За мене не е. Ако некој е навреден не значи дека е во право. Може да ми каже зошто е навреден, а јас можам да не прифатам и да не сметам дека е релевантно. Секој од се' може да биде навреден; буквално од се'. Точно. И јас се осеќам некако во однос на многу верски и традиционални пракси во земјава, но немам право да барам да ги прават или да не ги прават другите луѓе.
Cultural appropriation is broadly defined as the adoption of elements of a minority culture - typically by members of a dominant culture. Ај да се согласиме околу дефиницијата, па да го утврдиме и контекстот. Порелевантно би било да дискутираме дали носите шалвари и дали некој има право да го чувствува тоа како културно присвојување. Пошто а фризура, а облека, мене ми се исто поврзани за култура и традиција.
Имаше дебата кај Yoga Girl за ова, одамна беше и стварно не знам на кои постови се коментарите. Но ќе ги сретнеш ако следиш јога на Инста. Таа реши да не ги брише и одговори на културен начин - добро, сфаќам што е работата, ќе се трудам да учам повеќе. И потоа имаше доста подкасти, покани Индијци јогини да зборуваат од своја страна, проба да ја едуцира јавноста зашто сфати дека треба простор за тоа, а таа може да го обезбеди. Многу други го следеа примерот. Ова е различно од бришење и игнорантност, и не беше канцелирана. Еве нешто и од лична страна, како се чувствуваат Индијците во врска со комерцијализацијата. Секако дека не поддржувам такви примери на cancel culture. Дури и ја заследив инфлуенсерката од темава зашто е многу, многу убава. Што не значи дека ако има проблем и некој реагира, нема да се обидам да го сфатам.
Точно. Не гледај што те нервира. Јас така правам. И многу црнкињи што искрено се одлични во тоа што го прават, престанав да ги следам затоа што се агресивни и се' живо им смета, за во следното видео да се жалат дека немаат доволно белци следачи и затоа не се толку успешни. Епа еве сум, бел следач, ама ако на секое видео ми објаснуваш колку не чинам - пази, те гледам во слободно време и за забава - зошто да те гледам и понатаму? Ако сакаш да те прифати поширока публика, содржината треба да ти е за поширока публика. Не може на секое видео да бараме влакна во јајце, итс гетинг олд, другите раси/нации те отследуваат и секако дека не собираш доволна маса на народ кога создаваш само за една група. Тука зборувам за афро-американките, сум приметила дека црнкињите од Британија пример не се толку милитантни иако за исти теми зборуваат, па немам проблем да ме "едуцираат".
Зависи кај сакаш да те примат. Во Аватар филмот, ете можеше, во некои култури просто не можеш, мора да се родиш.
Кога сте веќе во елемент на темава, ајварот од словенците да го вратите, песните од Бугарија што ги присвојуваат и името од грците успат. Секако, прво, афро фризурата на црнците.
Ама не мора никој да биде прифатен за свој, доволно е да биде прифатен како еднаков, човек. Пошто се тоа, бои, раси, нации, се толку небитни параметри, кога во основа сите имаме исти потреби, желби и стравови.
Дополни со носење шалвари. Не дека сум експерт на темава. И мене ми е нов концепт. Може не сум ни јас во право со дефинициите. Ама ете ме интересира темата и сакам да читам мислења. Мене ми боде очи и ми е несфатлив само моментот на "Има побитни работи, што се замарате со ова". Да има, ама не значи дека не смеам да се заинтересирам и за нешто друго.
Не е културна апропријација кога е за вакви "некул" работи како ајвар, пф. Ние спаѓаме во вајт привилиџ
Пак се сведува се на здрав критицизам и на здраво одговарање на критика. Мислам дека сите се согласуваме дека екстрем не е добар и најчесто има спротивна реакција наместо посакуваната. И пак ќе речам ваквите проблеми се решаваат со многу дебати, многу едукација, а не со токсични трендови. Дефанзивност и лавовски борење за своја култура и традиција ми се сосем океј, cancel culture на луѓе кои за некои работи не се криви не е. Ќе ја читнам статијата што ми ја прати, thank you
Ама што кога здрав критицизам е пресретнат со "ми е гајле како ти се чувствуваш, немаш право да бидеш навреден, кенкав си, претерано чувствителен за ништо"? @Bridget, ако конечно се договориме што ова значи, може и ќе си ги вратиме ајварот и песните. Засега, не сме навредени зашто немаме право да бидеме. Секој има право да си користи нешто од туѓа култура без да даде признание.
На твитер една црнкиња стана вирална одкако се пожали дека ја застанал полицаец додека возела и се понашал многу агресивно, бил страшен расист, иако сите документи и биле уредни и како смее тоа во 21 век да се дешава сеуште. Во коментари поддршка за нејзе, пцуење на полиција, масивно. Од што беше толку масивно, стигна и до полицијата на градот кај што била застаната и полицаецот имал вклучена камера во моментот кога ја застанал и снимал. Некаде веќе почнаа да се задолжителни камерите за да нема вакви проблеми, ама не се секаде сеуште и валда типкава не помислила на камера. Полицијата го објавува видеото, полицаецот најкултурен и најљубезен што може да биде. Претерувања има од двете страни.
Буквално ми се има случено. Бев на подолг престој надвор, и падна на предмет на дебата како белците (не само во Америка) сме биле во надредена ситуација. И се потрудив да објаснам од кај доаѓам и што како, ама кога е некој во бабл џабе е.
Во однос на црнци и индијанци Гламке. Нит сме колонизирале, нит сме покорувале, дека сме расисти кон Роми сме, ама не сум сигурна што од нивна култура сме украле.