Јас често работам(илустратор) со клиенти црнци од Америка. Сме имале одлична соработка и комуникација. Единствено нешто што не ми се допаѓа ,а многу често ми се случува со нив. Ако се работи за проект со модни илустрации, моделите на илустрациите инсистираат да бидат афро-американки. Дури и тонот на бојата на кожата мора да им го погодам. Бели многу малку има во колекциите. Таа исклучивост или некоја нова мода/политика не ми се допаѓа.
Па во Европа нормално дека евроцентричен ќе биде стандардот за убавина. Иако убавината се оценува индивидуално, јас лично би рекла дека просечна црна жена е поубава од просечна Германка или Англичанка, ама која е логиката стандард за убавина во Европа да биде црна жена? Исто како да очекуваме во Африка да биде стандардот бела жена.
Во цел свет е евроцентричен стандардот, не само во Европа. Ефектите на снепчет кој се користи низ цел свет го стеснуваат носот, Корејките прават операции за да имаат поголеми очи, на Индијките им продаваат креми за осветлување на тенот итн. И не зборуваме за тоа која ми е мене или тебе поубава, туку која ни се пласира како поубава од општеството.
А што ако си баш бел? И тогаш не си убав и треба да потемниш или да се портокалосаш со лош крем за самопотемнување? Каков вид на расизам е ова ќе ми објасниш?
Пак ја грешаваш темата. Сега за културно присвојување зборуваме или за стандарди за убавина? Тоа што ви се пласира преку апликации во виртуелен свет, не е евроцентричен стандард за убавина. Тоа е стандард од Уса апликации и бизнисот за пластика. И тоа е скроз друга тема. Не постои евроцентричен стандард, затоа што италијанките се убави, и французинките се убави, и естонките се убави, и никаков НЗС ниту консензус не постои за убавина, на ниво на ЕУ. Што кога ќе размислам, е многу чудно, оти еу ни краставици не прифаќа без стандард и консензус како треба да изгледаат
Ви ги препорачвам да ја прочитате Најсиното око од Тони Морисон па можеби ќе сфатите што е работата и пак ќе речам убаво ќе е наместо веднаш да коментирате да се едуцирате прво.
Едуцирајте се и престанете да ширите белоцентрична, бордерлајн фашистичка пропаганда. https://www.scientificamerican.com/article/race-is-a-social-construct-scientists-argue/ https://www.nytimes.com/roomfordeba...ace-and-racial-identity-are-social-constructs Знаеш кој е автор на вториот текст?
Ама тоа е нивен проблем во САД, ако сакате дискутирајте и за тоа, но не треба нивните проблеми и гледишта (кои имаат своја историска, политичка но и економска позадина) да ги преточуваме во македонското општество. Овдешните луѓе треба да си ги решаваат овдешните проблеми и предрасуди. Што значат тие зборови?
Биолошката дефиниција за раса (подвид) е- популации на индивидуи од ист вид кои меѓусебе фенотипски се разликуваат и можат со вкрстување да дадат плодно потомство. Не знам што е расистичко да кажеш дека меѓу црнец и белец има разлики во телесната структура исто како што не е сексистички да кажеш дека жените имаат поширока карлица и се во просек пониски од мажите на пример.
Зашто побитна е денес политичката коректност отколку реалните услови за живот. Секогаш ќе се најде некој навреден, а останатите на јајца ќе газат да не навредат некој. Во меѓувреме реалноста на просечниот човек сеуште иста.
Баш дека не не тангира премногу ова во Македонија, не мора да е толку жестока дебата. Ако мислите дека е непотребна тема, едноставно прескокнете ја. Инаку он топик, наискрено прашање од љубопитност: Дали ако одам во солариум да добијам потемен тен е културно присвојување? Тука ги разбирам и двете страни. Една е дека: "Да, затоа што белецот одредува дека темна кожа е убава, иако баш поради темната кожа порано биле робови." Другата страна би била: "Не, секој може да прави што сака со своето тело. Освен тоа ние тука не сме ги држеле ко робови." Каде е границата помеѓу "Белото општество пак поставува стандарди" и "Белото општество прифаќа дека има различни стандарди за убавина"? Јас тука би рекла, општествено сите знаеме дека постои расна дискриминација. Према тоа е признаена нивната борба и низ што се поминува(ле)ат. Ако некоја сака да има потемен тен не би го сфатила како културно присвојување, туку како конечно прифаќање на различностите.