Никој. Баш се среќни што можат да прошират нешто вредно низ цел свет, a и самите се обидуваат да изградат поголема свест за тоа. Засегнати се од многуте видови јога што им ја извртуваат изворната. И кај нив постојат многу видови, да, но ниеден не негира потекло и не извртува вредности. Ако има, реагираат. Сакаат да си го заштитат тоа што го наследиле од предци илјадници години пред нив. Пауер јога им е навредлива зашто навистина нема допирна врска со јога, а им извртува наследство. И некој на големо профитира од тоа, со тоа што го злоупотребува терминот јога. Или тоа се важи само кога има заштитен трејдмарк?
Ќебето на Тито е вистинска насока. Своето не го даваме, туѓото не го сакаме. Ах бе, колку умни биле на времето...
Јас мислам дека треба човек многу време за губење да застане и да се нервира дека некој во светот некаде го злоупотребил терминот јога. Валда кога израснуваме возрасни сфаќаме дека постојат злоупотреби и ги отфрламе верувањата што ги имаме ко деца дека светот е совршен и дека не може за се да сме специјални снегулки. Впрочем и сигурна сум дека јогините си медитираат и не се замараат да ги решат проблемите во светот, пошто тоа е и "ефектот" на јогата, а препуцавањето е само по форуми. Те сфаќам што сакаш да кажеш, ама по оваа логика луѓето ќе почнат да се навредуваат за се и сешто. Ко претходно дискусијата за божиќни колачиња не билe наша традиција Во време кога светот е поизмешан од било кога, нереално очекување е да очекуваш дека нема никој да прифати нешто од друг. И сите што викаат дека не треба да се прифаќа, ни сами не се свесни дека прифатиле некои работи пошто никој не живееме 100 проценти оригинално. Сакаш да ми кажеш дека не применуваш ништо за кое некој може да ти каже дека е навреден затоа што е превземено од негова култура? Никогаш не си носела обетки кругчиња? Hoop earrings?
Мантуб, тоа ми е муабетот - апсолутно сите сме прифатиле работи од туѓа култура. И јога вежбам, и медитирам, и обетки веројатно сум носела, и косата сум ја плетела. Ама кога има тема културно присвојување и гледам вистински примери за тоа, се обидувам да разберам од каде доаѓа револтот. Ако сакаат да си заштитат наследство, можам да се информирам што е тоа а не да бидам игнорантна. Барем да ислушам со почит. Ако релативизираме, Кливленд Индијанс не требало никогаш да си го менуваат логото. Требало Индијанците да се помират со тоа дека злоупотреби постојат, и да не реагираат. Ете замисли си сега една комична илустрација на јогин, исто така им изгледа западната јога на Индијците со позирањето по Инстаграм. Од длабоки вредности, западот им ја претвори во пози. Не во сите случаи, секако. Ама има многу. Ним им пречи, разбирам зошто. Реагираат по социјални мрежи со многу културни коментари, и ги бришат. И затоа нема да си измислам некој свој систем на телесни вежби, да го наречам јога и да профитирам од него. Секој си е наклонет кон различни прашања. Тебе те интересираат права на животни, па никој не ти рекол на форум дека имаш многу слободно време за губење на дискусии и има поважни прашања, ко глад во државава. Уствари веројатно рекле, зашто тоа е стандард во вакви теми. И не било во ред. Мене ме интересираат човекови права во поширок контекст. Културно присвојување е проблем во многу ситуации, и луѓето само се обидуваат да покренат свест за тоа. Не ни забрануваат ништо, само сакаат да научиме нешто за нив. И јас тоа сум решила да го почитувам. А кога ќе размислам за некои работи, и тоа како сум грешела. И што е форумов освен губење време, стварно? И коментарите од другата страна одзеле време. Зошто да се губи за докажување на тема која не ја сметате за релевантна?
Свила, накит, шминка, чипка и тантела, сликање со акрил или масло, лакирање на ноктите, носење марама како моден додаток, куп сосови што ги правиме и додаваме на јадења, самите јадења, теписите дома, итн итн... Да погодам колку од ова имаме дома и носиме на себе и не се замараме од каде е? Ако ме интересира, ќе отворам гугл ќе прочитам. За секое скоро ќе најдеш дека .... пред толку и толку години луѓето од таа и таа земја први почнале да го употребуваат тоа и тоа. Туку ако утре некој Турчин дојде и ми рече неќам да јадеш баклава оти моја е, дали треба да не јадам стварно за да не биде он навреден?
Светов не се замара за парчиња облека и производи со детски труд што се произведуваат, поголема врева се дига да нема пердуви или Боже пази нацртан дримкечер да не се навредат домородните Американци.
Не мислам дека е примерот само расистички, пишав веќе. По дефиниција cultural appropriation е злоупотребување и стереотипизирање на нечиј идентитет. Афрото и обетките се токму тоа, ако blackface не е доволна потврда дека нечив идентитет и изглед се присвојува како костум за изведба на своја традиција.
Ама мене ме интересират и човечки права ама не е никакво кршење на човечки права да направам плетенки или обетки да носам. Замисли ти како би им било на деца што се гладни цел живот, што тежат 6 кила на 4 години, што се родени во ѓубре и напуштени од родители, кога би слушнале дека некои викаат дека кршење на човечки права било носење плетенки. Игнорантно. Некогаш толку сме разгалени што не е можно за што се' драматизираме.
А по што процени дека поголема врева се крева за тоа, а детски труд е занемарен? А како би им било на тие деца што се грижиш за гладни животни а тие пари за храна си можела да ги дадеш за нив? Зошто вакво релативизирање цело време? Не значи дека истите тие што се обидуваат да си го заштитат наследството или се интересираат за тоа, занемаруваат поважни прашања.
А јас не се согласувам дека што и да е, посебно па површни работи како фризура, шминка, облека, тетоважи, цртежи на ѕид и слично, е нешто што било како било кому му припаѓа. Освен на сопственикот на телото и ѕидот. Едит: освен ако со истите не пренесувам порака за дискриминација или отворено тврдам дека јас лично сум измислила што било.
Сериозна си? Не гледаш вестите колку се преплавени за секој блекфејс скандал? Спротивно на тоа, една ударна вест нема дека Зара секоја година добива лоши оценки во делот за злоупотреба на детски труд, па не ни гледам дека се позамараа нешто луѓево многу. Ни па некоја промена има. Со години се случува упорно и упорно. Или не знаете зошто нема по социјални мрежи?
Да, баш е до толку битна работава. Еднакво како гладни деца и животни. Ок, може да сакаат, ние може да не им учиниме и да тераме мода, да го знаеме значењето и да не сакаме да збориме за него, неверојатно ми е до толку врева за ништо. Културно наследство им останале плетенки, дури за неверување е. И останатите примери, не сакале пауер јога, ај ќе ја прекрстиме сега. Ни една не ме интересира јога, освен ако не ми ја препорачаат за вежбање, па ни тогаш нема да ме интересира значењето, освен дали бенефит ќе имам од неа.
Затоа што луѓе што се занимаваат со прашање на детска експлоатација, не се замимаваат со прашања за обетки, тоа се само теми за тепање време на форум. А за второто прашање, има конвенции за човекови права, никаде не сум сретнала дека прекршување на човекови права е некој да ти превземе елемент кој му се свиѓал, од културата твоја. Поправи ме ако грешам. Права на животни се исто така загарантирани со закон како права на деца. Сите каузи што се битни се загарантирани со закони, со конвенции и слично. Одбери некоја кауза и бори се за неа, никој нема ништо да ти каже, затоа што сите можеме да се бориме за една до две каузи во животот, толку е силата. Да било толку битно, и ова ќе се загарантирало со некаков закон. Ама пошто не е ништо навредливо, освен за луѓе кои се навредуваат за се и свашта, затоа нема ниту закон, ниту конвенција кој вели дека имаш право да се навредуваш. И го нема во закони затоа што не е ни можно. Значи, и практично не е возможно да се спроведе, за да се спроведе потребно е во племиња сите да живееме, да немаме допир со други култури, да нема интернет, да нема транспорт меѓу различни земји итн. И пак ќе кажам, сите што сме на темава, сите користиме елементи од други култури.
Истово сакав да го пишам, ама не ми се објаснуваше дополнително со social justice warriors Оти веќе добив одговор абе ние за се се грижиме некаде погоре.
Нели дозна за детскиот труд? Било објавено, стигнало до тебе. И до мене стигнало од медиуми и социјални мрежи. И треба да се информира за блекфејс скандал, зошто не? За културно присвојување, напротив, воопшто не се информира. Доказ е дека никој и не знае што е, па го изедначуваат со јадење баклава во Македонија. Заштитено е ако си заштитиле трејдмарк по пропис, ко Словенците со ајварот. Индијците задоцниле за јогата. И пак релативизираш со обетките, а се игнорира цело прашање. Еве искрено, што мислење имаш за маскотата со Индијанецот од погоре?
Интернет, дополни. Во риал лајф слабо. Никогаш во животецов никој не ми нашол забелешки како онлајн, ни на спорниот амерички континент дури. А да не зборам дека престојував многу блиску до нејтив американ резерват, па најчесто нив ги среќавав. Освен што беа "леле кул" што на Балкан знаеме по нешто за нив, не им засмета маската со дримкечер на телефонот пример. Ни на еден единствен.
Јас со ова не се согласувам ама воопшто, но сфаќам дека сосема различни гледишта имаме. Или може сме во различни околини и пратиме различни работи.
Маскота е сосема друга работа, неспоредлива со акти на индивидуалец. Така што ако некоја бугарска екипа рецимо на полувреме искача со орце и Македонско девојче секако ќе ми смета, ама не ми смета и не може да ми смета рандом пејач на свој концерт да ја испее песната, не мора никакви коментари и објаснувања да има.
Толкава дискусија за фризура... Вау. Сфатливо ми е што некој Индиец гледа на применувањето на јога од западњаци како сквернавење на нешто свето. Ама,сега за фризури некој да се буни... Од повеќе места има усни преданија дека некои племиња носеле плетенки.Биле најдени и цртежи и статуетки.За најверојатно се смета афричкото потекло. Порано немало масовен бунт како сега. Народите се испомешале одамна,па џабе е и за ситници да се расправа. Ако изгледот на косата е толку битен што не ѝ рече некој на Бијонсе не се фарбај руса или на Ријана не се фарбај црвена? Немаше да биде во ред. Расата не треба да го ограничува човекот.
Ама они се трудат да изгледаат бели, не е исто. Ние сме криви што сме се родиле бели, што и да правиме некого вреѓаме. Сарказам е.