1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Културно однесување и манири

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lady.Rose, 3 јули 2011.

  1. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Поради брзиот начин на живот се почесто гледам дека децата и младите, а и некои од постарите, не поседуваат никакво домашно воспитување и манири.
    Дали мислите дека тоа е така?
    Сметате ли дека е во ред?
    Зошто се изгуби оној традиционален бон-тон?
    Дали вие се однесувате културно и што подразбирате под имање манири?
    Дали вашите деца, доколку ги имате или планирате да ги имате, ке ги учите на основните норми на пристојното однесување?

    Доколку има некоја ваква тема избришете ја или ако не е во соодветна категорија преместете ја :)
     
    На КикиМаус и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    И јас имам приметено дека ретко кој човек се однесува како да е дома воспитан.
    Мислам дека околу 80% од младите и децата не се однесуваат достојно за возраста,но и повозрасните луѓе често знаат да се испонашаат недолично,а поготово бабите и дедовците намќорести луѓе кои очигледно нема со кого да прават муабет па времето си го трошат на расправање со некој друг!
    (тука не спаѓаат сите да не се навреди некој) :)
    И јас не сум светица сигурно барем еднаш сум си се испонашала недолично(иако не се сеќавам точно кога,дома се однесувам како што не треба а на улица како што треба,и да жал ми е за тоа :!: ) но знам како да возвратам на културен начин доколку се најдам во таква ситуација.И сметам дека родителите премногу им даваат слобода на децата слепо верувајќи им дека нивното дете е најдобро на свет и никогаш ништо лошо нема да направи(некои ја заслужуваат и знаат да ја ценат нивната довербата,но поретки се).А уште полошо па некои деца дома се однесуваат како што треба ама кога ќе излезат надвор своето домашно воспитување си го оставаат дома(тоа е само за родителите за да ги придобијат најверојатно)
    (ова го имам приметено по деца од школо,другарки,некој искрено си кажува мада они мислат дека така што ќе кажат и сеа главни се заебале некој или незнам што им е целта,а всушност сами си наштетуваат)
    А да,под манири подразбирам начини на културно однесување,културни навики,манири
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Баш гледав во една тема во врска со добрите девојки и што тие прават или не прават и некако добив впечаток дека денеска е модерно време, демек не важат истите бон тон правила од порано и дека е нормално девојка да пцуе, плука или покажува среден прст и пак може да биде добра...Точно, добра да(во душа, карактер), но културна-не...
    Културна девојка со добри манири не значи наивна, смотана, некоја која не знае да се одбрани на подол начин ако на истиот е и нападната...Си се брани на свој начин држејќи се до свое 'ниво'...Макар некогаш била и лицемерна преќутувајќи нешто што е очигледно дека го мисли...Културна девојка не ја задоволува својата повремена потреба да биде 'опасна'-со пцуење и покажување прст...постојат пософистицирани начини...Пие со мерка, се расправа со одбрани зборови...
    Култура и манири-не се употребуваат само во исклучителни ситуации, тоа е воспитување, начин на живот...
    За жал ретко кој е таков во денешно време...
     
    На КикиМаус, srcekrsacka, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Мене ми е многу убаво и природно ми доаѓа да кажувам фала, извини, да правам место да помине некој,да бидам насмеана додека муабетам со некој итн - да не набројувам, значи се што е пристојно и фино да се гледа на една млада девојка.

    Се тоа во ред.

    Но, едно ГОЛЕМО НО, она што ме чуди и ме нервира кај повеќето луѓе, (зборам за ситуации со рандом луѓе, не кога доброто однесување е задожително)е што на добриот пристап незнаат да реагираат.
    Мислам иљада пати ми се има десено и тек даље бетер ме чека, но имам чуство дека е изгубен осет за ОСНОВНА култура.

    Тоа е тажно бре.
     
    На КикиМаус и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Искрено многу обрнувам внимание на моите манири. Сметам дека се важен дел од мојот карактер.
    Многу поубаво се чусвствувам кога добро се однесувам, кога кажувам фала, извини... и слични зборови, кога се трудам да оставам што подобар впечаток.
    Манирите според мене се важен дел од карактерот на секого, не само на девојките.
     
    На КикиМаус и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Децата денеска се некултурни зашто родителите немаат време да си ги видат, камоли да седнат, да поразговараат со нив и да ги научат нешто.
    Ако не гледаат нешто на тв, тогаш се пред компјутер.
    И таму и таму, секако нема да начекаат скратена лекција по бон-тон.

    Јас сум за вообичаеното поздравување - добро утро, добарден... магичните зборови повелете, извинете, благодарам, нудење помош на омилениот комшија со ќесите од пазар или барем отварање на влезна врата пред истиот, станување на изнемоштени лица и трудници во автобус...

    ама дајте ве молам - која девојка не препцула кога е наку*чена до смрт, која не покажала среден прст некогаш?
    Многу свилени сте биле бре вие. :^)

    Никој не вика да пцуете ко кочијаш, ама now and then ви излегува некоја сочна пцост и гадост од финото устиче грижливо намачкано со сјајче, ајде признајте ...
    *Признај
    пизда ти материна!
    (од филм е, не се потресувајте).


    Сфаќам јас употреба на виљушка и нож како манир на убаво јадење, ама кога ви носат пастрмајлија куклиња немате потреба од овие помагала.
    Од што некогаш многу сакате да сте културни, излегувате троа простички.

    И ако културно однесување и фини манири се да ја зауздувате вашата смеа во јавност, да сте тивки и лирични како да одите по јајца, од срам што ќе рече народот ако викнете погласно или се насмеете или ви дошло да запеете - бидете од момињата со свилени ракавички. Јас не сум.

    Некако ептен ги мешате работите.
    Никој тука не вели да не ставате рака на уста кога зевате или кивнувате.
    Ама па и никој не бара пластични или восочни куклиња од времето на ренесансата.
     
    На КикиМаус, srcekrsacka, MarchelineAmaru и 16 други им се допаѓа ова.
  7. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Јас сум од тие помладите и пожам да кажам дека се однесувам куилтурно така сум воспитана од дома,но сега како шо идат генерацииве навистин тоа не е воред.
    Доколку би имала деца би се трудела најповеќе што можам за да ги направам културни сите да им завидуваат :lol: :rofl:
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Сакале ние да признаеме или не, такви особи постојат, не оние кои извештачено глумат лудило т.е култура, туку оние кои од мали нозе биле учени на такво однесување, растеле во такво опкружување, и ако некоја будала им пресече пат во сообраќај, ќе го испцујат можеби во себе но не на глас и со покажување среден прст...И не заради тоа што би им било срам дека некој ќе ги види, едноставно така знаат и умеат...
    Настрана ајде покажувањето прст и пцуењето кое може да се деси тук-таму во голема нервоза, но ако постојано си тераш по свои пориви, и ако тоа значи да се смееш ко будала во тивок ресторант полн со луѓе, или да се драпаш со дечкото во јавност секојпат кога ќе почуствуваш потреба за тоа, (многупати само затоа за да се привлече внимание или да се докажи дека еве јас сум слободна девојка која прави што сака и не им робува на некои таму пишани правила за култура)-во очите на другите СИ некултурна...
    А дома ти пак јади си со вилушка и нож...
     
    На danniela5, TennisBabe и marama им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Уф, уф, уф... и во кревет ли ги носите вашите скапоцени манири на убаво однесување?
    Извини злато, мислам дека доволно пенетрираше во мене, може ли да доживеам сега сексуален климакс?
    :wasntme:
    треп, треп.

    За мене лично, културната девојка треба воедно да биде и правописно писмена.
    Мислам, не би било лошо, кога веќе продава култура на кило.

    Значи тивкиот ресторанТ (без Т) не би бил мојот избор. Мразам да вечерам во друштво на восочни фигури.
    И да, кога нешто е смешно, се смеам гласно.
    Тоа би била - човечката реакција.

    А познавам мал милион момиња што научиле да употребуваат виЉушка (да, со Љ е, замисли), а џвакаат како да ја преживуваат храната, просто можеш да почувствуваш како желудочниот сок доаѓа во контакт со храната.
     
    На КикиМаус, okcenzi, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Кога го пишував текстот не се опишував себеси, а ниту пак конкретно мислев на тебе, туку општо си кажував мислење...Затоа олади девојко...
    А, да, се извинувам за мојот правопис...ОМГ :D
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Прифатено ти е извинувањето Скорпионка. ;)
    Мене чудно ми падна како токму ти проповедаш морал и етика, па и култура и манири бидејќи тебе те паметам по една прекрасна реченица која ми ја упати мене на времето, а и во остатокот од дискусиите не си некоја фино-слаткоречива маниреста особа.

    C'mon... Nice girls don't say things like that.... do they?

    Ама за една работа си во право.
    Културните девојки за да останат културни и со манири до крај, мора да премолчат некои работи, да одглумат и да бидат трошка лицемерни.
    Само се прашувам нели се исцрпуваат од таква претстава и глума секој ден?
    :)
     
    На КикиМаус, okcenzi и sleepingbeauty им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Манири и бон тон. Ги носиме или имаме во себе или немаме, од мали години. Се вели - сакаш да знаеш какво ќе биде детето? Погледни ги какви му се родителите и се ќе ти стане јасно.
    Шо би се рекло, you can take the monkey out of the jungle, but you can't take the jungle out of the monkey :)

    Не знам дали би можеле да генерализираме дали денешните деца имаат или немаат основни познавања од едно солидно, културно однесување, па и дали воопшто знаат што е бон тон. Велиме обично - денешнава младина е ужас жив.
    Јас сепак имам 40годишни колешки кои имаат прекрасни деца.

    Манирите и културата не се мерат со тоа кој во колку поскап ресторан може да си дозволи да си го смести своето фенси г’зе, ниту дали на раката блеска часовникот, дијамантот, или косата е зачешлана налево со шишка под агол од 48 степени и слично.
    За мене е манир и култура да знае човек и воедно природно да поседува сенс кога треба да се заблагодари, кога треба да поздрави учтиво, кога треба да џвака мастика, кога треба да рече госпоѓо а не тетке, кога треба да помогне на некој, кога треба да ја придржи вратата од влезот а не да ја пушти во моментот кога доаѓа некој и да ја лупне у фаца - уште полошо, да знае дека во лифт се кажува добар ден и пријатно на влегување и излегување итн.
    Леб не се јаде со виљушка и нож, туку со рака. Бананата се дава на келнерот да ви ја излупи во ресторан евентуално луспата се расекува со ножот, пица се јаде со раце дури и пилешко. Смешно ми е кога некој претерува со култура - која де факто не е култура туку е нечиј обид да биде она што не е.
    Бон тонов не се однесува само на манири на јадење туку не севкупен начин на учтиво однесување. Дел ни е вроден, а дел се учи.
    Можеш да објаснуваш колку сакаш дека на бабулено и е потребна помош со торбите ако тој дотичен не сфаќа дека треба да и помогне.

    Се сеќавам кога бев многу мала тато ми купи едно весело книгуле за бон тонот. Многу си го сакав. Речиси на памет си го научив :)
    Кога ќе имам еден ден деца, ќе ја наследат книгава. Таа ме научи многу и благодарение на строгото воспитување на родителите до ден денес имам некои навики кои ги негувам од мали години. Ко на пример - оди исправено и не ја фаќај оградата, прљава е! Седи исправена кога јадеш. Не мљаскај! Не сркај! Спушти ја едната нога од столче! Поздрави го чичкото! Не пукај балони! :D

    Еј колку ми идеа на живци реченициве кога бев дете. Верувајте денес сум благодарна за нив. Забележувам дека билошто од спомнатото и мене ме иритира веќе на овие години :wasntme:
     
    На КикиМаус, MarchelineAmaru, glow и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Пак ќе кажам-не се опишував себеси, и во ниту една реченица не кажав дека јас сум од тие перфектно културните и со манири...Така да нема потреба да ми вадиш реченици од којзнае кога и од која тема, затоа што нема да ме побијат дека такви девојки постојат, само јас не сум една од нив...
     
  14. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Основна култура да, добар ден/добра вечер, благодарам, повелете, извинете. Тоа да.
    Ама немам проблем со тоа да се изнасмеам гласно или да си кажам свое мислење малку погласно во било какво друштво.
    Уствари, јас не ни излегувам на такви стерилни места. Како и да е...

    Знам да упаднам во збор кога ќе се возбудам, не ги поздравувам одвратните комшики, па што.
    Добро ми е и така.
    Кога јадам по дома, јадам со раце, е не, ќе се лупам од ѕидови сеа пинџур со вилушка ќе го јадам или ајвар кога се прави, да макам од лонецот, мерак ми е.

    Нешто што презирам се извештачени “дамски“ манири, за девојки што ни самите незнаат што се и како се, ама знаат дека се треба да биде под конец во било кое време и место, бидејќи нели, културни се.

    Се изгубив во преводот, Е*@go...
     
  15. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    На денешно време луѓето живеат само за пари.Од работа дома од дома на работа детето кој го врти.Детето по 20 саати на интернет и тоа ти е.Затоа според мене децата треба да одат во градинка стекнуваат многу работи кои ќе им служат во животот.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Културата и манирите се тесно поврзани со домашното воспитување. За жал денеска родителите во борба за опстанок многу малку обрнуваат внимание на воспитување на своите деца а камо ли на културно однесување и манири.
    Денес културата се гледа низ призма на парите, за жал а за манирите не ни станува збор. Почнува да станува смешно или велиме глуми лудило кога некој покажува некоја култура или манир надвор од она општо што сите или повеќето го знаеме. Не знае како да го тргне рбетот на рибата и истовремено да излезат сите коски а покажува манир дека риба се јаде со нож и вилушка, или мекици јаде со нож и вилушка :?: Знак на испомешани вредности, принципи и правила.
    Секој се однесува како што сака или му одговара. Секој може културно да се издиза ама буквално издиза колку сака ако ја нема општата култура џабе е се. Е тоа е утопијата во која живеат повеќето млади.
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Се знае бре луѓе која е основна култура и љубезно однесување.Најново што е сега во мода е „Ми е гајле што е постар ако заслужил ќе го почитувам“. Добро во ред е тоа,ама разграничете почитување и културно однесување.Се согласувам со некои мислења што ги прочитав овде да не се повторувам,не сакам да се осеќам ко да сум во гипс кога ќе излезам,да се пазам на секое виљушката и ножот дали правилно сум ги поставила според стрелките на часовниот,дали повеќе од 2 пати сум направила жиевли,машкото друштво околу мене да се претепува за јас да се осеќам како дама и сл.
    И уште една работа што ме нервира.Според некои правила на бон-тон жените не теба да ги вадат ракавиците кога се поздравуваат.Епа мене ми е глупо и секогаш кога се поздравувам ја вадам,сакам да си се поздравам ко човек и ич не ми чуе.
    Еее а за тоа јадење со отворена уста.Имам една колешка на факултет,луѓеее како џвака цела храна и ја гледаш како и се врти меѓу јазик :@ а вака да ја видиш си викаш леле Лејди Ди...неколку пати неприметно имам станато од маса,што да правам не можам да ја гледам |(
     
  18. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Дали мислите дека тоа е така? да за жал така е
    Сметате ли дека е во ред?не никако
    Зошто се изгуби оној традиционален бон-тон?затоа што родителите не обарнуваат доволно внимание
    Дали вие се однесувате културно и што подразбирате под имање манири?да јас се однесум културно а под манири го разбирам како збор= навики
    Дали вашите деца, доколку ги имате или планирате да ги имате, ке ги учите на основните норми на пристојното однесување?моите деца ке ги уцам на основните норми
     
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Денешните деца дефинитино не поседуваат никаква култура.. За манири да не правиме муабет.
    Чест на исклучоци :!:

    Тоа воопшто не е во ред и е последица на домашното ''воспитување''. Значи нема НИКАКВО воспитување. Родителите не ја обавуваат својата задача и не седнуваат фино-лепо со своите деца дома да поразговараат на оваа тема и да им објаснат некои работи кои на децата денеска им се тотлано непознати.
    Премногу слобода се има дадено и полека, полека, манирите почнуваат да исчезнуваат... Култура нула.

    Што се однесува до мене го давам мојот максимум да бидам и културна и да се однесувам со манири што верувам и дека личи на една девојка...
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Крајно сум разочарана од некултурата на помаливе генерации, ни добар ден викаат, гласно пцујат и секакви вулгарни зборови употребуваат во јавност, по автобусиве се тепаат, јадат, кршат столици, шкртаат, вреѓаат постари па и помлади лица... катастрофа... Не би рекла дека се слика на родителите, немора да значи дека и родителите им се така некултурни туку дека не ги воспитале и научиле на основната култура.
    Не мислам дека е изгубен традиционалниот бон-тон, тука е, само заборавиле да го применуваат генерацииве што доаѓаат, иако нели нормално има исклучоци.
    За себе сметам дека сум доста културна, добар ден/вечер... пријатно, повелете, благодарам... се дел од моето секојдневие, и кога не поднесувам некои лица сепак им го кажувам тоа, затоа што тоа е сепак моја култура и јас се чувствувам подобро кога ќе го направам тоа. Имам жути моменти кога се дерам и пцујам и свашта кажувам но тоа никогаш не го правам во јавност, се воздржувам, затоа што не ми е пријатно да се однесувам така пред многу луѓе кои во поголема мера и не ги познавам и не ме познаваат. Не плукам по улици, не фрлам ѓубре кај шо ќе ми текне.
    Јадам со прибор за јадење онаму каде што тоа е изводливо, тука и јас ќе спомнам дека ептен глупаво и смешно изгледа кога некој сака да покажува лажни манири па јаде пилешки крилца во нож и виљушка :lol: Да, пица, пастрјмалија, крилца и копани си јадам со рака.
    Си го контролирам тонот на зборење и смеење во јавност не затоа што нешто глумам којзнае си каква култура туку затоа што ми е непријатно да привлекувам внимание ако се изнасмеам на цел глас или пак мојот муабет го слушаат сите околни маси.
    Моите деца ќе ги воспитам онака како што ме воспитале и моите, но мора да признаеме дека и околината има влијание врз формирањето на културата и манирите, не е само домашното воспитување.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.