Колонизирани сме, баш преку информациите. Филмови, музика, медиуми, 99% се посветени на западниот свет. Мене искрено ништо не ми значи мешање на културите. Не е ново. Од секогаш се случувало. Така ако гледаме, и Христијанството е апропријација што ја направила Римското Кралство, од Израелците.
Не бе не сте колонизирани, американизирани сте. Нео-колонијализам Глобализација е друго, самава тема е доказ за американизација. Who gives a shit во едно општество со 99,9 посто бела европска популација, за културно присвојување на африкански фризури, black lives matter и слични проблеми со кои никако не можам да се поврзам? Како да ви објаснам, имам онолку заедничко со америчките робовладетели, колку што имам со ескимите Инаку убаво објаснување во првиот пасос, не знаев дека и за тоа постои дијагноза
Па американизирани сме преку глобализацијата. Да била повлијателна Кина кај нас, може би славеле Кинеска нова година. Ама не е и слават Св.Валентин.
Можеме. А и од таму ги купуваме. И пак славиме Валентајн, Халовин, Св.Патрик и што друго има по ТВ и нет. Тоа гледаме пошто Англиски повеќето разбираме. За Кинески треба да најдеме со превод.
Да и ги блокират профилите, како смее она таква фризура да носи? Не е доволно БЛМ, недостасува уште black box braids matter! Ќе одам "малку" надвор од темата Премногу сте занесани во таа пропаганда од филмовите и сериите па до секојдневно читање Американси про БЛМ вести. Во Америка при интервју за работа не гледат каква боја на кожата е туку образованието, искуството. Да пред 50-100+ години биле робови и немале никакви права ама сега сме 21 век 2021 година имат исти права-одговорности како сите. White privileged people ќе сме ние за нив и секогаш такви ќе останеме.
Зошто би ми сметало? Не ми смета ниту некој ако превземе било што од "мојата" култура или традиција, а не знам со кое право би му сметало на некого ако јас превземам нешто. Не е мое па некој да ми го зема. Само припаѓам во таа култура. Можат милијарди да припаѓаат, кој како сака. Со кое право на некого би му сметало, како што спомнавте фризурата со плетенки која најчесто ја носат црнки, па сега на црнците ќе им смета ако белци носат таква фризура? Ароганција на нивоУ. Глејте да е човекот на место, да е добар, да е свесен, да е љубезен, не се занимавајте со глупости. Ова е за тие што стварно се нервираат, а иначе за лабава дискусија е интересна тема.
Баш напротив, афирмативната акција зема се поголем замав и колку повеќе идентитетско опресирани квадратчиња штиклираш, толку полесно ќе те вработат големите корпорации. Да можат и од племињата од Амазон ќе вработат некој само да ја зголемат стапката на диверзитет.
Првпат слушам за девојкава... Не разбирам што е проблемот? Каква фризура сака да си носи таква нека си носи, освен ако не се претставува лажно себе си дека има одредено потекло а нема, сè со цел да заработи. Додуша самото тоа што голем број луѓе, особено младите има потреба да се истакнува себеси на инстаграм и сл. кажува за многу проблеми (глад за внимание=недостиг на душевни сили, внатрешна несигурност меѓу другото) но тоа е сосема друга тема. Она што мене ми пречи е што последнава деценија во македонскиот секојдневен говор а и тука гледам на темава и низ форумот, масовно се користат сосема непотребно англиски зборови. И тоа за нешта за кои навистина имаме наши македонски зборови. Не знаеме сите англиски, мора човек по речници да бара за да ве разбере.
Ако веќе одиме со културно присвојување, нели овој пример треба да е поверодостоен како бугариве си ги присвојуваат нашите народни песни? Ова на сите ни смета. Ама девојкава и нејзиниот пример ниту најмалку не е слично на ова.
Е, баш така. Се нервираме за наводниот грабеж на културата на црнците кога црнец не сме запознале во животот, а не обраќаме внимание на вакви работи.
Мене ова ми стои на blackfishing. Многу инфлуенсери го прават, за поголема популарност. Затоа што не е вообичаено пример на регионот во кој живеат афро фризура или слично и се што не е вообичаено добива повеќе внимание. Еве пример https://www.purewow.com/wellness/what-is-blackfishing Истото се дешава и со искосените очи на инста, ја стегаат косата, се сликаат со раката влечејќи го надворешниот агол итн.
Еве ви школски пример за културно присвојување - ким кардашијан и ,,нејзиното, , кимоно https://www.wmagazine.com/story/kim-kardashian-kimono-trademark-controversy-explained/
На темава имам да кажам дека многу ми смета хиперсензитивност од овој аспект. Сметам дека е во ред секој да ја цени традицијата и обележјата со кои се идентификува. Ама мислам дека живееме во свет каде само влакно во јајце се бара како да испаднеме навредени од нешто. Тој е мојот став за ова. Најлошо за плетенките и витканата коса кога ќе се фатат, како да се ексклузивно право на некоја раса. За мене е само една причина плус за сегрегација, наместо меѓусебна почит. Убавината на традициите и обележјата не е само за по дома и мене ми се допаѓа промовирањето на сечии носии, обележја, култура. А за инфлуенсерките што не знаеле за културата што ја прикажуваат, се согласувам, ама па очекувањата од некој кој е инфлуенсер ми се прилично мали и не очекувам некој степен на интелект од нив. Треба да се прашаме зошто масовно се следат искрено. Не сум видела нешто креативно и иновативно таму.
Не ми е ич проблем ако некој "украде" некои обележја од културата каде што припаѓам. Или некој од нашата култура "украде" обележје што е повеќе карактеристично за друга. Сметам дека светот стана пресензитивен и само бара било што да се навреди. Ова повеќе прави раздор отколку што обединува. Нема никој ексклузивно право на некакво обележје и со глобализацијата нормално е да се измешаат некои карактеристики. А тоа што инфлуенсерките прават нешто за слава и лајкови е друго. Ама една логична причина не ми текнува зошто црнкиња би се навредила ако белкиња носи такви плетенки, или обратно ако црнкиња сака со права коса да се носи. Нереално ми е да има вакви "проблеми" во 21ви век. Наместо да одиме напред, ние уште повеќе ќе се делиме меѓу себе.
Верски празници се ама секако претворени во комерцијала, така што ајде може да ги ставиме во рамки на културно присвојување. Пак, која е поентата со сила да се правиме Американци?Мора ли секое влијание од таму да се прифаќа и да го заменува тоа што веќе го имаме? Пред да речете, ама секој може да прави што сака, да, се подразбира, само често не се работи за индивидуални избори туку повеќе за масовно влијание од социјалните мрежи и јавни личности. Навредливо им е затоа што баш за традиционалните фризури биле / се дискриминирани и приморувани да ја исправаат косата за да бидат подобро прифатени. Ова од нивен аспект.
Како што рече некој погоре, за некои од нив секогаш ќе сме лоши колонизатори и привилегирани. Ама сега барем кога ги имаме истите права и обврски нека си се носи кој како сака. Доволно раздор имало порано, не мора сега и ова (не дека расизмот не постои сѐ уште, само не е како тогаш).
Како што кажа некој погоре што очекуваме и ние од инфлуенсери што се би направиле за слава. Факт е девојкава е позната со видеото каде се правеше дека познава измислена манекенка Понатаму е излишно да зборуваме. Ама ајде сега и го отворив убаво профилот и разгледав. Природниот изглед и те како насочува дека има blackfishing, разликата е огромна. Вакви фотосесии во светот се осудувани, и неприфатени веќе. А cultural appropriation има низ цел свет не дека е само Марис, колку пати славните се извинуваат подоцна. Мене поентата ми беше оваа Ако бела девојка носи ваква фризура е слатко, убаво, прифатено а они уште се соочуваат со непријатни коментари. А да и што беше со мислењето погоре црнец не сте запознале па ќе зборите? Ако не си запознал црнец значи не постојат, немаат култура и слично? Окееееј.