат бесплатна облека, храна, секакви производи наместо да донираат кај некои што немаат. Баш пред некој ден една македонска блогерка објави дека наместо да и праќаат неа да пратат таму каде што има потреба и затоа ја почитувам, а и следам и некои други од македонските блогерки и ми се супер ама има многу што се катастрофа. Па тоа е проблемот дека секоја втора има, ама во ред секој има различно мислење и различни сфаќања
Па искрено не знам дали би се осеќала баш убаво ако рандом жени од другата страна на светот почнат да вметнуваат на пр. мотиви од македонски носии во модата притоа немајќи поим од каде потекнува тоа ама битно им е тренд. Не дека не се претерува со беспотребно означување на многу работи како cultural appropriation, ама за некои работи си се во право што им пречат и сакаат да си ги зачуваат. Исто така според мене од авион се гледа дека девојкава плаче што не се родила црнкиња.