Не го рече ти, го рекоа пред 2 дена, еве подолу цитат. Јас само се трудам да го разберам феноменот, и да го разберам импактот на проблемот во општествениот контест. Добро бе, а иначе колку раси има @CameliaMiller ? Ако проблемот со ромите е расизам, која раса се тие?
Не биди ко МПЦ и ти сега. Јога се практикува во модерниов свет заради физички придобивки. Никој не оди на јога во модерниов свет за да практикува хиндуизам или будизам.
Мислам дека припаѓаат на кафеава раса, не сум скроз сигурна. И пак... зошто не прочиташ пред да коментираш? Кој воопшто спомна хиндуизам или будизам? Јогата и религијата им се посебни термини, но поврзани. Можеш ти да практикуваш јога без хиндуизам, дури и компатибилна е со сите религии кога ќе ги истражиш нејзините концепти на јама или нијама. Ама им пречи што во западниот свет се сведува и модифицира на вежби за издржливост, се менуваат имињата на асаните и буквално им се краде историја за да се создаде бренд и пари, ко аеро јога, пауер јога или хот јога. Што нема врска со изворот. Секој што предава јога треба да каже и малку историја, малку Патанџали, малку контекст зад асаната. Воопшто не зборувам за религија и МПЦ, ама ич. За почит наспроти извртување се работи.
Ромите се повеќе азијати него белци. Исто и Турците, освен што во денешно време се доволно измешани со словени, па се повеќе белци него азијати. Ромите не толку се мешаат со други народи и раси. Колку што не се сите белци еднакво бели, не се ни сите азијати ниту црнци со исти карактеристики.
Леле. Дури не се отвори темава не знаев дека постојат луѓе што имаат толку слободно време за да се нервираат затоа што некој присвоил некое елементче од "нивната" култура. Колку арогантно. Искрено ми е гајле ако некој се навреди доколку јас направам плетенки исто ко што ми е гајле ако некој облече македонска народна носија. Стварно има луѓе што за вакви работи се нервираат, сериозно прашувам?
Што води кон заклучок дека повеќе станува збор за ксенофобија отколку за расизам. На толку мешање на племиња и раси со милениуми, не може да зборуваме за раси. Ама стално може да наоѓам да ми пречи нешто кај различните од мене, ако сум така насетирана. Пример, од денес не праам муабет со луѓе со плави очи, така да си знаете... И така се прават конфликти
Мене некој на јога час да ми предава за историјата на јогата ќе си отидам. Едноставно не сум таму за историја да учам, ни па за религиски принципи да учам. За вежбање сум отишла. Ни па имам против пауер јога или било каква модификација на јога. Побогу и онака има 100 јога типови и без модерните. Живееме во конзумеризам, не можете да очекувате да не се монетизира нешто ако за истото има побарувачка.
Епа тоа е типичен пример на културна апроприација без контекст. Го правиш, не те интересира што некој засегнат мисли за тоа, и толку е муабетот. И пак наметнуваш нешто религиско што не е предмет на дискусијава и не го спомнав.
Па не ме интересира што мисли. Со својот живот јас ќе правам што сакам. Не знам како е навредливо за некој ако некој друг практикува јога.
Ноуп Само со кафени може. И да престанете да вадите прамени со побелени коси, се знае дека бела коса од природата е дар и е симбол на мудрост. Да сте престанале да се претставувате за некој кој не сте, многу фурни имате да јадете дур стигнете до бела коса
Епа се обидуваат да ти објаснат како е навредливо. И не се насочени директно кон тебе ко практикант, туку кон тие што ја промовираат јогата така. Тоа што не сакаш да слушаш е друга работа.
Па тоа де. Расизам како во примерот на @dayla е неприфатлив затоа што контекстот на актот е негативен и понижувачки. Али што не сум дала признание, сериозно, не чувствувам ни потреба да дадам. До душа во реален живот никој ништо нит ме прашал, нит се пожалил, мора да е строго онлајн концепт на пречувствителност за банални работи.
Абе све што јадеме и правиме и практикуваме од некаде почнало и од некаде потекнува. И ајде каде е границата што смееме, како и дали смееме? И компирот не е од Берово, туку си има свое оригинално потекло, од Јужна Америка бај да уеј. Или испаѓа само ако тој другиот е навреден.
Blackfishing-не. Фризура-да. Не е само одлика таа фризура кај црнците. Ај да не носеме пунџи оти е одлика на Азијци. Само строго пеглани да одеме. Мене ми нема смисла за фризури драми. Ама, океј. Секој со свој памет.
Тоа и мене ме интересира, која е границата? Јадам макарони, да се запрашам зошто ги јадам и кој ги измислил. Седам под ќебето со оние цветни мотиви од времето на Тито, да се запрашам на кој припаѓа. Имам winged eyeliner дали личам на Клеопатра?