Ама никој не го оспори тоа. Тоа што со страни наназад го зборуваме е дека ако они имаат обележје кое е навредливо да го носат други луѓе, при што не зборувам на имитирање со цел да се направи пародија, тој екслузивитет дали ќе го реши проблемот на ромите како маргиналзиирани во општеството?
Шанса нема. Од сите црнци што ги запознав во животот, ни еден другар не е амер. Сите се од бивши колонии, многу кул народи, сакаат да зборуваат и да слушаат за туѓа култура. Знаеш што забелешка уствари добив од афро-американец? Дека не е ок да се лакирам со црн лак. Како ова да го сфатам сериозно, не знам. Јас така си се осеЧам.
А ако им земеш дел од култура и тие се побунат па ги игнорираш, ќе им го решиш проблемот со тоа што ќе им кажеш дека се бунат за смешки? Само одговорив на твој краток коментар дека бесцелно е во МК да правиме муабет за вајт привилиџ. Има и меѓу нас такви ставови.
Не прашав. Сега ми текна на забелешката, нон-стоп типот некого замараше, знам дека на друг црнец, неамериканец, му досаѓаше зашто носел старки.
Дај ми пример за вајт привилеџ молим те. Има само рич привилеџ, евентуално партиски функционер привилеџ
Ама не зборуваме тука за Ромите. Ако зборуваме за нив, да, ама пак не би рекла дека е до толку расата пресудна во привилегијата, колку националноста нивна. Зборувам за наши услови. Може и си имам, мора да докажам? Нејшнал привилиџ и те како има. Да почнеме од Рамковен?
Ај не турај уште вода во киселината, стално ме интересира што може да биде привилегија на белец во МК Привилегија наспроти кого?
Па тоа де кажувам. Не само во мк, генерално и во Европа. Национализам и дискриминација врз основа на национална/етничка/верска припадност - ех. Ама расизам баш... може во поголемите метрополи освен Лондон и има други раси, ама генерално Европа нема толку голем расен диверзитет за да успееме да бидеме расисти кон некого. Па на Балканов па...
Читај го Виталиј во темата за расизам. Дадов пример и за нашите низ Европа, Америка и Австралија. И кон нашите мажени/женети со црнци има одвратни коментари. За Ноне и црниот дечко имаше. И ако ова не е релевантно зашто тука нема црнци, како се тогаш релевантни тие повозвишени каузи што ги споменувавте претходно? Светски глад, детски труд и слично? Ги користиме прозводите од детски труд и злоупотребувани работници на плантажи и треба да научиме нешто повеќе околу тоа. Имаме примери и конкретни за темава, еве јогата ко најраспространет, и зошто да не погледнеме подалеку од - што ми е ќеиф тоа правам и шо ме замараш? И да, се замислив за лепенката со дрим кечерот во купатило затоа што е сквернавење на нешто што некому му значи. И ми подарија дрвен Буда, немам намера да го изложам во домот затоа што би било ко декорација и тотално вон контекст. Си стои во кутија.
Ако го земеме форумов за пример, оние со расистички коментари се навистина на една рака да изброиш. Националистички, ксенофобни изјави пак, им нема крај.
White privilege не значи дека сите белци имаат исти привилегии, класната поделба и те како прави разлика. И мене ме иритира кога се' во Европа ставаат во ист кош, и многу сум дебатирала за ова. Ама white privilege значи дека твојата кожа ќе зборува пред ти било што да кажеш. Факт е дека на многу места во светов, ќе бидеме третирани подобро од црнци. Тоа те става во надредена позиција, била ти расист или не. Македонија е многу расистичка земја, меѓу другото. Toa e white privilege, не знам зошто упорно барате bubbles таму каде што ги нема. Edit: @Biljarkata на плоштад претепаа црнци туристи од чиста мира пред неколку години. Да не беа црнци, немаше да ги претепаат. Тоа е white privilege. Не можам да ја најдам веста, многу претепани има на плоштад, ама не може само јас да се сеќавам. И коментарите на веста ги имаше ставено некој во СДК мислам, коментарите беа да се исповратиш.
Освен Ромите, кон кого сме расисти? И мене тоа не ми е јасно. Кои раси ги имаме, за да бидеме расисти? И не на друго место, како во Македонија имам привилегија што сум бела?
Цитат од тема расизам: Да не си била бела, туку црна, ќе се плашеше народ од тебе тука. Ќе бегале пошто сигурно крадеш, смрдиш, вошки имаш и што ти знам.
И уште еве едно нешто ме интересира. Другарка Македонка, мажена е со Американец, црнец. Децана не личат ни најмалку на црнци, бели се, потемни од мајка им, ама сепак гледајќи ги не би рекол никој дека татко им е црнец. Дали тие две имаат право на "користење" на афричка+македонска култура? По физиономија не се црни, по крв се полуцрнци. Дали треба да им се бара на секое да докажуваат потекло? Инаку другаркава има доста неприлики, во САД, не тука, каде што се дрзнуваат да ја прашаат дали се негови. Глупо прашање, ама се случува. И генерално од негова поширока фамилија не се прифатени девојчињата затоа што не се доволно црни. И ред други глупи ситуации, каде што во формулари има пополнето дека се миксд итн. па ја препрашуваат. Од друга страна и татково има осетено расизам, затоа што го прашале повеќе од еднаш чии се децата и со сомнеж го гледаат. Јас би рекла дека едноставно постојат срање луѓе, а постојат и предефанзивни луѓе. Место да се движиме кон зближување, целта е да се поделиме што повеќе. Дали ако имам дете со Бугар тоа мора да одлучи што е негово? Мора да одбере страна?
Па не сме баш секаде во предност. Зборам за бабл зошто и јас бев во бабл пред да искусам сама. Работев пред неколку години со фирма во која имаше луѓе од црна раса примени по нешто слично како нашиот рамковен, зошто по закон мора одреден процент да има. Верувај јас како бела не бев воопшто во надредена позиција. Што не значи дека на други места белите не се во предност. Инаку во Европа конкретно има дискриминација кон луѓе од Балкан. На пример, дел ќе одбијат да ти издадат стан заради тоа што имале проблем со балканци порано. И сега ако прават тавче гравче дома и го постираат на социјални мрежи јас треба нешто навредена да се осеќам?
Реков, има срање луѓе. Веројатно турист, од сите 10 државјани црнци што ги имаме, може па и начекала некој. За греота. Не викам дека нема. Него национализмот е многу посериозен и пораспространет. И многу повеќе "жртви" има.