Cultural appropriation би било и кога црнкиња, која не потекнува од Африка, ја носи косата така, а не само за белкиња! Но, никогаш досега не сум приметила некој да нападне рандом црнкиња за ова и да провери дали потекнува од Африка. Cultural appropriation би било и да јадеш кинеска храна, а не си од Азија или Кинез. Турска храна исто хехе. Да живее #Ќебап! Дупли стандарди?
Епа ајде тогаш да не носиме леопардски и тигарски принтови, да не апропираме британски и француски шаблони на облека, туку само да си носиме народни носии и опинци.
првата слика е буквално blackface. лошооо. уште ѝ фали јавно да го изусти зборот на н глумејќи на тикток.
Кај да е ќе барата латинските јазици да си го сменат зборот негро, а Нигер и Нигерија да се прекрстат.
Нема чувства кога се работи за слобода на говор. Кавани (Уругваец) го казнија пошто на инстаграм си го тагнал другарчето и му пишал негрито <3. Знаеш за што се употребува негрито во Јужна Америка?
нема потреба да се цитирам со некој што не ја знае или разбира разликата помеѓу the n word racial slur и име на држава/боја. а за да не бидам офф топик, ќе кажам само дека марис да беше дел од блогерската сфера на која било друга држава (поготово некоја западна), ќе беше dragged to hell and back за позирање како црнкиња/blackface.
А ако си Кардашијан може? Стварно битен проблем кој не тангира нас, и кој елоквентно може да го дебатираме на мк форум Или сите во Франција се преселивме? Не ја познавам госпоѓицата иначе, а ни гугл не ја познава
Искрено, ова би било крајно контроверзен став на интернационално ниво по социјалниве мрежи, ама во голема мера потресувањево за cultural appropriation ми е непотребна пречувствителност, уште од оној фамозниот случај со традиционалниот кинески фустан на матура на девојче на твитер пред неколку години, па сè до разни сè построги критериуми според кои сите би испаднале во некоја прилика проблематични и расисти. За blackface на пример разбирам во секој случај дека е навредливо поради историјата зад истото - бели актери си ги боеле лицата за на исмејувачки начин да претставуваат црни ликови. Ама детали од облека, фризури, музички или елементи од друга уметност, познати церемонии и празници... тоа се работи кои и тоа како може да се мешаат низ народи и да има желба да се искусат во одредени прилики без никакви лоши намери, туку баш напротив, поради почит и восхит кон одредена туѓа култура. Што е следно, и за пробување туѓи национални кујни или дури и учење јазици да почнеме да се ограничуваме? Не знам стварно, некои од овие политички коректни наративи како да создаваат само повеќе граници и поделби помеѓу различни раси и култури...
На темава сум многу ... поделена. Од една страна секој треба да прај се шо сака. Ако мене, ете, ситни плетенки ми се убај ( а, како дете ми беа убај и ги носев, основец ко бев, абер немав дека негде во бел свет ги носеле само одредена раса и ова го зборам неиронично зошто се сеќавам колку уживав да си ја плетам косата) како можи некој да ми забрани мојата коса да не ја носам така ако ми седи добро и јас се бендисвам така и така ми е повисока самодовербата? Никој не можи да стави трејдмарк на фризура. Ова тука е сива зона према мене зошто на некои работи не можиме да ставиме „цена“ и „трејдмарк“ зошто на секој можи да му текни за нешто такво во дел од животот ако има одреден тип на коса. Ама пред се, зависи каква коса имаш за каква фризура прајш. Ако твојата коса можи да износи одреден изглед и третман - можи. Ако не можи - не можи со сила. Е сега од друга страна често се оди на темава за дезени. Пример традиционален headwear на индијански племиња, дезени од традиционална облека и тука не е сива зона. Исто и традиционална музика, адети и слично. Ако некој сака да користи наш традиционален мотив, искрено ќе се осеќам flattered. Пред се. Сакам некој да покажва интерес за она шо ме прај мене. Ама исто така ќе сакам да разбери зошто е традиционален, како го негуваме и слично. И од тука ако нешто традиционално од друга култура ми се допадни, ептен би почитувала некој да ми објасни од кај иди пример, традиционалната облека. Кога се носи. Која е историјата зад неа. НО, сосем разбирам ако некој сака културата да си ја чува за себе и не сака да ја шири и не сака некој нос да пика кај шо не му е место. Сметам дека можи да се почитува туѓа култура ако и двете страни се отворени: едната да објасни како и зошто и до каде се границите, а другата да ги почитува тие граници и да не ги пречекорва.
Мислам дека ова баш може да е многу добар пример. Ако некоја рандом жена во Америка, Канада, Австралија, било каде земе и облече наша народна носија и тврди дека е нејзина креација (или генерално дека потекнува од нејзина култура да речеме) е буквално присвојување. Затоа културното присвојување секогаш е лошо. Ама ако таа жена е запознаена со нашата култура и го споделува или на некој начин признава потеклото на носијата, тогаш не е присвојување, туку размена на култури и е ок. Проблемот е што cancel-уваат луѓе без да разграничат културно присвојување од размена на култура. Не е ни политичка коректност на стероиди. Ми делува како луѓето да почнале да бараат секакви ситници за да се осетат навредено.
Јапонци препејуваат македонска традиционална песна. Прават масакр на текстот пошто се Јапонци, логично. По сите светски (амерички) стандарди ова ќе е културно присвојување и ние како народ треба да ги распнеме баткиве. Ако и вие навистина мислите така, немам што да ви кажам...
ЛелеЕеејјј. .мојата омилена Мене ми се кјут, и не се чувстувам вајолетед. .. или како веќе би требало да се чувствувам Ова е културно присвојување, навистина?!
Можеби посоодветен термин е Cultural cringe. Тесно поврзан со културно отуѓување. По дефиниција - каде еден народ ги напушта своите обичаи и ги прифаќа тие на колонизаторот, затоа што ја сметаат својата култура за инфериорна. Е сега не сме колонизирани, бар не во таа смисла. Само има масовно влијание на интернетот и глобализацијата. Ама тоа е веќе друга тема.