Кенкаво е презамарање со фризура. Едноставно е. Расизам е поинаку и со омаловажување да третирам, да речеме, црнец, Ром, еѓипќанец или азијат што ќе ми дојде на работа оти ми се може. Еден да добие подобра услуга од друг, оти едниот го сметам за подолу само поради изгледот. Носење фризура, освен ако целта не е да се исмевам со некој преку фризура, не се согласувам дека е расизам. Ич да не зборам дека темава всушност не е за расизам, ама нејсе. Не осеќам вајт привилиџ пошто не живеам во земја со расен диверзитет, и сериозно не може да ме повреди окупатор наш да носи да речеме опинци оти му се убави. Може да ме навредат смислени и намерни навреди и омаловажувања, ама реално, вакви работи не можат. И ако нешто ми се допадне и го правам, игнорирањето е мајка на умствениот мир. Не, нема да сменам име на инста колку и да "немам право" на истото, оти ми е убаво ете и знам што значи и ми се допаѓа значењето; но ако нешто суштинско - што не е убав збор, симбол или фризура и шминка, пречи на некого, тогаш ќе подразмислам и сменам. Со други зборови, и да ми е убава свастиката нема да ја носам, затоа што пораката е јасна, плетенки ако ми се носат ќе носам, затоа што ама ич никако не пренесуваат порака ни слична на свастика. И уште една работа - ниту мојот народ некогаш некого колонизирал, ниту имам намера да чувствувам заедничка вина со колонизатори.
Не е расизам фризурата ако е од незнаење, реков. Ама ако некој ти посочи и ти упорно со глава во ѕид одиш дека не може тој да биде навреден ако си го брани наследството, што е? Ама твоето немање гајле некој да носи опинци не може да биде споредено со обидот на црнците или индијанците да си зачуваат тоа што им останало. Или Индијците и јогата, на пример. Се бунат што им се уништува културата и светот ги игнорира. И тоа е културно присвојување - пауер јога, хот јога, пилатес јога, се' тоа "пози" и позери, пичкусимајчину. Практикување не е културно присвојување, се' додека знаеш од каде доаѓа, не си правиш гимнастика од тоа и истражиш малку повеќе за значењето. Или ако правиш гимнастика, не го викај јога туку кажи дека само си се инспирирал од позите. Значи има разлика меѓу почит и присвојување. Првото е - те разбирам, ќе се обидам да се подобрам, а второто е - многу ми е гајле ти како се чувствуваш и што сакам ќе правам. Не зборуваме за што те навредува тебе, туку како нашите постапки навредуваат друг. И тука мислам дека би било крајот на дискусијата, џабе е да се обидуваме кога нејќеш ни да се замислиш зошто некој би бил навреден што дел од негово културно наследство го користиш ко мода. Тие само се обидуваат да заштитат нешто од малкуто што им останало, но добро, кенкави се. Па нели сама рече дека темава не е за расизам? Има разлика меѓу расизам и културно присвојување, само вториов концепт некако тешко го разбираме. Никој не ти кажува да чувствуваш заедничка вина со колонизатори. Се бара да се разбере едно универзално прашање, што го засега цел свет. И Европа, Австралија, Америка, буквално цел свет. Нашите по странство се најголеми расисти, инаку. Само направи муабет со некој што живее во Австралија за "Абориџаните," Кинезите или Индијците, ќе сфатиш. Ама очигледно е дека никој ништо не сака да сфати.
Ќе одговорам вака само: што правам со моето тело е поголемо право од нечие право да се осеќа навреден од истото. Знам што е културно присвојување и не ми се допаѓа ограничувачката порака - за мене лично линијата се повлекува онаму каде што "присвојувачот" се исмева со предметот на "присвојување". И како припадник на народ кој редовно бил окупирана страна зборувам, како народ жртва, дека ни најмалку не ми пречи некој да користи "наши" симболи, се' додека тоа не го прави со намера и порака дека мојот народ е нешто подолу. Така што, моето користење индијански збор, според мене не е погрешно затоа што немам за цел исмевање со индијанци со истиот, напротив, убав збор е и сакам да го користам во убава конотација. Ако некому тоа пречи, нема да го послушам.
,,Нашите,, се познати ксенофоби, не се расисти. Спојлер: Ксенофоби или расисти Xenophobia is “fear and hatred of strangers or foreigners or of anything that is strange or foreign.” Racism has a slightly broader range of meanings, including “a belief that race is the primary determinant of human traits and capacities and that racial differences produce an inherent superiority of a particular race,” Искрено мислам дека не се прави разлика меѓу терминиве и на многу повисоки нивоа, просто се се пика под етикетата расизам. Ама тоа не е тема.
Мој впечаток е дека се претерува со карактеризирањето на секоја една постапка како дискриминација спрема одредена раса, народ, обичаи, култура. Наместо да се стремиме да бидеме подобри личности, и понапредни, ние се уназадуваме. Уште полоша е оваа, сегашна дискриминација отколку тогашната во времето на колонијализмот. Барем историјата требало да ни биде учител, ама за жал, не учиме од грешките. Баба ми, Бог да ја прости, имаше типична афро фризура, поради ситно витканата коса, која што фала Богу не е одлика само на црната раса. Денес да беше жива и да користеше инстаграм, ќе ја распнеа поради ова, а генетиката не прашува кој си и што си. Има многу, многу посуштински прашања од ова. Ама, ограничувањата на луѓето, себичноста и егото се големи. За жал.
Не може ти да си го толкуваш концептот на културно присвојување по свое. Прилично е јасен, ако само се потрудиш да го разбереш. Повеќето случаи не се поради исмевање, туку од незнаење. Прашањето е како се однесуваш откако некој засегнат ќе ти укаже на тоа. Ете Викториа'с Сикрет се извини за инцидентот, а Кливленд Индианс ќе го менуваат името за сезона 2021. За вториов случај требаше долго време на реакции, ама има ефект конечно. Вашингтон Редскинс е сличен случај. Зарем треба да се игнорираат протестите до бескрај зашто е нивен клуб и што сакаат ќе прават со него? На лично ниво, малку потешко оди зашто секогаш го имаме аргументот мое тело Ама некому му пречи, и што правиме со тоа? Можеби не се прави со порака дека се подолу, но им се релативизира историјата и кулутурното наследство. Штом им пречи, не значи дека проблемот е во нив. Точно, ама кога има омраза против црнци, Индијци, Кинези или Абориџини е чист расизам а не ксенофобија. Белите не им пречат баш на нашите Австралијани. Или грешам? Ама Анат, ова навистина нема врска со културно присвојување и никој никому никогаш не му замерил што се родил со виткана коса. "Драмата" е за карактеристичното плетење што ете тие го користеле за да изградат и изразат идентитет, да комуницираат преку стилот и да го пренесат наследството, секој од своето племе со карактеристичен стил, откако биле поробени. Тоа им останало. Само за коса се работи, ама ако некому му е толку важно, може малку и своето его да го преиспитаме а не да го отфрлиме прашањето со аргумент дека тие имаат големо его. Оттука оди и само вежби, само пердуви, само глава на Буда, само симболи, па се' се релативизира. Има посуштинско прашање од се'. Кажи кое е најсуштинско за тебе, ќе смислам барем едно посуштинско.
Тој некој засегнат не треба да биде засегнат со телата на другите луѓе, на пример нивните коси. Колку сака нека измислиле први, или мислат дека измислиле први. За мене е до толку просто, и секако дека нема да го рамнам на математичка вистина, затоа што е подлежно на лична интерпретација, а и критика. Никој не поседува фризура, без оглед колку чувствува дека поседува.
А пастата што италијанците толку си ја претставуваат како своја, а всушност има азиско потекло што е? Ај жити све не одете во крајности дека ако вежбам јога вреѓам таму некој Индиец. А вежбам. И не негирам дека потекнува од таму. Пилатесот не знам чива култура е зашто конкретен човек го има измислено - Џозеф Пилатес.
@LivingGlam посуштинско е да се реши прашањето со гладот во светот, со војните и немаштијата - а не да се замараме дали некоја припадничка на бела раса ја плетела косата на специфичниот начин својствен за припадниците на црната раса. Можеби тоа го прави оти е убаво, убаво изгледа? Го промовира? Што има лошо во тоа? Не се прави таа со сила црна ако не е, ама проблем е плетењето на косата, оти се сфаќа како исмејување, искористување или што знам веќе што. Никој не се замара што Бугарите ни ја украдоа историјата и културата, ама затоа што некоја „инфлуенсерка“ се правела црнкиња се испишаа страници. Ок.
Интересен пример е со пастата, познато е дека Италијаните на пример не ја јадат со кечап и сирење (кое не ни постои, сирење како балкансково наше) па ние јадеме. Сквернавиме рецепти? Да не ставам овчо сирење со куп кечап во макароните?
Значи да прашаш било кој од каде потекнува пастата ќе ти рече Италија. А да прашаш било кој од каде потекнува јогата сигурно нема да каже Америка или шо знам, Бразил. И ај сеа, кое повеќе е присвоено? Паста јадам така како ми се вкусни. Ама сеа ќе се тегавиме дали со кечап или онаков сос треба.
Ама зошто не прочиташ убаво пред да искоментираш? Се замара, секако, во соодветни теми. Не верувам дека никој не се замара со тоа. Инфлуенсерката јас не ја ни спомнав, моите коментари немаа врска со тоа. Се вклучив во темава зашто пробав да читам на последните страни и беа само офтопици. За инфлуенсерката ќе кажам само дека сигурно е од незнаење, а бришење на коментари од луѓе што пробале да и' укажат не е ок. Ignorance at its best. Барем ислушај ги ако ништо друго. Ете кај е проблемот. Може едноставно да кажеш се извинувам што сте навредени, да, тоа е ваша историја и разбирам дека ви значи, па отсега ќе се обидам да ја почитувам повеќе. Околу Бугарите, сакав баш да го спомнам примеров. На Балкански фестивал во Охрид, секоја држава се претставува со свои песни и ора. Тие за своја ја одбраа Македонско Девојче и ја пееја на сред плоштад со б'лгарска најава. Типичен пример на присвојување и директна провокација. Тоа што не се реагира е што повеќето не се замараат и не им пречи. На @CameliaMiller сигурно не и' пречи. Ама ако се протестира од група луѓе, а треба, ќе кажеме дека имаат големо его и дека се претерано осетливи за тривијални работи?
Мене лично ми смета присвојувањето од страната на Бугарите, си признавам. Лично ми сметало негирањето на она што сум. Ама некој ако ја пее "Македонско девојче" оти му е убава и сака да ја пее, не ми пречи. А овде се потенцира баш тоа, дека никој не смее да присвојува нешто што е обележје на некој народ или култура, во никој случај. Или можеби само така сфатив?
Тоа промовирањето било проблем. Требало само црни да промовираат црна култура. Ама црните да не се трудат да бидат бели. Триста чуда и заврзлами, пак ќе речам, за апстрактен проблем, оти во МК нема расизам, пошто не живеат различни раси. Тоа што не се трпат меѓусебе македонци, албанци, роми, срби, не е расизам, ксенофобија е, нетрпеливост е Не мора гладот во светот да го решаваме, доволно е гладот во државата.Или загадувањето. Ама место некој да се ангажира со општествено битни теми, ќе се занимаваме со измислени проблеми, кои ама баш никаков импакт немаат, во окружувањето каде живееме. Измислените проблеми се одлични за дефокусирање од вистинските проблеми и барање решенија за истите И не е ова лично кон никого, просто е опис на илузионизмот на социјалните медиуми.
Ми пречи ако е НАМЕРАТА провокација, што во случајов е. Не ми пречи Бугари да пеат македонски песни. Ни Американци, ни Јапонци, ни Нигеријци не ми пречи. Реков за мене постои линија - едно е нешто да ти се допаѓа и го промовираш на некој начин, друго е активно и со цел да присвојуваш или понижуваш или провоцираш. Фризура не е дел од сето ова, едноставно. Не е во ред блекфејс, ама е во ред фризура која ете некој мисли дека е има длабоко значење. Не е се' исто.
Сепак нетрпеливост кон Роми е расизам, да бидеме реални. Ромите не се бела раса и често се на потсмев поради бојата на кожа, но и поради разни стереотипи врзани за нив. Што е уште потрагично, самите меѓу себе се расисти, другарка ми е побела од мене, со сини очи и проѕирен тен, доста е шиканирана од други Роми заради тоа. Ама тој расизам и општа нетрпеливост во Македонија и на Балканот е за нас посуштински проблем, каде што според мене пак, национализмот е најголем проблем, не од сега.
Напишав дека ја претставија ко своја песна, и сите други држави се претставуваа со свои песни. Не беше од почит, и тука е основната разлика. Никој тоа не го рече, но очигледно е дека не сакаме да се разбереме. Не мора тогаш ни за насилство врз животни, користење на детски труд за фаст фешн, злоупотреба на природни ресурси во Африка од страна на доминантни сили, малтретирани работници на плантажи за кафе и какао, за ништо не треба да се интересираме, па ни за ромското прашање. Зашто многу сме фокусирани на гладот во државава, баш. Еве скоро ќе го решиме од што сме толку ангажирани. Класика аргумент за релативизирање, во сите можни теми е присутен. Испаѓа дека баш за ништо не треба да се интересираме. Ајде уште еден обид и готово. Не е исто ако некој ти укаже на значењето и му го усвоиш аргументот. Не те тераат да не ја плетиш косата и да не се раѓаш со виткана. Друга е работата, да ја сфатиш нивната култура и значењето што фризурата го има за нив.
И кога ќе ја сфатам - што? Еве го сфаќам значењето на зборот што го користам, знам и што значат тетоважите што ги сакам (едната е арапски мотив, другата е хебрејски јазик) и ако некому пречи што некој што не е ниту индијанец, ниту арап, ниту евреин а ги користи, што да направам?
Епа ќе се истетовираш од почит кон тие симболи, а не за мода и зашто визуелно ти прават ќеиф. И ќе ги промовираш со почит. Во тој случај не им пречи. Ако некој ти коментира на инста и им бришеш коментари и игнорираш, ќе им пречи. Ист е и случајот со практикувањето јога или закачување дрим кечер над кревет.
Ама сериозно и да им пречи тетоважата меѓу градиве, немам потреба никому да објаснувам. Поголема дрскост е некому да кажеш што да прави со своето тело, него тој некој да замисли, истетовира поговорка на твој јазик. Ако ме замараат и те како би ги игнорирала, исто како во реален живот.