Културното присвојување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од The Saturdays, 6 јануари 2021.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Знам де. Ама ти велиш кога некој е навреден од нешто, во право е.
    Јас те прашувам до каде смее да биде некој навреден?
     
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    62.310
    Пол:
    Женски
    Мислам дека црнечката раса има толку многу неправди изедено од белата што уште долго време ќе им треба за да се оправат од сите гнасотии што им ги имаат правено. Мислам дека им е дефанзивен механизам да се вака поставени, нешто за кое искрено не можам да се налутам.

    Е сега би сакала да мрднеме од таа точка, да сфатат дека има луѓе што им ги "превземаат" нивните културни обележја затоа што мислат дека се кул, убаво изгледаат, им се свиѓаат, а не дека сакаат да ги навредат или да си ги присвојат за свои. Мене плетенки и широки (baggy) панталони ми се ептен убави, секако дека знам дека тие први ги носеа така, ама ако јас ги облечам тоа е заради тоа што ми се допаѓаат, а не оти сакам да крадам или оти сакам да ги навредам.

    Се согласувам со @Someonespecial дека ваквите работи уште повеќе не делат, наместо да не зближат и да ги избришат сите тие нетрпеливости меѓу нас. Се се постигнува со компромис, белец да знае дека плетенки биле обележје на црна раса, црнец да прифати дека нема екслузивно право на истите и дека луѓето ги носат оти им се свиѓаат. Девојчево што ја поттикнало дискусијава не го следам, ама навистина не гледам причина зошто да биде canceled.

    Секојпат кога гледам осетливост по коментари на црнци се пробувам да сфатам. Ама некогаш едноставно не се во право, ако не се согласувам со некој не значи дека го мразам или посакувам лошо. И на форумов со членки со кои грото се согласувам знам да не се согласам, тоа нема врска ништо друго освен со конкретното мислење. За девојчево не се согасувам, ама тоа не значи дека е напад према нивна култира или наследство. Едноставно мислам дека девојчето не прави ништо лошо со тоа што си се носи така.

    За крај мислам дека најбитен е контекст во кој се прави нештото. Се дури некој не носи нешто ради пародија, да руга, да провоцира или да омаловажи нечија култура и традиција мислам дека е океј.
     
    На Nausicaa, Ugly Duckling, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Арапот може да се навреди ако носам хиџаб со минич на пример,тоа е од неговата култура, а не за нешто од мојата култура
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Епа ти не ја почитуваш неговата религија ако не одиш според неговите правила во неговата земја еве нека е.
    Реков, спротивен пример ама зошто да не е во право?
    ***
    Јас не планирам да газам на јајца за секој околу мене за ситници да не биде навреден.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.884
    Допаѓања:
    129.913
    Пол:
    Женски
    Аха,не може... :rofl:
    Колку што можеш ти да се навредиш,толку може и Арапот.
    Твоето почитување на твојата култура може да е навреда за неговата култура.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.763
    Не може мојата коса да му смета.
    Автономијата над моево тело е над сечија култура, вера..
     
    На Nausicaa, Purplelilac, asdas и 7 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.763
    Болдот е се'.
    :bow:
     
    На fana и KateKane им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    Има разлика помеѓу културно прифаќање (јадење шпагети, вежбање јога, носење плетенки, ставање тетоважи) и помеѓу културно присвојување (претставување на сето тоа како своја култура).

    Мислам самиот збор буквално укажува на земање дел од туѓа култура како нешто свое, како да било дел од својата култура.
     
    На nextredstyle и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.763
    Е за ова сакам пример.
    Затоа што во темава тоа не го видов, ниту сум била лично сведок дека некој ТВРДИ дека да речеме, дримкечерот е негова лична измислица или дел од негова култура.

    Не му знаат значење, не ги интересира значење, им се допаѓа изгледот и го користат. И толку. Без тврдења дека е мој или твој. Едноставно е убав, ми се допаѓа.

    Никако не разбирам како овој концепт може да е навредлив.
    Разбирам кражба, и ајде преку една моја блиска, а и со закони регулирана тема, нека е козметика.

    Да речеме бренд Х измислува палета. Бренд Y се инспирира од таа палета и создава слична. Значи очигледна е инспирацијата, не е идентично пакувањето, дизајнот, името пошто не смеат да бидат, но боите внатре не се ничии и тие се идентични.

    Против ова немам.

    Против крадење на туѓ дизајн и пласирање како свој, против тоа имам. И во светот на козметика; а и верувам секаде, ова е казниво.
     
    На Nausicaa, Purplelilac, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    62.310
    Пол:
    Женски
    Јасно. Ама мислам дека се пробуваат да се кенслнат луѓе што културно прифаќаат работи. Не секој што ќе облече нешто сака да го присвои истото како да е свое. И јас мислам дека треба да се зачуваат културата и традицијата на одреден народ, ама да не се прават скандали ако некој одлучи да облече нешто од истото. Јогата потекнува од Индија, ако ја вежбам знам дека е од таа земја, знам дека таму почнале корените и знам колку е добра за телото, затоа ја применувам. Не крадам од нив, туку едноставно им давам афирмација дека нештото е толку убаво и ми се допаѓа, што го применувам за себе.

    Едноставно сакам да најдам начин како да им се даде до знаење на некои луѓе дека акцептирањето на нешто "нивно" не е со лоша намера, не сакам да го украдам, ниту пак да им го деминизирам. Едноставно ми е убаво. Не негирам дека е нивно, не негирам дека не е мое, туку едноставно ми се допаѓа па сум го ставила.

    Плус носењето на различни работи предизвикува различни реакции во различни култури. Земи го за пример носењето капа. Во христијанска црква носењето на капа е навредливо, ако влегуваш во црква правилно е да ја извадиш капата. Во јудаизам ако влезиш во свет објект без капа е навредливо, што значи дека мораш некако да ја покриеш главата. Бегам од конкретната тема ама поентата ми е дека ти ако ти студи на ушите утре и облечеш капа, има луѓе во светот што можат да се навредат од тоа ако сакаат. А ти само си облекла капа.

    Јадење. Во одредени култури ако ја изедеш целата порција е навредливо, затоа што сметаат дека не ти ставиле доволно и со тоа го вреѓаш домаќинот. Некои сметаат дека не е бон тон и дека треба да се остави 10% од јадењето. Во други култури не изедеш пак све е навредливо, тоа значи дека не ти се допаѓа и заради тоа не си го изел. А секој од нас си знае колку му носи душата.

    Пак ќе речам, ако некој вреѓа некого прва ќе рипнам да го бранам човекот кој е навреден. Ама ако некој се лути а сметам дека нема причина, исто мислам дека можам да искоментирам. Секој од нас си има црвени линии и си знае што му е океј а што не.
     
    На Nausicaa, MeowMeow, BloodElf и 7 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Не е само тоа културно присвојување. Тоа е цел проблем, што не го разбираме терминот и сакаме некоја своја дефиниција да измислиме за да направиме дека не постои.

    Ако веќе не сакаш да губиш време, што секако го изгуби на темава, еден пасус на википедија да се прочита треба. Толку. Пет минути.

    Тоа воопшто не ги навредува. Ги навредува друго, извртувањето на нивното наследство преку измислување форми што не се јога, користење на називот јога за нив (изваден скроз од контекст), и дури патентирање на тие форми за финансиски профит. Ако сретнеш коментари на пози низ Инстаграм, обрати им внимание. Многу убаво објаснуваат што за нив е а што не е јога, зошто не сакаат асаните да се нарекуваат пози, итн. И секако, ги бришат. Е тоа е канцелирање, или не? Афирмација секако дека не ги навредува.
     
    На Purplelilac и kravce им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.763
    Зошто мислиш дека не сум прочитала?
    И дали моето несогласување со некое мислење е поради незнаење?

    Можеме да дисецираме Вики, не е проблем.
    Проблем е што никој не може да зборува во име на цел еден народ или раса.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    188.652
    Ко што рече, контекстот е многу битен. Во темава, контекстот е, македонско девојче (?), си напраило плетенки, или како и стручно да се викаат, а не смеела пошто никој од нејзината фамилија не бил црн?:^) И со тоа навредило друго девојче, кое претпоставувам, има еден црн родител:?:. Оти таквата фризура било ултимативно право на црните по потекло, ексклузивитет. Во Македонија/ на балкан, во 2020, или 2021. Откако претходно Ким Кардашијан требало да ја објаснува својата таква фризура во 2018, во САД. Оти така рекол интернетот. Тоа што има црни деца, не и дава такво право, нема таа да ја живее нивната дискриминација:drunk:.
     
    На Nausicaa, BloodElf, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.763
    Кате го рече контекстот. И е единствено битно.
    Тоа што вергламе назад цело време.
     
    На KateKane, nextredstyle и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Еве ова, јас никогаш немаше да го кажам толку добро.
    Навредување не е во ред по никоја основа и тоа е една крајност.
    Ама постои и лутење без причина и тоа е друга крајност и мислам дека тоа често се дешава кога станува збор за културно присвојување.
    Никаде не видов некој да тврди дека тоа присвоеното е негово туку само му се допаѓа.

    Некоја црнка може да се налути затоа што некоја бела носи плетенки заради тоа што црнците имаат доживувано секакви терори од белците, па дури и таа црнка да нема таков проблем во денешено време, во име на предците ќе се лути, а ние ќе ја поддржиме.
    А кога викаме дека не треба да доаѓаат свекор и свекрва да ве бараат од мама и тато, тогаш традиција е.
    Еми таа традиција потекнува од наши прабаби кои биле продавани и разменувани и на кои сигурно не би им било смешно да гледаат колку несериозно го сфаќаме ние тоа денес.
    Некогаш имам доживување дека либерални сме само за тоа што е популарно во моментот.
     
    На MeowMeow, BloodElf, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    188.652
    Знам де, не сум толку излапена:D
    И јас го тупам контекстот поинаку, за релевантноста на муабетов зборам од стр.48)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Затоа што терминов опфаќа користење на нечии културни обележја вон контекст.

    На пример ова
    Ова е незнаење, а ако некој културно ти укаже на тоа и го бришеш, е навредливо.

    И можеме да дебатираме дали вреди да се навредени за тоа, јас мислам дека штом се навредени значи имаат причина и пробувам да ја сфатам. Ако им значи значењето, ќе сакам да го знам. Од друга страна го имаш аргументот на не ми е гајле.

    Не можеме да преправаме дефиниции и да сведуваме на тоа дека присвојување е само тоа што терминот значи на македонски - претставување ко свое. И ревијата на Викторија'с Сикрет немаше за цел да каже дека тие ги измислиле индијанските симболи, а сепак е културно присвојување вон контекст. На тој линкот што го постирав многу погоре во детали беше објаснато како е тоа навредливо и од каде доаѓа нивниот револт.
     
    На Bezimenka90 и kravce им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.805
    Допаѓања:
    274.763
    А да не заборавиме и дека културата и традицијата се социјален коцепт, ако јас не се осеќам како припадник на некој етникум, кој може да ми каже дека е "мое" нешто? Како е "моја" традиција нешто што некој друг го избрал за мене?
    Можеби не се пронаоѓам во она што ме воспитале родителите, се пронаоѓам во некоја друга култура.
    Треба да замолам за прием?
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.550
    Допаѓања:
    62.310
    Пол:
    Женски
    Можеш да ми пуштиш линк, може и во приватна порака ако сакаш. Секогаш сум заинтересирана да научам нови работи, баш сакам да видам. Ако некој објаснува како точно изгледа сето тоа, како е правилно да се практикува тогаш мислам дека нема проблем. Не се пробува да уништи нечија кариера, туку едуцира за правилно практикување на одредено нешто.

    Е сега имаш здрав начин на критикување и имаш една нова cancel culture што буквално може да му уништи кариера на некој човек. Не знам која беше од Американскиве пејачки, беше на таргет оти имала пластични операции. И девојчето се огласи за тој проблем, што ставала и како ставала. "Проблемот" беше што се погоди во истиот ден кога беа најмасовните протести за БЛМ и долу вриеше лавина од коментари дека е сељанка што се објаснува за пластична хирургија, а ваму луѓе умираат. Па се направи #cancel на нејзина сметка, буквално се пробаа да го уништат девојчето, кое инаку беше учесник на самите протести и е доста гласна за истото. Па се пробаа да и накалемат дека ги измонтирала сликите од неа на протест, па мораше да го контактира фотографот кој ја сликал на протестите за да потврди дека уствари тоа е таа.

    Е сега јас немам проблем ти мене да ми кажеш за јога. И тоа сакам да знам точно, прифаќам да се едуцирам, од мене сигурно повеќе знаеш. Ама на пример ако јас направам нешто погрешно (иако сум немала лоша намера) ти да ми извадиш #cancelKateKane и со тоа да ми уништиш кариера, да ме напаѓаш иако никако лично ништо не сум ти направила е ептен погрешно. Не може да сакаш да го уништиш човек професионално заради такво нешто, не е фер.

    И мислам дека од тука доаѓаат конфликтите и сударите помеѓу две групи. И затоа мислам дека најубаво е да се најде заедничка средина помеѓу едукација и користење на одредени работи. Кенсел култура искрено сметам дека е претоксично нешто што се создаде последниве години и дека некојпат навистина се претерува.
     
    На Nausicaa, MeowMeow, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    Контекстот е дека девојчето е инфлуенсерка (или бар така сфатив) и заработува пари со туѓата култура.

    Еден пасус ја делел, "Инспирирана од таа и таа култура". Ама место тоа решила да брише коментари.

    Секој има право да прави што сака со своето тело, ама и секој има право да се осеќа како што се осеќа.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.