1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Културното присвојување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од The Saturdays, 6 јануари 2021.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Па сега ние Македонците баш не можеме да се ставиме во тој ред на колонизатори и привилегирани :D, ама од аспект на тоа што се случува(ло) во Америка, мислам дека различно стојат работите и од поинаква перспектива гледаме на нештата ние од тука и тие таму.Веројатно ќе ти речат дека е подлабоко од тоа секој да си носи што сака, што до некаде е стварно така.
     
    На daylight и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Не знам дали ја следите Jackie Aina, она доста збори за ова.
    Јас сум поделен со размислувањето.
    Од една страна, сеедно ми е, кој што сака нека носи, но од друга страна ги разбирам што сакаат да кажат.
    Кога се работи за црнкиња, владеат стереотипи дека косата им смрди, полна е со вошки и ред други глупости, ама кога некоја бела блогерка ќе стави пуцвал перика, тогаш баш е кул.
    Црнкињите носат долги нокти години наназад, ама пред да станат тренди ко сега што се, ако виделе црнкиња со долги нокти, ја сметале за некој со недостаток на лична хигиена.

    Поентата е што секогаш белите луѓе одлучуваат што е прифатливо, а што не.
     
    На Bezimenka90, The Saturdays, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Работава не сме расисти ама само во теорија. По другите теми мед и млеко ни тече од уста за тоа како ги сакаме и почитуваме другите раси, а тука едвај чекаме нешто вакво да излезе за да се истуриме колку нефер е спрема нас белците што не можеме да носиме плетенки, буху...

    Фала богу никој не може да му забрани на никој друг како да си ја носи косата. Револтот не е насочен кон нас индивидуално како белци, туку кон општествените стандарди за тоа што заслужува да биде наречено убаво или тренди.

    Сите трендови како што се плетенки, темен тен, нокти, hoop earrings, манеризми, сленг итн. потекнуваат од црнкињи, ама се сметаат за некул сè додека белците не се ,,инспирираат". И ова навистина е расистички проблем што е всаден во корените на општеството и што не е толку прост и едноставен за да се сведе на ,,аман овие само се навредуваат од нешто". Ова е игнорантниот пристап.

    Кога ти како црнкиња правиш нешто и со години и те покажуваат со прст и ти се смеат, а после се појавува бела личност со истото нешто и е возвишувана, општеството јасно ти испраќа порака дека проблемот е во твојата боја на кожа. Ти испраќа порака дека белците го имаат последниот збор за тоа што е кул.
     
    На Pixi5, Star_dust, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Не е до расата, туку до класата.
     
    На Daniela93, daylight, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.062
    Се е тоа во ред, ама уште не можам да разберам како е релевантно на мк форум?
     
    На Daniela93, daylight и asdas им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека ако си направил плетенки си расист? :D:D
     
    На BlackNight, daylight, BloodElf и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Значи зборуваме за трендови. Трендовите и сега, а и натаму ќе се инспирирани од сѐ и сешто. Не сфаќам како е фокусот на ова, наместо да е да се обезбеди квалитетно образование и подобар живот на маргинализираните групи. Еден тренд како плетенки е фокус на цело општество, наместо многу позначајни и подлабоки проблеми. Со барање влакно во јајце ничиј живот не се подобрил.
    Игнорантно е луѓе од било која раса кои имаат некаква платформа за било што да се фокусираат на ова, наместо да ја искористат платформата за реално подобрување на животот на таа група луѓе. Зошто ако некоја инфлуенсерка не стави афро, одма сите црни луѓе подобро ќе живеат.
     
    На BloodElf, asdas и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  8. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    Ова можеби во минатото сега се заштитени како бели мечки.
    Свесна си што ќе се случи ако некој селебрити/белец било како навреди црнец/ка a тоа се снима и се објави на твитер?
    МОМЕНТАЛНО имаат најмалку исти права како сите нас или некаде и самите се привилигирани-the irony.
    Кога ќе видев про БЛМ Американка бела како се извинува зошто била бела (facepalm)(facepalm)
    Со добра пропаганда ќе се тера ова БЛМ уште долги години срам да ни е нас што сме бели.
     
    На BlackNight и asdas им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Всушност, ако ми го прочиташ мислењето до крај ќе приметиш дека баш тоа не ми е поентата. Носењето плетенки само по себе не е расистичко. Расистички е целиот општествен момент каде работите стануваат кул само кога ќе поминат низ белиот филтер. Не е решение да им се забрани на белци да носат плетенки, ама исто така не е решение да го игнорираме ова и да тврдиме дека „нема врска, немаат тие патент на плетенките, само бараат рчки, нè мразат, нè гледаат како колонизатори“. Не им е тоа поентата, туку само бараат да се сруши општествената навика белците да одлучуваат што „вреди“, а тоа нема да се постигне ако возвишуваме фотосесии како наведената преправајќи се дека не е естетиката директно „инспирирана“ од црнкињи.

    Па тука се зборува за секакви проблеми, дури и такви што не нè засегаат директно, на пример девојчиња што ги продаваат во Саудиска Арабија.

    Гладни-деца-во-Африка аргументот. Да, трендовите не се од есенцијално значење во ничиј живот, барем не кај нас смртниците, ама тоа не значи дека не мора да збориме за тоа. Бјути индустријата и нејзиниот тек ги поставува стандардите за убавина во целиот свет, ја обликува перцепцијата за себе кај малите деца кои се најподложни на трендови. Секако дека е важно да гледаат диверзитет и во таа сфера, како и во секоја друга. Тоа што нема никој да умре ако стандардите продолжат да бидат евроцентрични не значи дека треба да ги оставиме така за век и веков. Можеме во исто време да се секираме и за квалтитено образование и за квалитетна репрезентација во бјути индустријата. :)

    На темава збориме за трендови, а ти мешаш BLM што си нема врска со трендови, туку со луѓе што се борат за полицијата да не им дојде дома и да ги убие додека спијат.
    Тоа може да ти каже доволно колку се „заштитени како бели мечки“. Ама на некој што никогаш не го осетил тоа борбата за еднаквост му изгледа како опресија, така да терај, што да ти кажам. И имај на ум дека не е сè за на нас белците да ни предизвика некое чувство, било срам, лутина, сочувство или не знам што. Не сме ние центарот на светот.

    Освен интересни римички, нешто друго имаш ли да кажеш?
     
    На LivingGlam, Pixi5, The Saturdays и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    Да бидејки претходно белци не биле убиени од страна на полицијата?
    Дали требало да почнат и они да ограбуваат, запалуваат локални продавници?
    Пушти си филм, серија од 2019, 2020, 2021 и пиши овде дали ќе наидеш на повеќе црнци или белци. Ама не биле еднакви (facepalm)
    Не сме ние центарот на светот сите сме еднакви без разлика на бојата, религијата ама нивното форсирање како они секогаш се повредени ми создава некоја одбивност.
     
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Па да, наместо диверзитет да гледаат, вака ќе гледаат стереотипи, т.е. сите белци ќе носат прави коси, црните афро и уште повеќе ќе се продлабочува јазот. Место да кажеме дека убави се сите, од сите бои и со сите фризури и со секакви стилови, ние да им покажеме дека е соодветно да изгледаш некако ако си бел, а инаку ако си црн. Тотален контра ефект.

    Никаква значајна промена не носи. Впрочем само глумење фини испаѓа за да сме политички коректни.
     
    На Someonespecial, WaitTillTheEnd, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Дали имплицираш дека блогеркиве што имитираат црнкињи го уриваат стереотипот за тоа како треба да изгледаат одредени раси? Одличен обид за релативизација, нема што. Сè што се постигнува со ова е порака дека кул е она што го носат белци, точка.

    Како ќе испратиме порака дека сите раси се убави кога во нашево општество убаво е по дефиниција ,,она што го носат белци". Покажување дека афрото е кул преку бела жена со афро имплицира дека белата жена го прави афрото кул. А како ова оди во прилог на сите раси се убави, не можам ни да почнам да замислувам.

    Пораката сите се раси се убави може да се пренесе само ако им дозволиме на сите раси да го дефинираат зборот ,,убаво", а не да ги поминеме особеностите на сите раси низ веќе постоечкиот убав бел стандард. Не треба белоста да биде трендсетер сама по себе.
     
    На The Saturdays и Ketchup им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.062
    Во кое општество живееш ти?
    Дали треба да им забраниме на црнкињите да бидат плавуши?
    Сите се убави, секако, и бели, и жолти, и црни, кој уште дели убавина според боја на кожа?
    Задодуша може нешто се сменило, ама мене на времето и Имам и Наоми ми беа убави. Сеуште се убави, иако не се активни.
     
    На Annath, Daniela93, Ugly Duckling и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Веќе ти одговорила @Biljarkata тоа што ќе пишував. Само да дополнам дека не сметам дека белци диктираат што е убаво. Барем јас не гледам така.

    Ама добро, ако сум фер, јас не верувам во јајце на јајце убавина, не ни следам трендови за убавина. Може затоа имам поинакво видување.

    Само ако утре решам да носам афро, ич немам намера да се извинувам за тоа.
     
    На Annath, WaitTillTheEnd, BloodElf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Отвори ја темава тука најубава жена на светот и кажи ми колку црнкињи ќе видиш. Стандардот за убавина е толку цврсто запечатен во општеството што не ни приметуваме дека е доминантно евроцентричен. Она сите се убави само во теорија го знаеме на памет, вистинскиот свет испраќа поинаква порака. Списанијата, медиумите, куклите, и секој друг можен авторитет за убавина е whitewashed.

    Ова за забранувањето на црнкињите да се фарбаат плави, промашена поента. ,,Погрешноста" ако може така да се каже, во носењето афро ако си белец доаѓа од тоа што ти претвараш во кул нешто што досега не било (бидејќи црнкињите не се стандард за убавина). Како што кажав, и пак ќе повторам бидејќи нели очигледно не се читаме, не реков дека треба да се забрани афро кај белци, туку да не се величи и да не се правиме на три ипол дека ние сме го измислиле.

    Да, секако, ти си над расизмот, сите бои ти се убави, ние другите следиме трендови од бели жени. :D

    Ти зборам за underlying biases што не ни знаеш дека ги имаш. Сите ги имаме бидејќи живееме во општество со евроцентричен стандард за убавина. И ова воопшто не зависи од твојата перцепција.
     
    На Pixi5, dayla, The Saturdays и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    А да, ти од два поста ме процени дали имам underlying biases. Please :D
    А ти се сметаш за надпросечна нешто што увиде вака за другите?
    Ние инаку поамерички настроени не може да бидеме, врска немаме со Европа.
     
    На Annath и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Ааааа евроцентрични сме биле, не можам! Па каде живееме бе?
     
    На burthdaykake, Biljarkata и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    А ми ја прочита ли воопшто следната реченица каде кажав дека сите ги имаме? Не се исклучувам ни сама себе од тој bias, не те исклучувам ни тебе фала богу.
     
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Имам да ти кажам дека ти треба сериозна едукација ако мислиш дека расната борба треба да се води пред класната борба. Исто едуцирај се за плетенките кои ги носеле викинзите. И едуцирај се за тоа на кој континент живееш пред да нарекуваш нешто „евроцентрично“.
     
    На burthdaykake, BlackNight, Daniela93 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Ако голем дел од припадниците на црната раса ги лути и навредува споделувањето на нивната култура, сметам дека треба да им остане ексклузивитет. Зорле можеш да им земеш, не дека не, но само ќе направиш проблем, а се живее и без тие неколку трендови.

    Иако конкретниов пример ми е исто како доколку сум се родила џинџер, треба да ми пречи кога други жени се фарбаат црвенокоси.
     
    Последна измена: 9 јануари 2021
    На Annath и WaitTillTheEnd им се допаѓа ова.