1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Култ

Дискусија во 'Религија' започната од Plavusa.17, 13 април 2011.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Знаете ли што е тоа култ, упатени ли сте во тој психопатски проблем кој го загрозува нашето општество, ја знаете ли разликата меѓу култ и секта?
     
    На thatnorma му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ти ја знаеш?
     
  3. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Па да ја знаеше немаше да праша! :D
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не прашувам туку ја знам, затоа и ја отворив темава зошто многу се мешаат култовите и сектите. Значи вака:
    Култ е мала верска организација која се занимава со дрога, порно-криминал, ритуали најчесто со крв и жртвување, данок во крв и сл. сами си измислуваат правила најпознати се Црна Ружа кај нас и Даркерите (често се среќаваат на центар надвор, многу бели лица а секогаш во црно облечени и нашминкани со црно). Сектите учат од малку изменета Библија, кај нив нема хиерархија како во црквите и култовите туку тие се сите еднакви, целта им е да го заземат местото на црквата, се има случено некој да принесува жртви но тоа е многу ретко и многу култови се претставуваат како секти (на пр. кај мене на врата коа се избација Црна Ружа, патетични се.) и кај култовите ја пијат крвта од луѓето имаат убовано бебиња и имаат хиерархија главен Харизматичен лидер кој ги тера на секакви психопатски потези. :)
     
    На thatnorma му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Заборавив да напоменам, сектите имаат граница до каде одат и некои од работите ги гледаат според Библија односно кај нив сите се еднакви додека има работи кај некои секти кои ги прават без никакво размислување и логика, зависи каде како најпозната секта се Масоните уште одамна е тоа кои сметале дека можат да воспостават нов поредок во светот и да го контролираат како што сакаат така се измислени и створени болестите се смета дека тие ги створиле сите работи од кои човек може да умре за да воспостават поредок кој нив им одговара пр. Американци само. Кај нас секти најпознати се Јеховини Сведови и Армија на Спасот, а од култовите ги има многу, премногу кај нас се собираат во напуштени куќи кои ги изнајмуваат, ги има во влае се има таму случено немил настан и најпознати се Даркерите и Црна Ружа. Култовите одат по мотото дека човек треба да прави се што ќе посака а обично е забрането од било која религија, и дека религијата не треба да го спречува. Веруваат дека пиењето крв ги оживува им дава живост, волја за живот отн..Мораше да се отвори ваква тема зошто ова е болест на секое општество!
     
    На thatnorma му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Eпа нареден пат да дадеш ваков водед на тема, а не.. Дали сте глупи или ништо не знаете.
    Он: Не бев засегната со ова култов,ама религиска/верска сигурно не е.
    Не значи дека се што има приврзаници е вера.
    Но,во секој случај интересна работа.

    За Црна Ружа имам слушнато језиви работи и просто не ми се верува која ебана сатисфакција им е на тие луѓе.
    Нешто симболиката им била дека црната ружа било нешто смртта и животот,а како специфичен ритуал им е убивање на некој член од семејството на некој голем празник,како Велигден,Божиќ,Поклади итн.
    Исто така на тој што ќе му се паднела црната ружа ,требало да си го одземе животот,некои си грозни сексуални ритуали,отпревртени икони шознам ти јас.
    Ова од тоа што имам читано за овој култ.
    Во Битола најактивна беше во периодот 2007-2008,сега незнам како е.

    Но,дефинитивно се луѓе со психичко пореметување. Религија како религија настрана, никој не е должен да му пресудува на друг,па уште и невин.
    Ебаве испраните мозоци ебаве.
    http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2200&stID=20562

    Еве уште нешто за црна ружа.
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ама по дефиниција е мала верска организација (од социолошки аспект). Иначе така го пишав насловот на темата пошто читав во темата Секти многу работи кои уствари ги мислите на Култ а ги пишувате под Секта и многу не се замараат со ова и затоа и пишав дали знаете, зошто Култовите се кријат како такви се претставуваат најчесто како Секти..
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Работата е во тоа што Харизматичниот Лидер ги тера до такво психо-пореметување останатите членови под дејство на дрога најчесто ЛСД и ги убедува дека тие ќе воскреснат ``Па ако можел Исус зошто да не и тие?!`` ги убедува дека ќе се родат повторно дека во тој живот ќе живеат под свои услови и правила ги тера на сите забранети работи, што имало случај не знам каде точно мислам САД не знам ни колку луѓе точно ама имало масовно самоубиство што сите се самоубиле во истовреме а Харизматичниот Лидер наводно требал последен, си ги собрал стварите и си заминал ни трага ни глас, секогаш тоа истото го прават, а обично децата на членовите на Култот ги земаат уште од мали и постепено малку по малку ги воведуваат во нивните болни ритуали дел по дел децата гледаат се пострашни и пострашни работи родителите не се прашани туку со самото тоа наводно ќе ја покажеле лојалноста..Харизматичниот Лидер има убиено новороденче на жена-член и што се не праеле со телото понатаму (извинете ако се згрозивте но се има случено :( ) Жената и давале дроги за да го поднесе тоа.. не знам болни се,БОЛНИ
     
    На thatnorma му/ѝ се допаѓа ова.
  9. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    култ (cultus, colere одгледува, пoчитува) севкупност од ритуали, обреди посветени на некакво божество или човек. Во себе вклучуваат присуство на култни места , посебна група службеници, и група верници , а исто така правила кој го утврдуваат секојдневниот живот. Повеќето култови претпоставуваат принесување на жртви во името на вишите божества. Вака од прилика оди дефиницијата за култ. Како што се гледа нема апсолутно некаде споменато криминал дрога и незнам што. сите антички рекигии имаат свои култови пр. култ на митра, култ на зевс средновековни култ на водан, христијански култ на Исус, муслимански култ на Алах и.т.н. сакам да кажам треба да се прави разлика меѓу култ и секта. и различни видови на секти. А тоа дали тие се занимаваат со дрога или принесуваат човечки жртви мислам дека е сосема друга тема :)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Култ ( лат. cultus ) религиозни обреди, служење на некое божество;
    Секта ( лат. secta ) помала група на верници што се одвоила од главната верска заедница ( црквата )
    Иако и двете имаат исто значење, немаат некоја голема разлика.
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ова тема на социологија ја работиме веќе повеќе часови прво и мене ми беше чудно и не можев да сфатам но разлика има огромна, а по дефиниција кажав и погоре култот е мала верска организација која се занимава со дрога,порно-криминал,убиства (самоубиства) итн.
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Харизматичен лидер ftw??!!!
    Мене сега Бред Пит да ми се појави и да ми рече "Земи ќерко ЛСД, да те просветлам" мислиш ќе земам?
    Само болен и лесно манипулативен ум може да потпадне на некоја си убавина за да земе дрога, поготово ЛСД.
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Харизматичен Лидер се вика стручно да :worried: инаку да, болни се и лесно манипулативни тоа си е факт а и ЛСД-то им предизвикува страшни халуцинации и тоа ги прави уште поманипулативни знам најчесто во странство Харзматичниот Лидер ги носи на врв на зграда кај што вршат не знам ти какви ритуали и потоа им вели дека ако скокнат од неа ќе летаат, во друга култна организација има викано друг лидер дека ќе воскреснат нели демек ``ако можел Исус, ќе можеле и тие`` ДЕМЕК да се родат пак и така целовреме ќе умирале, ќе се оживувале и затоа и пијат крв од што мислат дека ги враќа во живот :sweat: . Не се свесни тогаш и тоа тој го искористува, неговите зборови им звонат во глава, иако тоа ги поттикнува само на ептен страшни потези, останатите болни потези си ги праат од што се психопати не им треба дрога и сл. си го праат тоа они и онака, самото тоа што се членови на Култ си кажува :x
     
  14. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Страшно, пак тој што ги наведува на тоа го нарекуваат Харизматичен лидер(извинете ама ова ме изнасмеа :lol: ) аман бе да убијат новороденче па полицијата ништо не прави?! Тие работи треба да се забранат со закон бидејќи се гледаат последиците навистина болно, ги дрогираат ги убиваат и прават порно криминал?! Е ова последново претеризам...
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е ајде де, и тоа ова се случаите за кои отпосле открила полицијата, а знам исто една грда случка ама одвратна е не би да ја споделувам тука :| замисли уште којзнае колку други работи имало за кои ние обичниве луѓе ништо не знаеме :sweat: :worried: :worried: :worried: :worried:
     
  16. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Да, навистина страшно... Еј а можеш да ја кажеш случката? Се заинтересирав сега :$
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Погадна и од српски филм?
     
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Култ е религија или религиозна секта која најчесто се смета дека е екстремистичка или лажна и нејзините следбеници често живеат на неконвенционален начин под водство на авторитативен и харизматичен водич. Култот исто така може да се дефинира и како опсесивна, особено пребирлива предаденост или почит кон некоја личност или принцип. Се занимава, главно, со проблемите на индивидуата, како што е болеста, оттуѓеноста и сл. Религиозните чувства кај култот се изразуваат преку поегзотични ритуали од оние на другите религиозни облици. Добар пример за култот е сатанизмот.


    Работата на тајните култови стана особено интересна за јавноста, благодарејќи на „делото“ на еден човек – „пречесниот“ Џим Џоунс. Името кое ја смрзнува крвта на секој кој е малку познавач на оваа тематика. Се работи за човекот кој е одговорен за најголемото ритуално (само)убиство во поновата историја. Масакрот во Џоунстаун се уште никој не го натфрлил. Секако, многумина се обиделе и се уште се обидуваат. Џим Џоунс од секогаш имал болна желба да владее и да контролира со луѓето. Почнал како проповедник во Црквата на Христовите ученици, но набргу почнал да измислува нови догми и заводливи проповеди со цел да создаде сопствен култ на личноста. Набргу стекнал доволен број на фанови и одлучил да основа своја Црква. Во 1953 година има доволно следбеници, околу 1000, кои редовно ги посетувале неговите проповеди и го следеле насекаде. Од 1967 до 1971, на своите следбеници им проповеда за нуклеарниот холокауст кој следи и од кој мора д асе тргнат. Тогаш ја преместува Црквата од Индијана во Калифорнија (која по се изгледа е Мека за религиозни експерименти) и и дава име Храм на Народот. За вратоломниот успех на „пречесниот“ доволно зборува фактот дека успева да влезе во круговите на самиот политичко-финансиски врв во Калифорнија. Многу бил популарен и влијателен меѓу либералните политичари кои се претркувале да се сликаат со него на неговите проповеди и приредби. Меѓу неговите следбеници доминирале сиромашни слоеви и етнички малцинства, најмногу Афроамериканци. „Пречесниот“ се потрудил оној кој не е сиромашен, набргу тоа и да постане. Многумина ги продаваат своите земјишта и парите ги вложуваат во Храмот на Народот, кој средствата ги користи во своите добронамерни акции. Гувернерот на Калифорнија Џери Браун редовно се појавувал во јавноста со својот пријател Џоунс, и секој кој мислел дека е „некој“ се обидувал да се појавува во јавност со „пречесниот“. Оваа фама почнала да ги интересира новинарите и независните истражувачи, па Џоунс доаѓа под нивната лупа. Тие набргу ги откриваат сите негови лудости и лаги, како и низ финансиски проневери и дупки во општествено-политичкото делување на Храмот на Народот. Гувернерот ги отфла овие обвиненија и сомнежи нарекувајќи го тоа „посрамотување на името на угледниот пречесен Џоунс“. Сепак, недвосмислените и неуништливи докази, ќе го натераат Џоунс да се отсели од земјата. Купува неколку десетици хектари во Гвајана и ги повикува најверните негови 1000 следбеници да го пратат на „божјата мисија“. Го оснива градот Џоунстаун, далеку од очите на јавноста, каде тој е апсолутен господар. Гратчето е опколено со висока ограда и го чувале наоружани стражари. Во 1977 се раѓаат и првите деца, а градот функционира сам за себе, луѓето живеат во комуни, секој има некаква работа, а „пречесниот“ седи на трон и командува. Пролетта 1978 година, роднините на луѓето кои живеат во Џоунстаун, се обидуваат да ја алармираат американската јавност дека долу во џунглата се случуваат разни незаконски работи. Луѓето се изолирани и затворени против своја волја. Му робуваат на Џоунс и живеат во нехумани услови.

    Конгресот на САД одлучува да испрати инспекција која ја предводи сенаторот Лео Рајан. Заедно со екипи на новинари на 17 Ноември 1978 стигаат во Џоунстаун, каде Џоунс ги повел во обиколка на своето мало царство кое претходно го „нашминкал“ а побунетите ги замолчил. До Рајан сепак успеваат да дојдат повиците на помош и тој одлучува итно да се врати во САД и да ги извести надлежните. Џоунс се обидел да прикаже се дека е недоразбирање и да го убеди сенаторот да го смени мислењето. Кога сето тоа не му успеало, им наредил на своите луѓе да го убијат сенаторот и сите новинари. Било тоа почеток на крајот..

    Неколку часа подоцна го собира своето стадо од 1000 жители и им држи проповед дека Бог ги одбрал за својата последна, специјална мисија. Ќе постанат маченици и херои ако со него отидат во „револуционерна смрт“. Прво се усмртени најмладите. На оние кои биле премали за да го испијат сами, отровот им бил вбризгуван со шприцеви и пипети во устата. Останатите пиеле пунч со цијанид. Сигурно е дека повеќето го испиле отровот своеволно, меѓутоа пронајдени се околу 200 тела со смртоносни рани со огнено оружје, па е сосема сигурно дека овие луѓе се убиени. Конечен биланс на масакрот во Џоунстаун: 913 мртви, меѓу кои и „пречесниот“ Џим Џоунс.

    Слична трагедија се случила и во 1993 година во гратчето Весо, Тексас. Таму сектатата на давидијанците, предводена од „светиот“ Давид Кореш ги одбиле федералците да влезат во нивната комуна. 71 луѓе изгореле во пожарот кој давидијанците го предизвикале кога агентите на АТФ најавиле дефинитивно влегување на фармата.

    Во 1995 година на Француските Алпи, шеснаесет припадници на Храмот на Сонцето извршиле ритуално (само)запалување. Истрагата утврдила дека сепак се работи за убиство, бидејќи повеќето од телата (вклучувајќи и три мали деца) имале прострелни рани. Храмот на Сонцето е виновен за смртта на околу 60 лица во ритуалните самоубиства во Европа и Канада, извршени од 1994-1997.

    Од неколку десетици, а можеби и стотици илјади верски групи кои делуваат на оваа планета, има такви кои се издвојуваат првенствено со својот идиотизам и чудесност.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Хахаха ме насмеа, гадна е грозна :lol:
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вака било,во некое село не го запамтив името во Македонијава имало куќа во која никој не живеел значи напуштена и овие припаднициве на Култот се распрашувале по цело село дали е под нечија сопственост и никој не знаел а и да знаел не кажал зошто изгледале многу страшно изјавиле на полицијата отпосле и тие толку им треба пресреќни се вселиле (како што кажуваат селаните). Секоја вечер не можеле да спијат свирела гласна музика некоја многу чудна, морбидна на децата селанчиња им било страв, се дереле викале нешто (уха-хуха некои нивни извици што значи изведувале ритуали пиштеле испуштале некои крици и не знам ти што). Секоја вечер излегувало чад и многу гаден мирис ама стварно гаден и куќата била цела темна само некои прозорци светеле во многу чудна светлина како само свеќи да светат и ништо друго. И селаните се плашеле не им давале на децата од дома да излагаат а постарите на поминување потзастанувале пред куќата се чуделе и овие психопативе изгледа приметиле дека се тема на разговор и почнале да си ги спремаат стварите да си одат иедна вечер излегувал многу гаден мирис селаниве не издржале викнале полиција од страв и кога дошла полицијата упаднала насилнои немало ништо освен темни скинати наметки, палени писма, горени свеќи, шишиња празни и на средина када полна со измет..(извинете, ми отиде и мене ручекот ако нешто ве теши :worried: ) пребарувале сегде немало ништо никој повеќе не ги видел тие чудаци и почнале да се распрашуваат и дознале дека постои и таков Култ не знам како беше конкретното име и дека за да се зачлениш мораш да се избањаш во таа када и да дадеш од својата крв.. одвратно!И од тогаш па навака никој ги нема видено ниту таква случка, а во Влае исто имале приметено соседите кај куќите што се тоа порано како се случуваат чудни работи од чудни луѓе но никој ништо не пријавил,исто и во Визбегово ама ништо од тоа.. не знам како може вакви работи да се случуваат во нашава земја :( :x :puke: