Никој просечен човек нема да се навреди од користење на некој симбол на нивната култура, се дури не е навредливо да речеме, со цел да се понижи или да се направи пародија на некого. За тоа нема збор дека не е во ред. Просечен човек што си го живее животот нема да се замара за користење на симбол од неговата култура, се дури не е во погорниот контекст. Ама тука проблемот е ексклузивитет. Нетрпеливоста е очигледна, и сега само се бараат рачки да се фатат за нешто. Класични social justice warriors. На интернет само постојат.
Точно. Сите наеднаш се просветлија, во свет кој би требало што повеќе да не' доближи, не, ние сега ќе исправаме криви дрини што е чие од времето на праисторијата. Оти се ова баш сериозни проблеми нели. Ама само онлајн. Во реален живот сериозно не познавам некој што се замара со нечија фризура и слично.
Индивидуалец носи дрес со таков симбол или го тетовира ко страствен фан на тимот, зашто негово тело. Купува плишани играчки со таа маскота, зашто негови пари. Одбива да ги смени името и маскотата на клубот, затоа што му се може. Ја сфаќаш разликата меѓу тоа и извинете, сфаќам што сакам да кажете? Истово може да се каже во било која тема, и здравје, некогаш ќе ти го цитирам. Овие прашања се многу реални за тие што ги покренале.
Пар холанѓани со бебе од 1 год беа очигледно туристи, дојдени да ја шетаат Македонија и беа сите 3ца премодерно облечени, а бебенцето на нозе носеше баш традиционални македонски опинчиња, со шилест врв. Тоа беше најслаткото нешто што го имам видено. Особено па затоа што беше горе облечено модерно, а долу опинчиња. Затоа не можам да сфатам како некој може да се навреди. Па мене ми беше преслатко.
Првото е бизнис, индустрија, како да отворам јас сега фирма и да продавам што било, да речеме мечиња со сина вергина и да тврдам дека е тоа скроз моја измислица. Друго е да истетовирам арапска тетоважа која е за лично мој ќеиф и нема врска ама со ништо друго. Не должам никому објаснување. Ако е ова реален нечиј проблем, тој некој сериозно нема проблеми.
Што знам, јас да видам дека некој од земја илјадници километри подалеку употребува нешто мое и му се допаѓа, мене ќеф ќе ми биде. Ако дојде и ми рече - еј многу ми се свиѓа вашава __________ и затоа го практикувам/користам, радост ќе ми биде искрено. Мислам и повеќето се само употребуваат ради естетски причини, не од што пукнале да го присвојат.
Се' додека не рече дека опинците се лично холандска измислица пример, сеедно ми е и ништо да не рече. Него, дали е присвојување што гуглам и се инспирирам од hygge? Ептен кул концепт ми е.
Да де, токму тоа зборам. Башка не знам дали некој Кинез ќе се замара да оди у Хелсиншки комитет зашто му ги украле шпагетите овие Италијаниве.
Ама ги купиле од традиционален, наш изработувач и ја поддржале културата. Да земе некој дизајнер, да им стави штикли и да ги популаризира без воопшто да покаже респект кон потеклото на дизајнот, не би било исто. Би било културно присвојување. Еден проблем меѓу многуте им е. Дел од сложувалката на системско занемарување и заќутување ако кренат глас за нешто. Ај сега кажи искрено, дали се потруди да прочиташ нешто од линкот или спојлерот во едно мислење многу погоре? Плетенки та плетенки, несфатливо е како може да му значат некому. Па ете се потрудиле да ти објаснат што им значат.
Да, прочитав. И понатаму сметам дека не должам објаснување ако си ги сплетам. Ниту па треба да знам значење за да ги сплетам. Истово го сметам и за секој останат пример, не мислам дека должам никому објаснување за што правам со своево тело. Примерот со опинци и штикла е по на место, иако дури ни тоа не верувам дека би заслужило внимание.
Да било толку битно- читај, да носело профит. Интелектуални, културни и останати права и побуди. Амазон го доби името. Оти му било битно. Децениската сага на перуанската мака, влегува во димензија на био-пиратерија Ехее, креативноста нема крај кога станува збор за профит. Нема врска со правда и богатиот секогаш победува. Да одам да си ја патентирам седата коса најарно ќе биде
Под "битно" мислам на сите работи кои можат да му го намалат квалитетот на живот на некој. Плетење плетенки на никого не му го намалува.
Кои сме ние да му кажеме на другиот кога и зошто треба да биде навреден во врска со својата култура, религија и раса? Не ми е сфатливо. Ќе му кажам глупаво е што се замараш со ова? Која сум јас да му го измерам значењето на нештото што го има за него, и да му кажам дека се глупира зашто не се замара со посериозни светски проблеми.
Пред неколку години на Fashion Police една од водителките, за Зендаја кажа дека можела преку слика да го осети мирисот на марихуана преку слика, затоа што носеше суканици. Додека другата водителка редовно си носеше афро фризура во емисиите. Не станува збор за шпагети, баклави и други јадења измислени пред милион години, туку за нешто што е проблем и ден денес. Да, можеби за 200-300 години нема да им е гајле, ама не знам како очекувате црнците да се рамнодушни на фактот дека некој гради кариера со работи за кои нив им биле пречка цел живот. Иритантно е.
Ок. Ама каде е границата? Ако некој се навреди оти носам црвено и за тоа треба да имам разбирање и да попуштам? И некој Арап е навреден ако те види да носиш кратко па сега кој е во право?
Како ќе се навреди Арапот од моето носење минич, кога не му крадам од културата Види има разлика, целата ствар лесно се разрешува со едноставен дијалог, зошто ти смета и кое е значењето? Пример со црвената боја, во Кина се смета за многу среќна боја и порано, сега поретко, невестите на својата свадба обавезно биле облечени во црвено. Да те види некоја кинезиња дека носиш црвено на свадба, не верувам дека би се навредила, ама и да се еве во муабетов, би можела да ја прашаш зошто и да се објасниш дека тебе навистина многу ти се допаѓа. Верувам дека би наишле на споразум. Работата со плетенките, иако не ја читав дискусијава од почеток можеби е веќе спомнато, е што во историјата па и денес црнците се деградирани и омаловажувани за својот изглед, коса и фризура од истите оние што денес тоа го практикуваат. Ако они биле потиснати поради својата култура од овие вториве, тогаш баш и сметам дека е во ред да се чувствуваат сега ограбени од нешто што им припаѓа и им носи многу емоции, спомени и рани. И пак ќе речам, тоа лесно може да се реши. Со разговор. Со раскажи ми што ти значи ова, затоа што мене многу ми се допаѓа.
Па збориме дека кога некој е навреден, е во право, без разлика од која причина. Или сепак има граници? Навреден зашто според него ти како жена треба да се покриеш. Тука веројатно не крадеш култура, ама ја вреѓаш неговата религија зашто според неа и него, ти ги прекршуваш тие правила. Битно навреден е он, зашто да нѐ интересира другото. Ова е малце спротивен пример, ама која си ти да му кажуваш што да го вреѓа?