Во денешно време мислам се помалку луѓето се културни и со убави манири ,иако мислам дека е голема доблест на еден човек ако ги поседува .Иако денес секој се однесува со другата страна како заслужил.
Мислам дека денеска веќе културата и добрите манири како да се заборавија, поверојатно е да видиш вонземјанец него културни луѓе со манири околу тебе.
Денес и нема баш култура и манири... Посебно меѓу народот, би рекла катастрофа. Од најмлади па до најстари. Ќе дадам еден пример за некултура, и за жал, многу говори за нашето општество. Си одам дома од Скопје, возот штотуку се паркира на перон. Се сеќавам дека беше бесплатен ден за пензионери, па ги имаше доста. Само што се отворија вратите, и влегувам да го оставам багажот. Не можам да опишам како бев истуркана, прегазена...Се туркаа за место Носев куфер и торбица, и за малку не летнав со нив. И тоа стари луѓе, зрели. Не можам да ја заборавам никогаш сликата, толку одвратно ми беше Секако дека ќе отстапев место на некој постар, целта беше само да го оставам тешкиот багаж. Е тука ми стана јасно дека нема култура, ниту манири, ни кај помладите, ни кај постарите. И во ред, да беа помлади и ќе сфатев некако. Ама од постари луѓе, а навидум господа. Прва претпоставка, ете живееле во друго време, имаат манири. Се излажав „Нешто е гнило во државата Данска...“ (овде слободно заменете со Македонија). Имало и обратни ситуации, ама не сакам да ги коментирам. Но, културата и манирите се и тоа како запазени во групите означени како „високо друштво“ (тука ги вбројувам правничката фела, политичарите пред се, затоашто егзистирам со такви луѓе, но претпоставувам дека и во другите кругови е така). Секој детал е важен, од јадење до држење, дрес код, зборување... И многу лесно се препознава личност која нема манири. На последниот семинар на кој бев, беше нагласено каков да биде дрес кодот. Мојата цимерка реши дека може да го прекрши вториот ден. Не изгледаше непристојно, ама комбинацијата и беше соодветна за денско излегување на кафе, не за приликата. Ја замолија да се пресоблече. Мислам дека на луѓето им треба лекција по бон-тон и културно однесување. Децата учат манири од дома, и важно е пред нив што се зборува, често се слуша мали деца како пцујат И постарите треба да посветат внимание. Не е во ред туркање, ниту зјапање во болни лица, за јадење постои прибор... и ред други работи. Некултурата е она што не карактеризира и во други полиња. Не постои нешто како правна култура во општеството, ниту еколошка свест... Многу од катастрофите се само израз на нашата некултура.
Во време кога цинизмот станал културна норма, а манирите и љубезноста се доживуваат како лукавство, „стратегија“ или макијавелизам, дојдовме до апсурдна ситуација. Постаклукот, вулгарноста и грубоста во јавниот простор и секојдневието се слават како „еманципација“ и „автентичност“. Спротивно на тоа, љубезноста и културното однесување се гледа со сомнеж, како нешто што сигурно крие задни намери и води кон нечии приватни интереси. Токму денес, културното однесување и љубезноста (не нужно ригидното следење на старите „салонски“ манири поврзани со класна доминација и дистинкција) се вистински бунт. Тоа е одбивање да играш според правилата на најниските инстинкти и автоматски реакции. Тоа е избор да размислуваш пред да зборуваш, да разбереш пред да одговориш, отпор кон наметнатите предрасуди и стереотипи, на кои доколку им дадеме автоматска валидност, сме жртви, било да сме од страната што ги изразува, било да сме ние тие што сме предмет на тие реакции - зашто, овие улоги се заменливи. Културното однесување, манирите и љубезноста е како подадена рака што не мора да ја подадеш, но сепак ја подаваш, таа е против логиката на трансакцијата и цинизмот кој знае сѐ однапред, но ништо не знае да направи конкретно. Тоа е пример кој луѓето го посакуваат, но им се чини невозможен зашто очекуваат другиот да го направи првиот чекор. Тоа е отпор кон популизмот што манипулира со емоции наместо со разум, отпор кон алгоритмите што нè хранат со бес и поделби, отпор кон политиката што ги манипулира чувствата и го девалвира образованието, во што спаѓа и културното однесување, а истовреме носталгично жали за некои други минати времиња, изземајќи се од сопствениот придонес кон некултурата. Љубезноста и добрите манири не се само естетика, тие се практична стратегија на отпор. Тие нè држат во рамките на рационалното однесување и сочувството, и не дозволуваат да нè водат реактивните чувства, кои најлесно се злоупотребуваат. Бидете ВИЕ тие што ќе дадете пример, не мора дури ни другите да видат. Направете го тоа пред сѐ за себе, Но, можеби, сепак, некој тоа ќе види, И потоа тоа ќе го види и некој друг кој не го имате предвид, и подоцна тој друг ќе го примени на некој трет...Така тоа почнува! (П.С. Кога е отворена оваа тема во 2011 година, луѓето веќе се жалеле дека „сега е полошо“. Петнаесет години подоцна, јасно е дека не само што околностите не се подобриле, туку станале и полоши. Денес, љубезноста и културното однесување, веќе не се опција, туку нужност.)
Пред 15 години ако е било лошо сега е крајно ненормално време. Не постои култура, почит, а убав збор нема шанси. Ова младината која треба да биде светла точка, иднина, тоа се накострешени, немаат почит кон никој посебно не кон постари. А и постарите, некогаш во мое време многу можеше да се научи од постар човек, без разлика на образование, животот им ги даваше лекциите. Сега од постарите ништо убаво не можеш ниту совет, ниту лекција. Живеам во маало каде претежно се постари, кога се вселив си реков колку мирни луѓе, после 4 години си велам ова овде е тотално лудило брате
Повеќе не постои правилно културно однесување придружено со имање манири. Сите гледаат да бидат фини со некој само додека тој некој им одговара, па го отфрлаат кога користа завршува. Повеќето гледаат да награбаат повеќе ствари од останатите.