Сериозно ова? Демек треба да живее до тебе за да може да си расист? Еден куп расистички коментари се имам и изнаслушано и изначитано. Па татко ми има кажано ќе ме исели од дома ако донесам дечко црнец (среќа се иселив на 18 ). Има такви со лопата да ги ринеш и ринеш. И посебно е лесно да си расист ако не се околу тебе. Ако си во хомогено општество, нормално дека нема да имаш привилегија на база на боја на кожа, се дур не се прошета некој поразличен. Тоа не ја прави државата помалку расистичка, туку со помала шанса да го покаже расизмот во пракса. И btw, има црнци во Македонија. @Celltica и те како има дискриминација кон Балканот, посебно во некои земји. Сум осетила и јас на своја кожа, за жал.
Знам дека има, но се премалце. Ок, мене не ми кажувале такви работи по дома, дури ни во друштво не сум чула расистички коментари. Знаат дека имам пријатели црнци, не сум била критикувана. Највеќе жртви на расизам се сепак Ромите, "црн си како Циган" на пример, не е така ретка узречица. Еден пример, малце смешен. Одиме фамилијарно на ромска свадба, кај на другаркава моја член од семејство. Кај нив пола фамилија преселена е Германија, Австрија... Мајка ми е доста темна, татко ми е светол, пресветол... плав, плави очи. И тече свадбата, и доаѓа другарка ми да ми каже дека цело време ја прашувале кај го нашла "нашава" овој "швабово"
Никако не оспорувам дека за жал, најмногу трпат Ромите, и дека страшно многу малку се зборува и прави околу ова. Мило ми е што тоа е твоето искуство, и стварно би сакала да си во право, ама искрено мислам дека не е така. Го знаеш општеството во кое живееме, и колку силно се спротивставува на се' што е различно. Ова успеав да најдам: https://www.mkd.mk/crna-hronika/majka-od-skopje-se-zhali-na-rasistichki-napad-vrz-nejzinite-deca Деца! Мислам дека не беа туристи ко што пишав претходно, јас ги измешав штипките. Ова беше веста, а на ФБ имаше еден куп коментари од типот на што барала со црнец, сама си го барала, нели можела наш да најде, црнчуги, итн. итн. https://sport1.mk/kosharka/domashno...botnichki-srede-skopje-napadnat-od-makedonski И тие малку што живеат тука, се физички напаѓани. Мислам дека можеш да замислиш колку размислуваат примитивно, без да нападнат. Каква и да е ситуацијата, дека расистите се премалку, дефинитивно не би рекла.
Копирав негде погоре, разлика меѓу ксенофобија и расизам. Расизмот претпоставува супериорност на една раса над друга, можеби споменатиот член го изаразувал истото. Македонците во глобала се ксенофоби, најлесно е да изразат ксенофобија кон очигледно друга раса. А на примерите погоре не значат дека народот станал расистички, те дека нешто супериорен се чувствува, туку дека е во застрашувачки пораст примитивизмот и насилството, кои поминуваат неказнето. Секојдневни примери има на страшно дивјаштво во јсп, не дека само на црнци и роми, скокаат дивјаци, независно од етничко потекло. Тоа е страшно. Јас, во европски град, во автобус полн црнци и тоа мажи, се чувствував безбедно, во јсп не би се чувствувала безбедно. Искрено, ни пред 10 години на плоштад во Скопје не се чувствував безбедно.
@Biljarkata во право си. Но сум забележала уште еден интересен феномен, посебно кај народи што историски не биле воопшто доминантни, а притоа се и сиромашни (што во принцип скоро секогаш оди рака по рака со првото), па го користат на пример расизмот за да се чувствуваат барем во некој поглед доминантни и подобри од некои други. Од овој аспект, не е ни чудно што сe е собрано на нашите простори.
Абе многу дијагнози си имаме, не дека не. Еве, на пример, толку многу се идентификуваме со американците, што и товарот на нивниот вајт привилеџ ќе го земеме. И виновни за робовладетелство и колонијализам би биле. Тоа е. А сесловенските просветители комотно може да бидат себугарски. Може им пречи на словенците и чесите, нас ич не ни чуе.
Ај уште еднаш зашто или не ме сфаќате или нејќете да ме сфатите. Третата опција е навредлива па ќе ја исклучам. Примерот врска нема со темава, културно присвојување, велам не можеш на некој да му кажеш дали смее или не смее да биде навреден ако земаш елементи од неговата култура, верувања штогод, вие ми давате пример како тој ќе се навреди од мојата култура. Тоа врска нема со темава, и воопшто не ми е гајле дали ќе се навреди дали носам минич или не, затоа што тоа е мое лично. Се разбираме ли? Културно присвојување? Не дали мојата религија му смета на нему или не? Веројатно се разбираме сеа, да не глумиме лудило. Ок Камелија, ок.
Гледај, американците та бели та црни ја имаат предноста на медиумскиот колонијализам, тоа е факт. А исто така е факт, дека тие што проба да ги опишеш, не коментираа на темава сами. Јас не видов никој да зема туѓ товар, ни па да се идентификува со колонијализмот, туку видов луѓе што сакаат да се информираат и да разберат зошто некои работи се такви какви што се.
Дај фото од викиншката култура, судот на фемина да пресуди. In meantime... го приложувам доказот број 1- фризура на македонска невеста доказ број 2- традиционална фризура од Прилеп
Има расизам во Македонија како не. Ужасни расисти живеат меѓу нас, проста маса. Не се коментира толку многу затоа што не сме опкружени со такво население, ама да прошета црн човек и да искочи некаква статија ќе видите какви гадни коментари има. Постои и огромна привилегија на белците, особено во Америка. Имаше еден случај каде учествувале заедно во кражба црнец и белец, двајцата ги фаќаат, црнецот добива дупла казна. Подеднакво криминално досие и двајцата, подеднаква вина, различна казна. Уште им постои во фирми, има газди не сакаат да вработат црни луѓе. Особено па во конзервативни земји уште пострашно е. Има еден куп клипови каде се гледа колку гадно знае полиција да им се испонаша. Никогаш нема да заборавам еден клип каде црнец носи бремена жена на пораѓање, полицаец ги замара со триста небитни работи и ја игнорира ситуацијата. И за сето ова мора да се зборува, ова мора да се искорени. И апсолутно поддржувам секакво движење што нив ги носи во позитивен правец, во правец на прифаќање. Кога живеев странство си имав симпатија со црна боја на кожа, имам кажано дека можам да се замислам со таков човек во врска. Проблемот според мене настанува кога се случуваат вакви работи, кога се напаѓаат луѓе и им се наметнува нивно canceling за банални работи. И мислам дека со тоа си прават контрауслуга и само се продлабочува зјапот кој постои меѓу одредени раси. Контраефект според мене се прави кога се лутат зошто бела жена носи плетенки, наместо да се насочува секоја дискусија кон тоа како се создала сама таа фризура, да се бележи секое културно наследство. Има луѓе да ти е милина да ги слушаш, учиш за нивна култура и традиции и апсолутно убаво разграничуваат што трпеле и зошто одредени движења се многу битни. А агресивно ако не си со нас си против нас и мораш да си кенслнат води само кон пошироко и поголемо отцепување. Не ми смета расизам само кон црнци, туку кон сите, особено латиноамериканци го трпат исто во Америка. И со нив прегадно се однесуваат и се надевам дека и тие ќе почнат да стануваат погласни, Alexandria Ocasio-Cortez ми е љубов. Сите што не им е јасно зошто политики за ѕидови се кобни за нечии животи нека и ги слушаат неа говорите, ќе им се разјасни. Да се вратам за расизам кон луѓе со црна раса, мислам дека апсолутно се во право за многу работи. Досега сите протести ги поддржувам. Е сега се надевам дека кога би дискутирале со мене не би ми замериле за некои критики што ги имам. Пак ќе речам дека кршењето на продавници со мали бизниси од каде луѓе пари за леб вадат не им требаше. За Адидас и Најк не е толку битно, ама буквално имаа искршено мали продавнички од луѓе кои ништо не им згрешиле. И тоа што кажувам критика не значи дека го мразам некого или го деминизирам, едноставно давам мое мислење за како нешто може да има поголем ефект и да не дава причини за некој да се дефокусира од тоа што е битно. Крај краева никогаш не ми е проблем да се објаснам и да елаборирам зошто нешто мислам. Ако давам конструктивна критика значи дека се замарам со нештото, сакам да дебатирам и да учам за проблематиката. Ама ако некој не сака да слуша и автоматски сака да ме претстави нешто што не сум мислам дека е претерано. И мислам дека со cancel културата нападнаа луѓе кои не беа виновни. Пак ќе повторам тоа не е напад кон нив, туку начин смирено да им се објасни дека луѓе можат да имаат иста цел како нив, ама со некој метод да не се согласуваат.
Никој не спори дека постои расизам и дискриминација во Америка. И со остатокот се согласувам, сигурна сум дека многу повеќе би нашле заеднички работи, отколку работи кои не раздвојуваат. Сакав само да надополнам, околу коментарите - какви коментари на сенешто постојат, абе срам да ме фати, кај сум се родила. Тоа за жени, не па за останатите. Ама ај кажете ми дека се мала група примитивци, плиз, излажете ме нешто. Без фб светот стварно изгледа многу понормален.
Само да ве потсетам дека целата модна индустрија,односно модата во светот до сега и сега е инспирирана,креирана од различни народи, култури и нивни карактеристични периоди.
И тие поставуваат правила што ќе е кул а што не. Да стават слика од невестиве погоре прилепски, тешко дека некој ќе се инспирира за плетенка. Ама со одличен модел, фотографер и ефекти, ќе нема женска што нема да посака плетенки. Па гајле им е од каде потекнуваат. И тие светски познати списанија се први што ставале женски од различни раси, култури, кршеле табуа и предрасуди за убавина, за сега да ги обвинат можеби за крадење на нечија култура. ТоВа е.
Баш Александрија ја спомнав во темата за кенселнување. Кога и' скокнаа сите и ја направија нешто што не е - трансфоб. Нема критика, чим Трајче се најде навреден, без да размисли дали е навреда, ајде сите навредени. Преглуп пример беше тоа, колку подводливи се луѓето. Некад и да не си навреден ќе помислиш дека треба да бидеш.
За што други примери? За расизам? Не ни' требаат други примери. Тоа што се Ромите маргинализирани не е нешто непознато и ново. Тоа што ништо не се прави за да се смени нашето воспитување, тоа е веќе друго. Иако пак не сум сигурна во која мера е расизам (подобри сме оти сме побели) а во која мера ксенофобија (мојот етникум е подобар). Не мислам дека луѓето се плашат или бегаат од Роми поради бојата на кожата, колку што го прават тоа поради стереотипи за однесувањето на Ромите.
Ама ти цитирав конкретно мислење — црн си ко циган. Како не е поради бојата на кожата и зошто се правиме мутави? Нема расизам овде, океј. И ти бараше други примери освен, ко тоа да не е доволно.