1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Културното присвојување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од The Saturdays, 6 јануари 2021.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Не верувам.
    Не можам да се сетам на конкретна работа.
    Можеби ако лично нешто, да речеме мајка ми земе ја истетовира некој непознат оти му е убава, ама тоа е глуп пример сепак.

    Симболи и слично немам што до толку ми значат за да се замарам што прави некој на интернет со нив.

    Еве пример што би ме замарало. Знаеш дека не сум верник. Сепак би ми било навредливо некој да истетовира да речеме крст со Исус стриптизер (пак глуп пример, фор д сејк оф ит).

    Ама не ми смета тетоважата како тетоважа или неговото мислење за Исус, ми смета пораката што ја праќа со тетоважата кон верниците.

    Не знам дали се разбираме.
     
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Можеби подобар пример е еве јас како неверник исто со благо кажано, не многу високо мислење кон религии, да земам да се накитам со крстови, бројаници како моден додаток.

    И да шетам така, да ме види некој од попосветените верници, не знам дали би им било сеедно.
     
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Секој имс право што сака да прави со своето тело. Еден од основните феминистички концепти, нели?
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ќе се разбереме, уште од вчера е јасно. :D
    Ама ете замисли го крстот тетовиран на несоодветно место, од некој што не ни знае што значи и не се замара да сфати. Визуелно му е сладок.

    И не мора да е некој од интернет де :) а и тие од интернет се вистински луѓе и одраз на вистински проблеми, ама ај ќе релативизираме со social justice warriors од интернет — поим користен за навреда што сте го научиле каде? На интернет. :doh:
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Ама важна е пораката, според мене велам.
    Дали ти ќе пренесуваш омаловажување со самото носење?
    Тоа што не си верник не е причина да не носиш.
    Или еве славам Божиќ, славам Велигден, а не сум верник.

    Идиотски ми е, безобразно да земам да залепам ку*ови на јајцата, самото фарбање јајца не е непочитување кон верниците.

    Дури и да им смета јас мислам не треба да им смета, затоа што никако не правам нешто со цел да ги омаловажам.
     
  6. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Е има де. Ама сигурно нема да ти текне да си истетовираш свастика и го посетиш Израел.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Крст според христијанство ако не се лажам не ни смее да се тетовира, како ништо впрочем, ама друга ми е поентата.

    До каде може да е некој навреден од моето тело, моите постапки, каде ја преминува границата и ми ја одзема автономијата?

    За мене кажав каде е, за луѓево уште не разбирам каде е.

    Па тоа го збориме.
    Некои работи се знае дека се провокација, омаловажување, навреда, како пример свастиката.
    Не во Израел, каде било на светов.

    Затоа велам тука ми е границата.
    Свастика никогаш не е во ред заради контекстот.
     
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Имаш право и на тоа.
     
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Па важна е секако, цело време тоа е темата.
    Ама ако стартувам нова модна линија на бројаници со крстови и еднорози до нив да речеме и ги продавам онлајн не е во ред.

    А тоа е новата појава, примерите со јогата. Бар јас така сфатив.
     
    На Purplelilac и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Точно, не смее да се тетовира, но го зедовме ко пример зашто ти го спомна ко единствено нешто што ти текна. Мајка ти не ја чепкам.

    А границата е во твоето почитување или непочитување на значењето.
    Кога сме кај телото, што е различно со свастиката што ја спомна ко исклучок? Пак тој аргумент ќе се користи, телото никој не смее да ти го коментира.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Па ни тоа не ми е до толку трагично искрено, пошто не го гледам како намерна провокација.

    Сепак изгледа е морално прашање, слободно за интерпретација.
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Да, не го гледаме ти и јас како неверници. По тоа прашање треба некој верник да се изјасни, не ние да му наметнеме дали да се осеќа навредено или не.
     
    На Purplelilac и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Не смее, не можам никому да забранам свастика да тетовира.

    Ама не можеме да споредиме свастика тетовирана чие значење е повеќе од јасно, и пример, еврејска поговорка истетовирана.
    Првото е со намера да навреди и повреди, второво не.

    Јас тука ја гледам разликата, судење на секоја личност посебно и нејзините постапки, дали тоа го прави со цел да омаловажи, или го прави затоа што нешто од нечија култура и' се допаднало.
     
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Баш убаво што спомнавте свастика, одличен пример за културно присвојување од источните култури.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Ама, пак, колку луѓе - толку чувства, нели?
    Не можеш на секој еден да погодиш.
    Што и да правиш некој ќе биде навреден.
    Не може од се' да биде навреден. Мора да се изнајде точно што е навреда, а што не е навреда.

    Пошто секој може да си земе за право се' да присвојува, можеме или индивидуално да пристапуваме, или да се апстрахираме од навредените, ако гледаме дека заеднички јазик не ќе најдеме.

    Затоа ги спомнав јајцата. Без оглед дали некој верник ќе се најде навреден, јас нема да престанам да ги фарбам. Затоа што може него се' да му значи, ама не може во мојот дом да ми кажува што да правам.
    Затоа што можеме и да ја свртиме паричката, па мене да ме навредуваат многу работи што истата група ги прави.

    Затоа велам, полека со милитантноста. Во ред е да објасниш, укажеш, но не е во ред да наредуваш кој што ќе прави.
     
    На Purplelilac и asdas им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Значи сепак имало граници на твоето тело.

    Да, има разлика во намерата. Ама зошто намерата за поговорката да не е почит по претходно истражување, туку визуелни буквички што некој ги нашол по пет минути истражување на Гугл? И ако по тоа истражување им ја сфатиш приврзаноста, да размислиш дали воопшто да ја ставиш тетоважата?
    Ти секако ќе направиш што сакаш, тоа не е спорно и никој нема да ти го забрани. Ама и ним не може да им се забрани да имаат мислење за нешто свое.

    И пак со банални примери за тетоважи а поважните се игнорираат.
    Или јајцата (facepalm) се навредил некој од нив досега?

    Дали може да ги разгледаме позначајните примери и дали ќе се согласиме дека културно присвојување постои ко концепт?
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Не го гледам јас до толку индивидуално (некој човек сака да носи нешто), туку глобално. После дискусииве тука се расчитав и ми се допадна една реченица што го опишува културново присвојување.
    Пишуваше проблем е селективноста. Третирање поинаку (пример Индијанците што ги ставаат да живеат во резервати) на група луѓе кога им одговара, ама присвојување на нивната култура кога имаат некоја корист (маскотите).
    Тоа би било некој textbook пример.
     
    На Purplelilac, CameliaMiller и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.727
    Постои, ни еднаш не го оспорив тоа.

    Сите учествуваме во истото, дури и оние кои се бунат. Од малиот има помал секогаш, нели по дефиниција ако одиме.

    Сега, веќе се разбравме дека за симболите кои ги користам (не велам присвојувам, секаде назначувам дека е индијанско име, арапски мотив, хебрејска поговорка) но, не чувствувам вина затоа што не стои ништо злобно зад мојот мотив за истото. И ако да речеме индијанец се побуни за името, немам како да постапам поинаку освен да му го кажам тоа што ти го кажувам и тебе - ми се допаѓа, го знам значењето, нема да престанам да го користам. Значењето е убаво, сепак е лично име во прашање. Значи не е смислена навреда кон Широки индијанци.

    Еве примери што ми бодат очи, не знам дали се присвојување, не знам каде се категоризираат, мислам дека се невкусни и немаат ништо позитивно во суштината, за која нели зборувам.

    - Потемнување до степен на блекфејс. Да, е сопствено тело, но ваљда знаеме што е блекфејс и зошто не треба да го правиме.

    - Импланти и чудесии за огромни бутови, во комбинација со блекфејс - црнкињите се изложени на страшен расизам поради својата градба најчесто, особено нивните нозе, бутови. Истовремено се црнкињите жртва поради таа телесна градба, а бели жени воспевани колку се убави. Хипокризија е тоа.

    Има и други примери.

    Е сега, да, не можеме да им кажеме што да прават со своите тела. Но тоа што го прават со своите тела без да размислат од каде потекнува трендот ги прави површни и плиткоумни. Не ги прави нужно расисти пример.

    Затоа велам во целата приказна најважен е контекстот. Можеби и знам што е ом (не знам) од слика не можеш да знаеш дали знам. Може да дискутираме, да објасниме, не може да наредуваме.

    На крај ќе испадне и исто збориме. Не е дека немаат причина во дадени примери да бидат навредени. Ама ако пристапат со наредба, а не со желба за едукација, се раѓа дефанзива и секако дека ќе речеме - мое тело, мое право.

    Се согласувам јас со тебе дека е глупаво да правиш работи само затоа што се тренд, без да знаеш значење. Но сепак, повеќе сакам да се дискутира и едуцира, него забранува.

    Затоа што автономијата над себе и својот живот е над секое останато право, дури и кога грешиме.
     
    На Purplelilac и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Па се согласуваме до негде, ете. Ама знаеш ли колку желба за едукација има и статии и статии од лично искуство, па и експерти и академци? Постирав и неколку линкчиња. Да не се фокусираме само на канцелирањето, има и друга многу поважна страна на паричката. Децении им требаа на Индијанците за да издејствуваат отстранување на тие имиња и маскоти.
    Тоа што ме интересира и сум ја прочитала па и сфатила нивната страна не ми е бесцелно изгубено време на тривијални прашања. Вчера беше тој муабетот, сосем друг. Со хехенца и многу ми е гајле што некој мисли, а не со — ќе му кажам дека знам што значи и ќе пробам да се објаснам.

    И стварно ова стана напорно, свесна сум дека и јас сум напорна. :D
    Ај да си легнеме. :yawn:
     
    Последна измена: 14 јануари 2021
    На Purplelilac и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    17.251
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека човек кој е нормален би ти пристапил и би ти наредил да ја отстраниш тетоважата пошто го вреѓа. Би рекла може да се заинтересира што те мотивирало да го истетовираш тоа. Ќе му речеш едноставно ми се допаѓа како дел од таа и таа култура и толку. Секој ќе си продолжи со денот.
    Не дека нема луѓе кои ќе се навредат по default, ама тие се тие кои кенселуваат од прва без објаснување. Такви секогаш ќе има, ама не значи дека треба да одиме во крајности.

    Навистина треба да спијам. :D
    Лека ноќ девојки.
     
    На Purplelilac и CameliaMiller им се допаѓа ова.