Културно однесување и манири

Discussion in 'Општи дискусии' started by Lady.Rose, Jul 3, 2011.

  1. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2013
    Messages:
    402
    Likes Received:
    1,265
    Gender:
    Female
    Воспитанието е најважно за добрите манири и однесувањето.Добро е кажано децата се огледало на родителите.На пр. во основно имав една другарка која е ТОТАЛНО невоспитана.Си мислевв од кај е таква.По неколку месеци бевме на родителски за сведителствата,мајка и доаѓа седнува.Учителката ни ги кажуваше оцените,а оваа на телефон си зборува...си нема гајле. :call: .Се согласувам со mims-89,помаливе 5 години имаат вулгарни зорови секојдневно употребуваат.Онојпат бев надвор со другарка ми ,таа дојде со уште една другарка неколку години помала од мене.Кога почна да вика,да пцуе,да се бреца....ужас.
     
  2. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2013
    Messages:
    1,690
    Likes Received:
    12,650
    Gender:
    Female
    Се согласувам со вас,секојдневно додека одев на училиште ги слушав малите деца како пцујат се дерат па дури зборуваат за порно. се запрепастив, јас на нивна воздраст не ни знаев што е тоа,можеби сум била заостаната не знам но зборот порно за прв пат го слушнав во 5 одд од една моја другарка и не знаев што е тоа. Малце забегав, но да не се фалам сепак имам некоја основна култура не се дерам, не пцујам,добарден-добро вечер е неизбежно за мене,те молам,ти благодарм исто така зборови без кои не мине мојот ден.Сепак големо влиание има средината во која живееш и со кој се дружиш,ако некој околу тебе постојано пцуе еден ден и ти ќе почнеш да го правиш истото :)
     
  3. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Joined:
    Dec 6, 2011
    Messages:
    335
    Likes Received:
    260
    Gender:
    Female
    Колку ме само изненади брат ми еден ден. Го дирав се игравме и тој одеднаш му излета од уста,,ДА ти го турам,, ?о? ГШто?ГО утепав. Што рече? Ми вели дека го слушнал од другари.Толку се изнервирав уфф. Тој знае кога е лошо тоа ама денеска. Јас сето тоа го слушнав во 6 одд од школски. А тој има 8 години! Што се сега децата знаат, глупости.Ми вети дека вееќе нема да каѓе такво нешто па ќе видиме...
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,947
    Likes Received:
    39,518
    Gender:
    Female
    Во денешно време ретки се оние што имаат културно однесување и манири. Резултат на тоа е околината. Со какви се дружиш, таков ќе бидеш.
     
  5. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Joined:
    Apr 16, 2013
    Messages:
    66
    Likes Received:
    62
    Јас немам некое високо ниво на култура , но колку да оставам добар впечаток кај некоја личност имам секогаш треба да се знае како да сеоднесува со некоја личност културно , јас сум млада и со младите се однесувам младо , со старите се однесувам повозрасно..Кога сме кај младите знаеме да се нашалиме малку да се насмеиме но се си има гранци најмногу ме нервира некој на пример неколу соученици кои немаат ни основна култура незнаат да се однесуваат културно со наставниците и со учениците
     
  6. planet

    planet Истакнат член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    86
    Likes Received:
    73
    Културното однесување и добрите манири се најголемото богатство на една личност. Колку и да е човек паметен, колку и знаење да има, колку и да е убав, колку и да му оди нешто, доколку не знае да се однесува како што му личи тогаш се друго паѓа во вода...
     
    Bitter-Sweet and Gordana10 like this.
  7. Therose.S

    Therose.S Активен член

    Joined:
    Jul 9, 2013
    Messages:
    43
    Likes Received:
    3
    Не велам дека сум некоја која зрачи од култура. Културното однесување сите различно го толкуваат. Сепак, културата и онака е истребена и изоставена од малите главчиња на децата. Понекогаш се прашувам, дали бев единствено дете кое беше искарано кога кесичката од чипсот ќе ја фрлеше покрај контејнерот, кога ќе направеше мал неред во ресторанот? Не одрекувам дека и јас, како и повеќето девојки употребувам од нашите добро познати кавадаречки пцости, но "Добар ден" не сум изоставила дури и на соседите кои не ги познавам... Гласното смеење, забава, пеење, сето го доживеал секого, но самата не сум си дозволила откога некоја личност ќе ме замоли да сум потивка да терам инает како моиве врсници... Се е тоа работа на воспитување, доколку правам нешто некултурно, до ден денес ме караат а јас со наведната глава прифаќам... Затоа немаме и ќе немаме култура, па другите родители им се плашат на своите деца.... Јас самата сум изреволтирана, а не можам па да замислам како им е на постарите генерации кои сепак ја држат својата култура на ниво.
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,036
    Likes Received:
    143,895
    Дали знаете:
    - кога имате наредено ножеви и виљушки по 2 од секоја страна, од кои почнувате?
    - дали вие подавата рака за поздравување на постар човек или тој вам?
    - дали се вика благодарам и на вас, или благодарам и вам?
    - кој прв влегува а кој излегува од ресторан - дечкото или девојката?
    - дали знаете на маса да распознаете која ви е чаша за вода а која за вино?
    - дали знаете како се брише устата и дали по јадење или по пиење?
    - дали девојките се поздравуваат со ракавици или ги вадат од рака?
    - каде седнувате на маса кога сте парови?

    И не викајте дека можеби не знаете и не ви треба оти не одите по ресторани туку по биртии и дека јадете како што ви е мерак. Помислете дека барем еднаш во животот ке морате да седнете некаде каде мора да бидете совршени во однесувањето, па не сакате да се срамите од вашето непознавање на доброто однесување.
    Пцуењето, пождригнувањето, јадењето со отворена уста или гласното сркање супа се срамни и да се споменат.
    Некои други правила ви текнуваат?
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    2,095
    Likes Received:
    3,629
    За културни луѓе сум културен,а за некултурни гледам колку можам да ги игнорирам,зашто не сакам да се спуштам на нивно ниво.Инаку има луѓе што се културни и многу ги ценам таквите,за жал се помалку има луѓе со добро однесување и манири.
     
  10. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2013
    Messages:
    770
    Likes Received:
    7,172
    Gender:
    Female
    Јас се сметам себе си за дури и претерано културна,ако така и може да се рече.
    Никогаш не изоставувам благодарам ,ве молам повторете,повелете пријатно...како и да е ,сум се судрила со многу колтурни личности а со оние од другата страна на реката.Како и да е културата е еден вид богатство на умот,преточено во зборови.Културата не е луксуз,секој треба да ја има што е редок случај.Сметам дека децата од најрана возраст треба да се учат на манири и пристојно однесување.
    Сведок сум и понавам вакви семејства,каде децата се културни и љубезни.Благодарение на домашното воспитување. :)
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,195
    Gender:
    Female
    Мислам дека начинот на живот не треба да биде изговор за однесувањето на човекот.Најважно е домашното воспитување.Како родителот ќе го воспита своето дете, така на тој начин детето ќе се води во животот.Најважна е основата, воспитувањето, човек може се да има, ако нема воспитување, џабе му е се.А и токму тоа е она кое го разоткрива како личност.Начинот на однесување е огледало на домашното воспитување.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    2,952
    Likes Received:
    1,752
    си купив книга за бонтон-што заврши кај другар ми и никако да ми ја врати :envy: ке си купам нова :) :)
    сметам дека една млада дама треба да биде културна-однесување, јадење иако мегу обичниот народ гледам дека не е многу застапена но во повисоките друштва е и ако навлезеш во некое од нив а не си подготвена може да доживееш непријатно искуство :!:
     
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2013
    Messages:
    1,481
    Likes Received:
    12,626
    За жал живееме во такво време каде технологијата е многу напредна и влијае и децата да бидат "напредни"
    Само што почнал/а да зборува телефон најнова марка,поголем од него незнае ни да го држи како треба.
    Социјалните мрежи , тука е фејзбук уште не научил да пишува ама фејзбук има пошо нели не може да остане покусо од другите.
    Денешниве деца многу бараат и се им е дадено освен љубов,внимание и воспитание кое е обврска на секој родител и најмногу што може да му даде на своето дете.
    Недоволната комуникација со детето поради "немање време" си ги покажува резултатите, а тие деца најчесто се дружат и со други кои исто така се оштетени од родителите во тој поглед и од кого тоа дете ќе научи кои се добри особини а кои не? Прават работи кои се недолични мислејќи дека се кул а после кога ќе сака некој да им укаже,ако воопшто најде време ќе биде касно.
    Значи сепак вината е во родителите арно рекле Се учи теле не се учи вол и така е.
    Секогаш се трудам да ги покажам добрите манири кога е потребно а да не изгледам вештачки.Или ги имаш или не.Многу ми е гадно, а и жално кога ќе видам здрав,прав,млад,убав човек да се однесува недолично за негова возраст и воопшто не човечки. Како би било кога би се погледнале во огледало и би се виделе реално..? Мени ми се толку одбивни таквите луѓе :x
    Кога ќе имам дете,здравје ќе направам се за да биде на вистинскиот пат,секако со правилна комуникација и внимание..тое е и највредно што можеме на некој да му го дадеме.
     
    angelche16 and eliesaab like this.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Joined:
    May 27, 2015
    Messages:
    4,526
    Likes Received:
    25,598
    Gender:
    Female
    Прекрасна тема на две страници оставена..штета, голема штета:(
    Морам да кажам дека живееме во време кога културата е на најниското дно сведена, можеби подобро е да кажам дека воопшто не постои, испарила..а тие што се сметаат за културни, тие се само една одглумена става и фаца и научен речник силом приликом.
    Нема да гњавам сега за децава што ни се некултурни, што немаат почит ни кон луѓе ниту кон туѓа имовина, вандали тешки станаа...нема да зборам за сообраќајна култура, култура во кино, театар, на каса во маркети или на шалтер во банка, култура на соц.мрежи итн...................................................................

    Сакам да ви кажам за денешното мое згрозување и разочарување од луѓето т.с.од нивниот однос кон ивалидизирано лице. Бев во банка, гужва вообичаена, на еден шалтер стои мајка со дете кое душиче беше хендикепирано и физички и психички(сигурно мајката јадна немала на кого да го остави детето на чување па морала да го носи со себе)....СИТЕ погледи од луѓето што беа во банката, беа вперени во детето, не трепнуваа(маме им нивно без осет)....чувствував дека мајката тоне од срам, поглед не крена, ниту лево ниту десно.....
    Па добро бе мајку му, па каде ни е културата, каде ни е сожалувањето, па зарем не научиле дека не се гледаат директно и така радознало безчувствително лицата со посебни потреби.....па што бленат и старо и младо....да се чудиш која некултура, кој безобразлук...душа ми се стегна:@
     
  15. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Joined:
    Dec 2, 2016
    Messages:
    1,032
    Likes Received:
    9,127
    Gender:
    Male
    Све сум видел ама κога во цρκава за нашите најголеми Хρистијансκи пρазници неκој се бρза и бутκа дρуги луѓе ќе ни стане све јасно κоја е κултуρата ама јас веρувам деκа на сите ќе ни дојде тој ден κаде ќе моρа да одговаρаме за све што сме напρавиле и не сме почитувале луѓе κоја им била потρебна нашата помош :headbang:
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,882
    Likes Received:
    14,461
    И меѓу образованите луѓе денес многу ретко има културни луѓе. Не е културен тој што озборува пред колеги, кажува погрдни зборови, навредува трети лица кои што дури не ги ни знае. За жал ако си културен во некои ситуации глупав ќе испаднеш.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,954
    Likes Received:
    81,678
    Gender:
    Female
    Толку многу некултурни луѓе среќавам што како дијаманти ми се оние културните. И навистина се дијаманти. Да најдеш некој што ќе отстапи место во автобус на постар, на бремена жена или мајка со мало дете, некој што ќе ти ја придржи вратата од супермаркет кога имаш многу кеси со тебе, некој што љубезно ќе ти каже благодарам и извини, некој што ќе помогне на стар човек да премине улица, некој што ќе спаси животно од неволја, некој што ќе се понуди самиот да ти помогне кога ќе види дека ти треба помош, некој што ќе ти ги причува куферите додека ти одиш да купиш вода, некој што избегнува конфликти иако има аргументи доволни за да те закопа, некој што споделува со другите се што има и еден куп други работи, редок случај е. Вреди да се спомнат и оние што се уредни и не оставаат растурено зад себе дома или надвор, оние што се грижат и за другите луѓе и нивните чувства, оние што се внимателни. Во темава има премногу нешта што можат да се спомнат. Може да има некои што се донекаде културни, ама за 100%... како што кажав, дијаманти.
     
  18. Kosem

    Kosem Активен член

    Joined:
    May 5, 2016
    Messages:
    9
    Likes Received:
    18
    Gender:
    Female
    Заприметувам нешто што многу ме растажува и разочарува а тоа е дека баш тие невоспитани луѓе многу често успеваат да излезат на крај во многу работи. Среќавам такви секој ден насекаде, на факултет, во продавница, во јавна институција и буквално тие кои имаат дрско понашање многу побрзо се услужени, подобро се третирани и побрзо успеваат. Не знам зошто е тоа така но навистина ме депримира и понекогаш навистина жалам за тоа што сум добро и примерно воспитана затоа што луѓето многу често го заменуваат со глупавост.
    Не постои ништо по привлечно од културата и манирите, како што велат знае дури и грдиот човек да го направи убав. Сепак образованието не е пресудно за културата на човекот, познавам академски граѓани со висок степен на образование кои се однесуваат по лошо отколку што би рекле оние слезени од планина. Навистина невкусно и жално.
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,036
    Likes Received:
    36,224
    Gender:
    Female
    Лесно да се биде се што се другите во негативна смисла, а најтешко е да се остане човек во услови на материјалистичко владеење.
    Образованието и позицијата во општеството не се синоним за личност со културно однесување. Воспитувањето се стекнува во домашна средина и претставува научена лекција од родителите. За жал, таквите лекции имаат друга содржина во која пристојното однесување е избледено.
    Ретки се оние што имаат изградено такви манири и успеале да ги задржат и применуваат во денешно време. Со оглед на тоа што ретко среќавам културни и воспитани луѓе нивните гестови ми претставуваат незаборавен настан на денот.
     
    Prijatelot likes this.
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,719
    Gender:
    Female
    Ретко кој ги почитува правилата на културно однесување и поседува манири, но голема вредност за човекот е да ги поседува истите. Првично се стекнуваат во рамки на семејството, а потоа и во училиштето, средината и воопшто општеството. Домашното воспитување е најважно.