1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Културното присвојување

Дискусија во 'Мода и стил' започната од The Saturdays, 6 јануари 2021.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    Не биле сите робови во светот со црн тен на кожата.
    Словени (Slavs) е назив кој потекнува од slaves, t.e робови, па не гледам некој сега да се чувствува културно навреден или обесправен од Источна Европа поради минатото, или пак сите оние народи како Македонци, Тракијци, Епири, Египјани, Феникијци и што се не што биле робови во време на Рим, или пак сите оние Туркмени, Татари, Словени, Кинези и остали азијати што биле робови во Монголското царство, или народите од индо-кина кои биле сметани за робови при Француската, Англиската, Шпанска, Португалска и која уште не инвазија.
    Заборавив на злоделата на Јапонците во 2 светска кои овие народи ги третирале полошо од животни, и не се ни извиниле за масакрите што ги направиле.
     
    На Annath, burthdaykake, faye и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Кога ти зборат за white priviledge, а ти пусто од Македонија :D
     
    На Annath, burthdaykake, faye и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    Ќути. Називот за нас значи slave. Ете, до толку сме. :D
    Треба од таму да почнеме со барање на нашите "права" и да биде прогласен за новиот S word.
    :D
     
    На burthdaykake, faye и Celltica им се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што не е убаво да правиш нешто што не си, конкретно карактеристики на друга раса, само за да бидеш интересна и да добиеш на популарност. Треба секој да си се осеќа удобно со тоа што природата му го дала и убаво е да се истакне со неговата убавина и сопствен стил. Особено осетливо е културно присвојување затоа што таа личност нема допир со културата која што ја копира, не живее на место кај што културата се одгајува. Може да ја почитува и да е фанатик на истата, ама да ја имитира потполно е навредливо за истите кои растеле во тој дух. Претставувај ги своите обележја, извади го од нив најдоброто, ако си толку добра и умешна.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.019
    Како е навредливо? Зошто е навредливо?:?:
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, asdas и 3 други им се допаѓа ова.
  6. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Затоа што е подмукол начин за популарност и обожавање, а со тоа и печалење од истото.
    Овие луѓе ги копираат работите што се тренди и можат слободно да излезат од тој изглед кога сакаат, а ја немаат доживеано лошата страна и болната точка на овој изглед.
    Црната раса живее со тој изглед и била предмет на дискриминација.

    Навредливо е користење карактеристики на друга култура и БЕНЕФИТИРАЊЕ и МОНЕТИЗИРАЊЕ од истото, како примарна цел.

    Најлошото е што ако ти со бел тен го правиш ова, си доживеана како wow, јака, браво, а некоја црнкиња со истите карактеристики ја осудуваат дека не е убава според стандардите. Болно е.
     
    На The Saturdays, Pixi5, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    На девојчево Марис баш и прилега афро фризурата и мислам дека е полн погодок кој совршено се вклопува на контурите на нејзиното лице. Успеала да ја најде вистинската фризура за неа и апсолутно нема причина зошто би ја менувала. Лично во близина имам девојка родум африканка која меѓу другото продава карактеристичен афро накит, афро сандали, марами и облека и тоа го прави со огромно задоволство, не од принуда туку како дополнителна заработка. Неколку пати ми донела од Африка типични афро марами, така што не и пречи јас или било кој друг од глава до пети да се дотерам во афро стил доколку еве купам повеќе од работите што ги нуди. И самата носи перики со кои прави фризури карактеристични за ова тло, едноставно прифаќа нешто од ова поднебје што и се допаѓа и го имплементира кај себе,сака да наликува на тукашните жени, а притоа да го задржи своето. Единствено, не би било во ред да му се одрече оригинерноста на нештото, односно за накитот кој припаѓал на одредено племе од Африка да кажеме дека е од Данска или за македонската традиционална носија некој да каже дека е бугарска на пример. Е тоа е навредливо и политички некоректно. Инаку, во последно време ама ич немам впечаток дека црнава раса е дискриминирана, напротив. Уште како се држат и поддржуваат меѓу себе, секоја им чест. Отворете на сајтот madamnoire кој обработува секојдневни животни теми, од мода до брак, но за црните жени, вклучително и нивни светски познати изведувачи, па ќе видите во колку негативен контекст ја ставаат белата жена. Штета, имаат убави теми и убаво и нерасистички ќе беше да се однесуваат на сите жени, бидејќи жената е жена, каква и да е, која и да е.
     
    На Purplelilac, 1209, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.019
    Тукушто го опиша кланот на младите кардашијан :|.

    А ако сакам да носам облека од афрички текстил и со афрички мотиви ок е? Никого не навредувам ?
    Или сари на пример?
    Сериозно прашувам, без сарказам. Немам намера да навредам некого а имам фасцинација од народни носии од цел свет. И не си го монетаризирам изгледот, ако е тоа битно. Ама да не се најде некој навреден на улица па да ме натепа:(.
     
    На Annath, asdas, BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    А дали за да изгледа некој на некој начин треба да ги има искусено сите маки на народ кој има такви карактеристики? Оти и добар дел од афро-американците не ги доживеале истите проблеми како нивните предци.
     
    На 1209, Annath, burthdaykake и 2 други им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Имаше летово скандал со Тајра Бенкс и нејзиното шоу americas next top model ради ова. Дека има епизоди и фотосесии каде етнички ги менувала девојките, ги облекувала во традиционални облеки и доби многу негативни коментари. Па јавно се извинуваше дека тоа биле стари емисии, не била свесна тогаш дека не било коректно тоа. Така да ова со културно присвојување зема замав последниве неколку години. Спорните емисии се стварно ептен стари и тогаш никој ништо не искоментирал, туку дури сега излегоа коментарите.
    Еве некој ако го интересира да читне https://www.google.com/amp/s/www.in...el-is-getting-backlash-problematic-2020-5?amp
     
    На Ketchup, Pixi5 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  11. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Дома имам прекрасно кимоно, мајка ми ми го донесе од Кина или Банкок, ретко сум го носела, зошто во Македонијава попреку ќе те гледаат. Индија ми е сон, заљубена сум во нивната култура, жените ми се прекрасни и радо би купила сари кога би отишла таму и куп други нешта. Азија ми е фасцинантна генерално, да можам цела би ја исшетала и од секаде би понела со себе по нешто. Тоа е и почит од нечија култура, уважување на нечија култура и претсавување на нештото во својата земја. Дома имам автентични украси и од Италија, Австрија, Кина и Африка, па зарем само треба да имам украси од нашето поднебје?
     
    На Purplelilac, 1209, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Сериозно споредувате облека со физички карактеристики?

    Немам намера да дискутирам искрено дали е во ред или не, кај мене нема простор за двоумење. Секој што прави нешто за лајкови, а не од душа и со свои квалитети ми е ништо уау. Само го изнесов мојот став и објаснив зошто ова не се цени во другите земји и ги линчуваат инфлуенсерите за истото.

    не знам што да кажам на муабетот за тепање ради шал носење на улица:^) и за другарката што носи принтови итн... ништо во контекст на муабетот

    ве молам не ме цитирајте, криво ми е што пишав, продолжете да викате браво :)
     
    На Ketchup и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.019
    Не викаме браво, се обидуваме да разбереме каде е границата, ако постои граница. Што е прифатливо, што е навредливо? Пошто во Франција некои дечки натепале женска на улица, оти носела сукња, ваљда им се видело навредливо. Ништо не измислувам, имам негде линк на форумов ставено, ако баш мора да го барам.

    И не може да не те цитираме, ова е форум, така се дебатира.
     
    Последна измена: 10 јануари 2021
    На Purplelilac, 1209, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    41.845
    Пол:
    Женски
    Заклучок на темата - од една страна се бориме за рамноправност на секое поле, од друга страна се' повеќе поделби.

    Е сега, цел живот слушам рап, па секогаш повеќе се огледував на црната раса иако многу често во негативна конотација се споменува вајт чикс.
    Ако гледаме така, се' си има некое потекло и сите имаат некоја тешка историја. Јас не би се навредила, ама ги сфаќам.
    Решение на ова ми е да почниме голи да шетаме со ливче на интимните делови, без шминка, фризура и депилација.
     
    На Purplelilac, 1209, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  15. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Неколку пати почнав мислење, и оставив.
    Европоцентричноста не е проблематична зашто е од Европа, туку зашто ја става Европа пред останатите. Тоа што сум од Европа сигурно не значи дека треба да сум европоцентрична, односно зашто неточен конструкт ме става во позиција на моќ, не значи дека не треба да ми биде гајле и да не мислам поинаку.

    Стандардите за убавина се страшно европоцентрични.

    Тоа што доаѓам од Македонија не значи дека не треба да се информирам и да имам мислење за неправдата на светов. Спремна сум да имам мислење за сета направда во светов. :) Ако мислите дека за нешто не се збори, а треба, отворете тема и информирајте не.

    Не е навредливо да почитуваш нечија култура. Не сум запознала некој што му пречи да облечеш нешто карактеристично од неговата култура, да готвиш, или да слушаш музика, зашто го почитуваш и сметаш за убаво. Ја носите темата во апсолутни крајности, што немаат врска со проблематиката. Проблемот е кога нечија култура е претставена преку стереотипи, и се игнорира коренот, или се користи како костум и се монетизира, а за некој има длабоко значење. Секогаш ќе има луѓе што одат во крајности, од двете страни, што не значи дека треба и вие да одите во крајност, наместо подобро да се информирате пред да скокнете дека некој вас ве угнетува.

    И словени не доаѓа од зборот slaves, туку од зборот Sclaveni, едно од првите словенски племиња. Обратно е, slaves потекнува од нашата етимологија. Пак сме биле робови, ама другите краделе од нас. :!:
     
    На Purplelilac, KateKane, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    41.845
    Пол:
    Женски
    Ќе можеш да ми посочиш пример? Не е сарказам, навистина не знам на што точно се однесува.
     
    На Purplelilac, Annath, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  17. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Прво што ми падна на памет и е актуелно каде што живеам е Black Pete (Zwarte Piet) традиција во Холандија и Белгија. Имено:
    [​IMG]
    upload_2021-1-10_21-0-7.jpeg
    [​IMG]
    [​IMG]
    Касно ми текна да ги ставам во спојлер. Ги ставив првите слики што излегоа, не се прибирани. Имено традицијата е дека ликовиве ја носат (да, носат) количката на Дедо Мраз, и аргументот на тие што ја поддржуваат расистичкава традиција е дека се црни зашто прошле низ оџакот, ма да никој не знае кој оџачар е потполно црн, носи hoop earrings и има афро.
    Треба ли да потенцирам дека традицијава има корени од колонијализмот?
    И да, на некои места сеуште се практикува и многу луѓе сеуште мислат дека културата им е угнетена, зашто ова станува неприфатливо.
     
    На Purplelilac, Ketchup, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  18. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Значи не треба да има рапери белци и виолинисти црнци?
     
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Секако ова не е во ред. Многу повеќе на место за дискусија отколку повеќето нешта кои досега беа пишани на темава. Зошто тука постои директно понижување на една раса и како што кажа има корени од колонијализмот, што секако не е во ред. А тоа не го гледам во бела девојка која носи афро за некој едиторијал.
     
    На Someonespecial, 1209, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  20. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Секако. Мене тоа што ми пречи е што ова е многу помалку интересно за дискусија, отколку нечии плетенки. И нареден пат кога некој ќе спомне cultural appropriation во дискусија (и на страна од форумов), тоа ќе биде фокусот, колку либералите (збор што ме вади од кожа во дискусија) претеруваат итн. итн., кога факт е дека може скоро се' да се однесе во некаква крајност, и се' ми се чини дека на луѓето им е дури забавно да носат многу работи во крајност, и да се докажат колку се во право, додека многу важни и суштински работи, што за некои групи го формираат секојдневието, се губат измеѓу.
     
    На Purplelilac, Bezimenka90, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.